Вака се раѓа насилството во врска/брак. После жените зачудени и изненадени кога ќе бидат нападнати и велат ,,Не беше таков''. Членка го остави дечко и' дека одел во казино, е тоа е за пример, да си стоиш зад своите принципи, знаеш што сакаш, што не сакаш и не толерираш отстапки. @Vence33 велиш не чувствуваш љубов од негова страна, плус има агресивно однесување, со него си само затоа што ти го сакаш. Има работи кои не треба да ги толерираме, колку и да сакаме некого. Затоа трпиме сенешто. А не треба. Гледаш нешто не чини, ти смета, не си задоволна - раскини. Не е крај на свет, ќе ти помине.
Класичен егоист и манипулатор. Постапките ме асоцираат на човек на кого му е потребна стручна помош да лечи комплекси итн.. Никако на заљубеност. Бегај
Јас знам за таков пример бидејќи имав куќа/викендичка да речеме и преку лето одевме со моите таму. Се случувало да има навреме и да нема струја по цел ден и ноќ, некогаш на свеќи бевме. Така да, има села отсечени од градот и немаат ни теренски пристап при вакви непогоди, не се сите села исти.
Како ме навреди не е ни свесен ама ќе се освести.Му се јавив да го прашам каде беше и зошто цел ден не ме побара а господинот ми рече ич кур да не те боли и јас му реков ок ајде чао.Нема да го барам јас не сум странец за он да го истура гневот врз мене ни крива ни дужна.Звучеше нервозно ама изгледа не знае да се контролира.Ме изнервира и лута сум.
Со право си лута. Што и да се случило, нема право така да ти се понаша. Причекај да ти се јави, ако не јави му се утре и зборувај со убаво. Се надевам дека ќе се свести што направил и тој ќе те побара.
Ни ќе му пишам ни ќе му се јавам.Он цел ден не ме побара а чудно ми е зошто по 3 пати најмалце знае да се јави.И јас изреагирав зашто навикната сум на внимание од негова страна и не беше ни на фб укл со саати а човечки прашав.Затоа он знае да преречр кај беше за кој си така дотерана со саати те нема и слично.
Се случило друг пат вака цел ден да не ти се јави? Во прави што се лутиш бидејќи изреагирал така, но јас не би осудувала одма. Не можеш да знаеш каде бил и што правел додека тој не ти каже, а до тогаш не прави претпоставки. Можеби има оправдана причина, можеби му испаднало нешто непланирало, имал стресен ден итн. Не е во ред што така ти се испонашал бидејќи ти си се загрижела за него, но не го осудувај за остатокот од денот.
Не го осудувам ич и јас баш за тоа прашав зошто се загрижив инаку не прв пат вака прави ама звучеше ептен нервозно некако.
Чим не прави прв и не е баш оправдано. Ко така причекај нека се јави, да видиме што има да каже дечкото. Се надевам дека се' е во ред, па ќе се свести самиот.
Сега му пишав дали мене ми е лут или нешто ми замерил рече нервозен е и уморен и ќе се слушнеме и срце ми прати.Тој кога е нервозен е многу избувлив и тогаш со никого не разговара.
Молам? Како може така да си дозволи да се однесува?? Ако уште од сега така што во иднина ? Немојте да останувате во врски каде што ве третираат лошо. Почни да се цениш барем малце и не дозволувај никој да те третира така.
И јас сакав слично нешто да пишам… Дали таквото однесување од страна на маж е нормално? Девојката ке го чека он да се среди за да продолжат понатаму зашто нервозен бил па простено му е …
Еднаш се случило, не мора веднаш осудваме. Не знаеме низ што поминал дечкото денес, можеби има оправдана причина. Нема оправдување за однесувањето и речникот, но може има оправдување за нервозата. Ве молам да не осудуваме толку брзо. Секој има тежок период во животот и ако тогаш не му дадеме прилика на саканиот да се објасни, тогаш кога? Секој има лош ден. Темава врие од такви совети "остави го", "зошто ти е таков", "ако уште сега така прави, како ќе прави во иднина"... Веднаш тоа го пишувате за се', без разлика што е проблемот.
Ич к*р да не те боли, машала. Слушај вака, разговарајте, али дај му до знаење дека нема да толерираш вакво понашање. Сега к*р да не те боли, утре ќе ти рече глупава, смотана, проста итн. Не може да ти каже се што му дојде во уста и после извини и срце, душо, љубави. Среди си на време, да не плачеш после, а нареден пат кога ќе ти избувне право бегај. Немој после не сум ти кажал.
Лош ден не го оправдува тоа да вреѓа, утре можеби ќе тепа? Треба да знаеш кој е и што е во твојот живот, а не ај неможеш по магарето, удри по самарот.
Не го оправдува тоа што вреѓа, но можеби во моментот бил многу нервозен. Не знаеме што се случило, лош ден ја оправдува нерозата. И едаш се случило, не ја вреѓа секој ден, а таа да му чути. Ете ќе зборуваат утре, се свестил и и пишал порака вечева. Ако може да се реши со разговор и да се избегнат вакви непријатни случки во иднина, зошто да не? Ако ЕДНАШ ја навредил, не треба да му рече одма збогум.
Баш треба. Човек се гледа каков е кога е лут. Добар чоек не вреѓа женско тогаш. Еднаш се десило, ќе се деси пак. И ќе ескалира. Лут сум? Нервозен? Ќе ја увредам женска ми и ќе и се извинам. Она не му е вентилатор.