Ја мислам дека си му покажала дека си затрескана и сега он глуми нешо.Сврти му малку грб и ке видиш дали му е до тебе. А и тоа понашањето мене лично не ми се допаѓа никако, зборам за примерите горе што ги имаш пишано.Вистинско не е
Човеков вришти од црвени знамиња а исто и другарка ти. Му се допаѓаш но се однесува како дете. Тоа e работа број 1 што ме нервира кај мажите, глумат нешто а после плачат и се жалат, веднаш штом видам вакво однесување бегам, немам ниту време ниту нерви да се замарам со вакви работи. Подобро отвори ги картите и биди искрена со него или сврти му грб и следи му реакција, но јас реално би ставила точка. Другарка ти да ти била другарка нема да дозволи да ја молиш туку ќе ти кажела веднаш. Мислам, 2 месеци го познава него, тебе 4 години. Ич нефер од нејзина страна но во ред.
А зошто мислите дека на село само кокошки се бркаат, не ми е многу јасно. Како демек луѓето во село не знаат да живеат, само на животните мислат и немаат услови како тие во град. Конкретно совет за девојката, зависи какви ти се преференциите, зависи колку време сте во врска, дали планирате да останете во вонбрачна заедница па од тој аспект мислиш на селење или едноставно сакате да поминете на нова етапа од врската. Живеењето во село или град е најмалку битно во моментот живеење заедно. Јас пример душа давам сега да можам да се преселам во куќата на баба ми и дедо ми на село, имаат мала куќа со огромен двор, опкружени со природа, бавча, некоја животинка, мир, раат, секогаш кога сум таму ме обзема спокој, на 20 мин се од градот така да што и да им треба од таму за брзо се набавува, а и во селото имаат маркет, доктор, кафичи, пазарче… ништо различно од помал град. Е сега има и сека кои се ептен стари и не се баш за живеење ама има и села кои нудат каде каде подобри услови од град. Како што реков се зависи од тоа што ти преферираш во животот, напеави го изборот базирано на тоа, за да не се фрустрираш натаму.
Retko koe selo go ima toa shto ti go nabroi, barem tuka...vo Mkd, gledame deka ima golemo iseluvanje I od nekoi gradovi...a ne pa sela... Jas znam primer, koga vrnelo mnogu..da nemaat struja I po 3 4 dena, moze I poveke.
Јас не знам таков пример, а потекнувам од село, моите се од село, бабите ми живеат на село, имам другарки од село, никој не живее нешто поразлично од мене, дури и посмирено и порелаксирано. А иселувањето од државава не е од причина што живеат на село. Патем кога има невреме и ние во градот може да се деси да немаме струја, интернет, вода…
Долго време ми збори за свадба и запросување. Ми кажува каква свадба сакал, предлози, место, гости. Ми кажува едвај чека да живееме заедно, планови за спална и други работи. Сето ова трае веќе 5 месеци. Ме изнервира што само збори а нема акции, го прашав кога планира и ми кажа годинава. Искрено ме нервира така кога знам и чекам. Ме изморува чекањето.
Така е ,запроси го ти кога веќе неможеш да чекаш и прашуваш кога кога … Тоа е еден од најубавите моменти зашто си го упропастувате не ми е јасно.
Кажав некаде дека не можам да чекам??Знае дека сакам исто и тој сака, само не сакам работи да чекам. Пример ме нервира и она "утре ќе ти кажам".
Значи тебе те нервира неодговорноста негова. Вака ко ќе каже ко да е несериозен. Работава е ај сега не можам да се замарам, ќе видам утре у што расположение ќе сум и цело време така. Јас вака го сфаќам ова.
Зотшо неодговорност? Тој цело време збори за ова и прави планови и дава предлози. Само мене некако ми пречи тоа да не знам кога ќе се случи. Општо во животот не сакам такви ситуации. Подобро да ме изненади, отколку да ми збори за тоа а јас да чекам.
Па така кажи му, подобро изненади ме без зборување, одколку да зборуваш и да чекаш. Зошто не му кажеш отворено ова што ни го кажуваш нас
Тој спомнува за да знае дали и ти сакаш, дали сте на иста бранова должина. Ако се водиме по то дека мажот треба да ја запороси жената, а таа да биди изнадена како да не очекувала, тогаш веројатно заради тоа не знаеш кога ќе се случи. Нема да е изненадување. Ако не сакаш изненадувања следно кога ќе спомни кажи му дека сакаш одма и готово. Можи грешам.
Здраво на сите, со дечко ми сме 3 години во врска и заедно почнавме да живееме. Последнава година ни е полна со караници и несогласувања, повеќе не ја чуствувам истата љубов од него како порано. Вчера вечер имавме караница околу обврските во домот и тој постојано зборува како тој да правел се а јас ништо, он бил најдобро организиран јас не сум била итн.. Во текот на караницата почна да ме навредува и да ми кажува дека никој немало да се однесува со мене како он што се однесувал, па дури и моите дома не ми обрнувале внимание како он. Почна да се дере, да мава и мене тоа ми е премногу. Размислувам да му се скарам, ама дека го сакам ме страв да не е скарување заради глупост, нешто на кое можеме да поработиме.. ама и овие работи што ми ги изнакажа ми беа премногу. Мислам дека многу се обидува да сака да ме манипулира. Во моментов ми се преизмешани мислите.