Love bombing на почеток од врска е red flag! Нема ни да го засакаш ако те напнува така цело време. Заљубен во тебе за 3 месеци не може да биде, уште помалку пак лудо. Реши сега пред да стани сериозна работата.
Лепотани. Се будам утрово, косата ужас, веќе доцнам и си викам заеби брат,ќе ја испеглам,каква е таква е, шминка минимална, ќе одам шо е можно природна, ако не му се допаѓам ваква, не ме заслужува. Преубаво си поминав, типот прав џентлмен, втор дејт ќе има. Воопшто не згрешив.
Сите тука ти стискаме палци ова да прерасне во нешто убаво и значајно. Пиши впечатоци и од следниот дејт
Дали некој кој што е во долга врска со години, има намален сексуален однос, се поретко и поретко? Што би направиле во таа ситуација? Инаку имам 21 година, со дечкоми сме 5 години заедно.
20 години и 4 годишна врска Не ми пречи, искрено и не уживам многу. Некој ќе рече нема добра врска без сексуални односи. Да, битно е и тоа, но според мене не е неопходно. На пример (од оправдани причини) немавме односи 5 месеци и јас не осетив никаква потреба. Е сега мислам дека многу зависи до самата личност. Ако тебе тоа ти претставува проблем, те советувам отворено да разговараш на таа тема.
Еве јас со мојот, 3 год и 6 месеци сме заедно, можеби е намален, ама незначително, бидејќи на некој начин и двајцата имаме high sex drive и правиме лудории многу често. Зависи и до периодите, стрес, начин на живот итн. Сè зависи до вас и самата врска. Ако не си задоволна и те загрижува тоа, направи си муабет со отворени карти
Здраво девојки, Ве читам долго и конечно дојде време и јас да барам помош и совет тука. Замолувам доколку има некоја со долгогодишни врски искуства и е во можност да поразговара подолго со мене да и пишам или да ми пише по порака.Искрено, не се чувствувам толку слободно да пишувам овде.
Се најдов у муабет со колешка... Се гледа со еден тип некое време, меѓутоа низ разговор го прашала на што се, решила да биде отворена. Типов и викал не знам што чувствувам за тебе, кога ќе знам ќе ти кажам при што одлучила да се дистанцира од него бидејќи и е губење време па му дала до знаење кога ќе знае да и каже. Типов нервозен поради некои други работи се однесува ладно со неа. Дали постапила правилно?
Да, ради тоа што голема е веројатноста да знае што чувствува за неа т.е да ја гледа повеќе само за забава. Нека се однесува и она ладно и нека се оддалечи.
Исто мислам. Многу ме нервираат луѓе кои се несигурни у чувствата, а се вадат поради други проблеми дека не знаат што осеќаат за личноста. Waste of time.
Секоја особа уште на првиот дејт знае дали сака нешто сериозно со таа личност или не, нема што многу да се размислува.
Моево мислење ќе биде скроз небитно пошто гледам дека веќе си донела одлука но сепак сакам да го кажам да читаат и другите. Јас работам неколку години во приватен сектор, поголем дел од времето по минимум 12 сати. Имало месеци кога сум работела последователно по 15 сати, а утрото сум пак на работа. Плус да додадам дека работата ми е цело време на нозе, сум била гладна, сум имала потреба за во вц… Сум жртвувала социјален живот, дечко, другарки и се што прави една нормална млада особа на 20 години за да работам а со тоа му правам услуга само на газдата. Да, точно е сум била платена но од оваа гледна точка гледам дека било џабе! Тие 3000-5000 денари плус, ич не ми требаат. Тоа го сфатив сега, кога видов какво благодарам добивам за возврат но не е тоа темата сега. Се изморив психички, видов дека во животот мора да се има баланс меѓу работа и социјален живот. Од мое искуство можам да ти потврдам дека воопшто не се благодарни на твојата пожртвуваност, напротив мислат дека ти направиле услуга со тоа што те вработиле. Никогаш повеќе не би работела по 12 сати, не заради дечко туку заради себе! Последиците се долготрајни.
Ako soberam malce sila bi napisali,edno može da kažam samo Sega za Sega ne se zenam niti la ke se zaljubam nekoga prv i poaledwn pat
Здраво девојки. Летово на одмор се запознав случајно со еден дечко, испадна дека сме од ист град, но е многу помал од мене иако на изглед изгледа постаро. Ми се допадна многу уште во првиот момент, но кога слушнав колку години има си викам ништо Разменивме инста и он секој ден беше многу упорен, ми пишуваше, инсистираше да излеземе и почнавме да излегуваме. Постојано сме заедно, никогаш не официјализиравме, но функционираме како во врска. Јас до сега имав две сериозни врски во животот кои беа прилично токсични и некако немав надеж дека повторно би пронашла некој и би сакала да бидам во врска, но со дечково ми е преубаво, многу го засакав, а знам дека и он мене, Но како што кажав многу е помлад од мене и мислам дека нема иднина, дека не би успеало. Можеби ке звучам без везе, но он тек сега треба да "живее" да шета, да работи, да менува девојки, а јас веќе се тоа сум изнаживеала и би било нормално веќе да створам и фамилија.. Размислувам на се, што би кажале и неговата фамилија, што ако ме остави за некоја негова возраст и стварно не знам што да правам. Дали да се повлечам од него.. Инаку он има 22, а јас 28 Совет, што мислите дека е најдобро во ваква ситуација?
Па и не сте некоја голема разлика, не се оптеретувај без врска.Знам парови со поголема разлика па функционираат одлично.
Кола и жена на к'смет, маж и куче како ги научиш Зафрканцијата на страна, ако се сакате, дај и шанса на врската. Не мора да значи дека е 22 и не е зрел, зрелоста доаѓа со маките со кои сме се соочиле, не со годините. Со среќа!
Колега и колешка од работа пред 2 дена се верија. Таја 36 тој 28. Умре то време кога се гледаја годините.