1. Ќе му кажеш јасно и гласно убаво имам дечко кога ќе те праша нешто што би ти било незгодно да одговориш. Ако ти додева, одбегнувај го, имам работа, излегувам да телефонирам, одам да ја поправам шминката, одам до тоалет итн. 2. Ќе испаднеш крива, ако и кажеш дека не ти се допаѓа дечкото. А за излегувањето одложувај, дечко ти има обврска ај следна недела, па следната недела пак истото и така. Сепак другарка ти е, ако и кажеш во лице најверојатно ќе се навреди.
За спојлерот 2. Јас никогаш не се мешам во изборот на другарките и да не ми се допаѓа, ќе ја потпрашам некогаш како се однесува кон неа и ако не е добро тогаш ќе и спомнам нешто индиректно. Но, само од видување(како твоето) не можам да и се мешам а и не сакам. Доволно е возрасна сама да си одлучи. Од мене секогаш ќе добие поддршка и ќе бидам за неа ако ја повреди, и важно е да не е и 'набиваш' на нос дека си знаела или слично ако дојде до такво нешто.
Дечки здраво со дечкоми се скаравме вчера не поради некоја многу сериозна работа меѓутоа во моментот бев сварно многу изнервирана и разочарана. Значи едноставно одсекогаш тој што ќе стане прв му пишува на друѓиот бидејки сме во врска на далечина ситуацијава е доста потешка. Вчера прв пат од кога сме заедно станал пред мене и ништо не ми ни пишал. Му пишав јас прва зашто воопшто ништо ми нема пишано и на тоа добив одговор „онака“ потоа го прашав што е проблемот и на тоа ми кажа „па само што станав и јас“. Исто така видов на тикток ми пратил некое видео и тоа во 12 сабајлето а јас му имав пишано одприлика накај 14:30, и за тоа го прашав му викам како сега имаш станато кога види од кога ми имаш пратено видео ми се насмеа и ми кажа само „знам по грешка беше“. Тука немав више за што да се нервирам и му кажав да ме заборави прво се противеше ама од кога му кажав дека не ми треба некој што ме лаже за без врска ми ја лајкна пораката и толку гледам ми пракал пак некој видеа на тикток ама вака да пише да се извини барем ништо. Каков совет би ми дале вие женски многу детска причина е знам ама па за беѕ везе ме лаже. Фала ви однапред.
Не знам колку години имате или колку долго се знаете, ама ами падна у очи делот дека сте се искарале доста. И наместо да проба да даде одговор на твоето прашање, нешто што било да каже (дечково не дава ни cheap excuse), праќа тик ток видеа??? И лајка порака дека треба да раскинете. Си има проблем со изразување или не е сериозен. Несфатливи ми се тие луѓе и според мене не треба ни да му враќаш на ова однесување.
Здраво дечки, ми треба совет. Во врска сум веќе 3 месеци, а дечкото го знам 5 месеци. Инаку имам 17 години, ќе ќажете мала сум ама стварно ми е многу тешко во моментот. Кога ме праша за врска прифатив, не знам зошто. Видете, мене ми се свиѓа како личност, стварно е предобар, фин, културен, ама едноставно не сум in love. Не знам што да правам, а тој толку ме сака, му се гледа во очитр колку ме сака, сите ми имаат кажано преубаво те гледа ова она. Секој ден имам порака од типот те сакам најмногу, се си ми, ми фалиш, сакам цело време да сум со тебе... А во живо илјада пати на ден ќе ми каже дека ме сака. Знаете што е најлошо, и јас му возвраќам. И јас ќе му речам те сакам. А тоа боли. Не знам едноставно како да се справам. Не го сакам, не сум заљубена во него, а би сакала да ми биде пријател, најдобар пријател. Друг проблем е тоа што сум многу анксиозна личност. Ако му раскинам тоа ќе ме копка цел живот, нема да можам да спијам, буквално ќе се проколнувам самата себе. А замислете тој постојано ми вели ако го оставам не зне што ќе прави, како ќе живее, некад ми вика ќе земам моторот па ќе удрам во некој ѕид. Е сега дали на шала го мисли тоа незнам. Само знам дека е лудо заљубен во мене. А јас сум беспомошна, ми се плаче, не знам како да постапам а да не го повредам. За било каков совет би била преблагодарна
Здраво срцка, па вака мислам дека треба да искочиш со дечково и да му кажеш све како што чувствуваш и како што мислиш според мене така би било најдобро барем ќе ти олесни од една страна што нема да мораш како со сила да ми го каживаш тоа “те сакам” вака само од внатре ќе си се јадеш од ефна страна и грижа на совест ќе си имаш зборувај со него и кажиму дека сакате да останете пријатели верувај многу полесно ќе ти биде и тебе а верувам и на него после некое време може на почетокот ќе му биде многу тешко чим викаш дека многу се има заљубено ама подобро вака. Ти посакувам многу среќа понатаму.
