Машкото не смее ако некој надворешни фактори го нервираат и тоа го истура дома. Не знае да менаџира со емоции. Така да, ова негово однесување не е океј. Треба да ти се извини.
Дете, лут и пијан ја зборуваат вистината и тоа што им лежи на срце. Ова нервозен сум, пијан и други срања се само изговори.
Јас не би останала со таква личност што не знае да се контролира во нервоза. Тоа што е нервозен не е никакво оправдување. Сега и викал , следно што е ? Пак ќе се вади абе знаеш нервозен бев. Поради прогледување низ прсти на вакви работи завршувате во врски со мажи што не ве третираат ко човек.
Бившиот не знаеше да се контролира сред нервоза и покрај лагата во која го фатив и комарот, ова беше втората причина поради која го напуштив. Имам претрпено разни навреди, од "к***а" до "лош чоек си". Кои во пијана состојба кои во состојба на лутина. И секогаш по такви испади јас добивав панични напади. Но во следна врска (ако ја имам) не толерирам веќе ни еден лош збор. Ко можиме јас, ти да сме срдечни и цивилизирани, можат и нашите партнери.
Мене бившиот често во нервоза знаеше да избувне и да ме навреди, подоцна се извинуваше, но никогаш ме немаше удрено. Со секоја навреда и кикс се повеќе ме одалечуваше од него. Еднаш не простив и толку беше. Научив дека во иднина никогаш нема да молам и барам некого за разговор се додека не ми се извини, дали ќе останам со него, не знам. Ниту срциња, ниту душо, ниту јагне... Не сум боксерска вреќа за да некој ја истура нервозата врз мене. Ич кур да не те боли? Ај важи.
Здраво ,леле под итно ми треба совет,не знам што да направам.Дечко ми со кој одам 2 и пол години во последно време нон-стоп инсистира да се земеме.Премногу зафатен е со работата цело време оди во смени и малку се гледаме вели,иако и тоа слобдно време што го имаме постојано сме заедно.Имаме скоро 20 години и му велам дека не сум спремна дека сакам барем една година од факултетот да завршам ,па после ако се мажам да се мажам.МУ велам да ме почека дека не е тоа многу време дека само уште 5-6 месеци, а тој не неможе веќе вака,јас цело време по патиштата да губам време да се гледаме,друго е кога ке си живееме заедно.И упорна јас му кажѕвам дека не сум спремна за брак дека сакам прво нешто корисно да постигнам во животот а после да се мажам,а тој ми вика ма неможам веќе да издржам без тебе дека душата му умирала веќе оти цело време мисли на тоа.Не знам веќе што да правам само ме моли,а јас му кажувам дека не сакам дека рано ми е, штом толку време издржал додека сме во врска ќе издрж уште некој месец. Незнам што да правам никогаш не сум го видела досега ,цело време мисли на тоа и запаѓа во депресија. Мислење?
Ко од една мајка да се некои жими сѐ Едит: @Sopro не се мажи од ниедна друга причина, освен љубов. Ако не си спремна верувај ќе се каеш потаму
Значи никако немој да направиш нешто за што не си спремна. Не е причина за мажење за да не идел по патиштата. Можете да живеете заедно и онака немора да се жените еве 21 век сме.
Денес те прашал за кого си дотерана, утре ќе те натера да се пресоблечиш, трет пат нешто друго и така почнува насилна врска. Плус понашањево, мислам тебе ако не ти е гајле кај е на кој ќе му е? Колку сака нека е нервозен има да се понаша со почит, ако не знае да се контролира ќе си побара помош. Немој одма да му простуваш и да го оправдуваш, башка шо велиш не било прв пат значи навикнат е да ти се испонаша ко дебил и ти да му простуваш.
Јас само ќе ти кажам не прави нешто со сила, нешто за кое ќе зажалиш. Ако сега нема трпение што останува натаму?
За да се влези во брак треба да се согласни двата партнери. Не е во ред да се прави притисок за такво нешто. Нема што да се молите или си спремна за брак и сакаш или не. Ако имате различни погледи на животот не знам колку е добро да продолжувате понатаму. Млади сте, мое мислење е сепак ви е рано. Али тоа е мое мислење некои се спремни и на 20 за фамилија. Самата треба да си размислиш убаво, затоа што не се работи само за негов живот туку и за твој.
Колку некој да е нервозен сепак не е во ред такво изразување ич кур да не те боли Можи да кажи не сум расположен подоцна, утре ...друг ден ќе зборуваме. Сериозно трпите вакви? Можиш да се облекуваш како сакаш, да излегуваш кај сакаш и со кого сакаш, кој фактор е тој за така да се понаша? Немојте да дозволувате да ве понижуваат, утре ќе забрани да излегувате, да одите на кафе со другарки... Ќе се трудите да му удоволите, да се облекувате како тој сака, ќе го контролира секој ваш чекор, тоа е токсично. Таквите личности не се менуваат, чим сега се покажва во право светло размисли како ќе се однесува понатаму.
Аха да! Му треба слугинка во куќа што ќе му готви. Ти ем неспремна ем незавршен факултет тој сака да те земе.Не брзај животот е пред тебе
Премногу си млада за да стапиш во брак а да не си подготвена зa тоа. Плус те форсира, напнува и тоа и мене ме вади од такт. Депресија? Ајде бе, манипулатор. Од тоа брзање, форсирање и неспремност подоцна читаме проблеми у теми за развод, често. Да беше подготвена и да имаше взаемна желба, ќе беше друго.
@Sopro Немој. Те манипулира и тоа очајно. Бракот не е купување чоколадо, па да му удоволиш. Мора и ти подеднакво да сакаш. Со наводната депресија те уценува и сака да те направи лошо да се осеќаш, па да му попуштиш. Од мое искуство, маж што толку многу напиња за брак, да избрзаш е бидејќи тој самиот е очаен да фати некоја во замка. Ако сакаш пробај живеење заедно, па види. Но, немој одма со брак.
Многу е очигледно дека пробува да те изманипулира со депресијата Дака да те фати на емоции , немој да направиш грешка ,се чувствуваш дека не си спремна за брак не е во ред он да те форсира. Можете да пробате да живеете заедно и без да сте во брак. Јас би ти рекла да не избрзуваш затоа што брак е животна промена.