успеваше добро да ме лаже За тиндер профилот знаев и ми викаше дека не го користи(не знам дали го користела) Сликата на инстаграм беше после 6 месеци заедно, после кавгата ми се закануваше дека ке напрае нешто шо ке бидам повреден, во тој момент и раскинав ама продолживме да контактираме. После 3 дена без контакт, одма се договорила да излезе со тој, и некако преминав преку тоа пошто ме убеди дека ништо не правела. А за после 2 дена била договорена со јебач да спие кај него 2 дена, ама како би знаел
Заради вакви дешавки како онаа на @Purelove92 никогаш не сум сакала на заем од дечко дали во тешки моменти и слично. Ебати "помошта" ако подоцна сето тоа ми го набива на нос. Девојко, не знам како, дали ќе бараш помош од родителите, не знам што...најди начин да му ги вратиш парите и бегај од човек што ти го вади ова на нос, и ти прави да се чувствувам непријатно. Кога веќе се решил да ти помогне, нека остане на тоа, нема потреба од разни глупости од негова страна... Бегај, најсериозно. Себичен е.
Брат исплачи се че те изнаслушаме, ама немој да се вратиш кај оваа, освен ако сакаш секс ама ќе оболиш психички оти никогаш нема да ја добиеш љубовта што ја посакуваш и идеализираш. Не викам дека таа е во ред тоа што го прави, вака ко шо ја прикажуваш ми делува на апла сомнителни принципи и вредности и гнасен морал. Ама тоа е тоа оди животот понатаму.
Напротив, нека се врати. Нека добие уште 2 - 3 пати рогови, нека го изеде до крај, после тоа ке му дојде памет и ке стане маж. и друг пат да си знае, без емоции
Го фатив на лага во живо. Му раскинав и нема да му се вратам, но луѓе уште сум во толкав шок шо имам тахикардија уште од моментот кога го фатив на лага. Почнав да се плашам за сопственото здравје. Хелп
Каква лага? Неверство? Објасни за да можеме да ти помогнеме. Инаку лажго, подобро на време во врска што си го видела отколку во брак.
Спојлер Ошол в казино...и уште 10ина пати пред да го фатам вчера како се крие од мене. Едит: моментален проблем ми е шо од вчера од моментот кога го фатив во лага имам многу забрзан пулс, шо дури ми се фати левото рамо. Сега не ми чука срцето толку брзо но уште ми трни рамото. Да одам на брза помош?
Лош порок, стој подалеку од таков човек, со коцкари не треба човек работа да си има. Плачи, тажи, дај си време ама долгорочно ќе ти биде мило што си се спасила од таков. Со такви луѓе дом, среќа и фамилија не се гради. Инаку веројатно ти е само од паника и стрес, дај си време да се смириш. Во брза помош ќе ти дадат само нешто за смирување..
Подалеку од такво проклетство. Се започнува како игра и забава, на крај и душата ќе си ја прокоцка. Ќе се смириш, нормално е од стрес си имала високи откуцаи. Одмарај се денес.
Релаксирај се колку можеш, може земи и нешто превентивно за смирување, дај си себе простор да се исплачеш, проживеј го ова, тагувај колку што ти треба и после тоа главата горе. Ќе видиш дека кога ќе помине време ќе ти е мило што си открила. Замисли да не дознаеше. Би сакала ли твоите деца да имаат таков родител за пример? Би сакала ли некогаш да заглавиш во долгови заради туѓи пороци? Ќе најдеш некој достоен за себе, со правилни животни сфаќања што ти одговараат и тебе. Ќе сакаш пак.
@sj *O* Ај што одел по казина па и те лажел,не еднаш туку повеќе пати. Бегај додека не те повлече и тебе по тие патишта.