Девојко, не зборувам за него. Зборувам за мене. Јас ќе бидам таа што ќе се оддалечи и ќе раскине. Јас сама не сакам врска и брак каде нема близина и комуникација. Јас сама не би била со партнер кој повеќе е на работа отколку дома.
Можеби не е за тебе, али кога има љубов и кога се сака се наоѓа решение за се. Замисли како им е на камионџиите или на оние кои морале да заминат во странство за да обезбедат подобра иднина за семејството.
Епа тогаш ти си знаеш, мајками пример е докторка оде трети смени некогаш не ја гледаме со денови, дежурства, не би се откажала од кариерата на толку години учење а и за пари, тие пари за нас ги троше.. И не ми сметаше секој си има време за себе и пак сме биле блиски, повици, пораки.. Таа твоја приказна е за наивни млади мајки кои се откажуваат од се за да родат дете.
Боже господе зошто зборуваш на памет? Не де откажувам од се за да седам дома, јас веќе работам. Само имам опција за друга работа. Што не ти е јасно? Јас секако ќе родам дете, само тоа дете треба некој да го гледа. Не планирам да го родам и да и го дадам на мајка ми а јас да терам живот.
Ја би избрала кариера затоа што утре никој нема да ми рече фала за жртвувањето. Не сум материјалист ама од љубов не се живее само а едноставно дојде време секој да си гледа за себе. Ама тоа сум јас.
Ама јас не би сакала да го поминам животот сама засекогаш. Бидејќи познавам мнооогу луѓе што работат истото и се по 35-40-45 години и немаат ниту жени/мажи ниту деца. Само работа имаат и кариера, ништо повеќе. Едноставно немаат време да запознаат некого, да стапат во брак и да градат фамилија.
Види, да не го пишеше условот за 10 години и јас ќе ти пишав да за кариера, но самото тоа што ќе бидеш врзана за едно работно место долг период е ужас, а случајно да не ти се погоди позицијата или било каква околност околу неа ти нема да можеш да излезеш од таа ситуација. Еве љубовта на страна, што ако за година, две, три или пет ти излезе некоја ептен добра можност за работа, ти не ќе можеш ниту да размислиш затоа што не ќе можеш да си дадеш отказ. Друга неповолност се долгите часови поминати на работа. Ти рече сакаш и време и за љубов, и за пријатели... Тоа ќе го немаш не заради времето само, туку и заради тоа што ќе бидеш исцрпена од работата. Да не ти е условот за толку долг отказ би ти рекла да пробаш и да видиш како ќе ти оди, но ова ми стои како стапица, дури мислам дека е и незаконски.
А кариерава стварно ли ти носи толкав напредок и финансиски и во поглед на унапредувања? Искрено, вака како што опиша...многу тешко издржливо ми се чини.
Чим толку се двоумиш а веке си имаш една работа тогаш ич не ја прифаќај другата работа . За животот твој едино ти си гледаш како ти одговара.
Ако си сигурна во партнерот тогаш избери опција љубов, значи само ако си сигурна, ако не си... Тука има проблем. Ако би го избрала партнерот само од страв да не си сама, треба да размислиш, убаво, многу убаво, сепак се работи за твојата иднина. Јас знам дека го сакаш и ти посакувам многу среќа што и да одлучиш па наскоро да споделиш убави вести тука. Нашите одговори тука се небитни, како ти одговара, така. Паметна си, сигурна сум дека ќе донесеш вистинска одлука.
Искрено не е нешто уау платата, ама е висока овде за мк. Немам шанси за напредок, ама имам сигурност со решение. Тоа ми е единствена предност. Но премногу ме кочи фактот што секој ден ќе сум по 12 часа на работа и често пати надвор од дома со денови... ти благодарам за советот Аххх точаче ти благодарам многу. Ја знаеш убаво ситуацијата ти... ти благодарам многу за мислењето и советот. На крај јас не сум човек кој е лаком за пари и кариера, а спротивно од тоа да немам време за мене и никој. Јас сакам слободно време за мене, за љубов, за фамилијата и пријателите. Сакам да патувам, да се дружам и да бидам во љубов со животот. Не сакам животот да ми е сив работа-дома-работа и толку. Ви благодарам на сите за советите, ќе размислам уште малку, но мислам дека знам што ќе одлучам.
Се надевам не доцнам со советов, но еве како гледам јас на работите: 1. 10 години се многу да се врзеш за една работа, се се случува во животот, преголемо ограничување е ова 2. Платата може е висока и вреди, но вреди и твојот живот, вреди да доживееш убави моменти, не пола ден да си исцрпена на работа 3. Очигледно сакаш да оформиш семејство (те поддржувам и се сложувам), нема шанса да можеш 100% да се посветиш, не си робот 4. И сама велиш дека и партнерот се жртвува за да има време, а очигледно убаво и ви функционира врската, нели си спомнала дека си пред брак. Ете јас не би ризикувала да изгубам животен партнер за пари. Мојот совет е љубов. Моето мислење е ова, не мора да биде точно ни правилно ама јас би направила така.
Ај ваљда и мојто мислење ке е добредојдено Самата си кажа дека имаш моментално своја работа а оваа другата опција ти е за повеке пари. Но шо ке ти се пари кога нема со кој да ги шотрошиш? самата кажа дека си романтичар. А 10 години да работиш напорно вклучува стрес и недај боже други здравствени проблеми. Шо ке ти е таа работа кога на крај краева ке оди половина за лекови (велам недај боже). Според менеЉубовта е побитна. Ако тој те сака верувај имаш многу што некои девојки го немаат. Ти си одлучи ние овде сме скроз небитни посебно мојот одговор. Што и да одбереш ти посакувам многу среќа.
Како да го убедам да се шетаме кога него не му се шета, не е ден, недела, месец, цел живот е таков, не му се шета нигде, а мене ми се шета, и не е финансиски проблем во прашање, едноставно не сака, цел живот ли да го убедувам по 1 месец за два дена во Охрид да одиме треба..
Едно големо не, зошто би се мачела 12 часа да работиш и да ја оставиш љубовта? Цели 12 часа и тоа десет години, премногу се. А и ова ќе ти биде ново работно место, не знаеш дали и воопшто ќе ти одговара.
Има некои луѓе се такви нема што да направиш за да ги убедиш и да разговараш пак ќе биде истиот, нема да се смени нешто премногу. Не сакам да мислам дека не сака да те покаже пред другите, со другарите излегува или општо таков си е дечкото?
Таков е, неќе луѓе, неќе гужва, галама, неќе шетање, неќе промена, не е многу комункативен.. А мене ми се шета, многу ми се шета..
Те разбирам, разговарај со него и објасни му ја ситуацијата убаво во четири очи. Мора да те разбере барем два пати во месецот да одите некаде. Некогаш можеш да купиш карти за двајцата за кино, театар, концерт, одмор, да резервираш некаде и да го изненадиш, и ќе нема што да прави освен да прифати.
Па разговарај со него и кажи му што мислиш и дека ете тоа е барање и очекување кое ти го имаш од него. Не мора да има луѓе, ни гужва, секогаш може да најдете негде да одите само вие двајца и да нема гужва, ни галама ни ништо а пак да бидете заедно. Тоа е добар компромис, бидете надвор но најдете мирни и тивки места.