Типов ми звучи малку манипулативен. Веројатно е свесен дека ти не го сакаш како он што те сака тебе (или како што вели дека те сака тебе). Воопшто не е во ред тоа што ти вика дека ако го оставиш не знае што ќе прави, океј е да ти искажува љубов, ама 1000 пати на ден е претерано. Веројатно знае и дека не сакаш никој да повредиш, па така сака да се осигура дека нема да го оставиш. Во секој случај доколку не си заљубена во него, нема зошто да ја продолжиш врската. Можеш да му кажеш и дека сакаш да останете пријатели ама доколку е многу заљубен во тебе можеби ќе биде подобро и за него и за тебе да се оддалечите. И за во иднина, никогаш немој да се извинуваш за тоа како се чуствуваш.
Вака се повредуваш и себеси, а и него. Мораш да собереш храброст и да му кажеш, колку порано ставиш крај и не одолговлекуваш подобро и за тебе и за него.
Че живеј како и пред тебе така и после тебе. Не паѓајте на овие фори, ова се само мекушлаи мажи, мала си че се изразев на лаички начин. Да му кажиш дека сакате да останите пријатели, ан е сакаш врска ама сметај ваљда че те труја да бидите сеуште во врска и никош нема да бидите пријатели.
Имаш голем проблем со однесувањето имав и јас една бивша вака како тебе насекое сакаше секое утро задолжително слушање на телефон, ми звонеше по 10 пати во текот на денот и сакаше да знае во секој момент каде сум, со кого, кога излегувам од дома, кога се прибирам едноставно не ме оставаше на мир и од сенешто знаеше да прави жолчни расправии и избувнуваше за ситници. Премногу си посесивна и го гушиш партнерот ако продолжиш вака не само со овај дечко туку и со секој нареден ќе имаш проблем мораш да поработиш на себе и на однесувањето. Среќно
Оти го напрајвте виновно девојчето кога само го праша зошто не пишал, ако претходно биле договорени да си пишуваат? Шо се прајте на три и пол, бидете малце принципиелни. Па тој уште и опина, не доликува на дечко вакво однесување.
Да ама проблемот е што и он го сака истото од мене секој момент каде сум со кого сум што правам како правам па праќање на слики како доказ се едни од причините за расправиите помеѓу нас. 20 минути да ме нема еве на пример да сум јадела или нешто одма лажам одна не е така почнува со понашање и со карање а него кога го нема со саати кога е искочен е све као океј. Многу го сакам и ептен ме болат некој работи затоа и избувнувам за толку мали причини.
Уфф која токсична врска имате вие страшно а најлошо е што изгледа и двајцата сте такви и се кошкате насекое во врската кој каде бил и зошто не кренал на време на телефон. Ужас го минав еднаш ова и нема полошо нешто од ваква врска. Или ќе работите заедно за надминување на проблемот и ќе се усогласите некако со карактерот или ваква врска тешко гледам дека ќе опстои во иднина.
Далечината не е изговор да те напнува некој 24/7 со повици, да се лути дека не си кренала на време па уште да бара доказ слика дека не го лажеш дека си некаде сето ова е доста симптоматично однесување од негова страна. Доколку не си и ти иста како него би требало да се запрашаш дали ти е во ред да бидеш во една ваква врска да си на штрек цело време да не избувне или се налути за нешто. Ова на се личи само на здрава врска не.
Ве молам во ЛП да ми пишете тие кои имате долга врска или сте веќе во брак. Навистина ќе ми значе совет...
Ништо нема да направи, не паѓај на манипулации. Биди искрена со него и стави крај. И заради себе и заради него.