Шо од нас мислење? Ти зарем немаш мислење, желби и замисли за твојата иднина? Ич да не ти е гајле у колку депресии запаѓа и колку патува. За твојот живот се работи. Ако сакаш да се заглавиш цел живот ради него, размисли.
Имам една другарка, беше во врска со еден 12год постар од неа, тој во 30тите, она едвај 22-23, баш под ваков притисок попушти и се омажи.. Не дека и е лошо, ама лани кога ја видов рече дека кога би можела да ги врати назад годините не би се омажила.. И јас не би се мажела во твојот случај, предложи му само да живеете заедно
Такви зборови не се никако за оправдување со ,,имал лош ден'' или ,,нервозен бил''. Никој никогаш така не ми се обратил, ако се случи и после не ме гледа веќе. Ценете се себеси и не дозволувајте да ве газат. Оти газење е и тотална непочит да рече ,,ич кур да не те боли''. Валидна причина за прекин на врска. Незгодна ситуација е едниот да сака брак а другиот не. Еден ќе мора да попушти, или тој ќе попушти и ќе чека или ти ќе попуштиш и ќе прифатиш, трето - живеење заедно, не мора одма брак.
Како да попушти и да прифати ? Брак е животна одлука не е нешто што ќе прифатиш само онака. Извини но многу лош совет.
Не е совет да прифати. Читај подобро. Пишав дека има неколку можни работи што можат да произлезат од нејзинава ситуација, а не пишав да се мажи.
Сметам ако не е спремна, зошто да попушта. Не е ствар за попуштање и слично. Не треба бракот да е исполнување желба на едниот.
Какво мажење на таа возраст. Немој, тоа е најубав период од животот. Сега ти е време да шеташ, излегуваш, учиш, патуваш да си се посветиш на себе максимално, да се забавуваш со дечко, другарки. Ништо поозбилно не ти треба. Немој, ке се покаеш. И тој е уште многу млад, машко, па уште на 20 години живо дете. Него му треба помошничка дома па те форсира или е љубоморен па да си му пред очи во секој момент. Ако по такво прашање ви се разидуваат размислувањата подобро раскините. Не е во ред никој да те форсира на такво нешто. Раскинав долго годишна врска на 27 години, баш поради ваква причина. Тој изгорен за дете и брак, мене не ми беше на крај на памет. Ич не ми беше гајле, дури се препородив после раскинувањето. Ми олесна што конечно бев растеретена од таков притисок. Го сакав не дека не, ама немаше шанса да стапам во брак по ниедна цена, па макар раскинале. Така и бидна.
Добро јас така сфатив затоа што девојката побара совет а не какви работи можат да произлезат од истата ситуација.
Пишав и тоа, не би рекла баш совет, повеќе предлог, во последниот дел од постот. Поприфатливо е тоа отколку брак. Фер опција и за двајцата.
Немој да бараш совети овде одма ќе ти речат оставиго ова она де слугинка ќе те направат што не ќе ти изнакажат само сезнајки има тука. Ти следи си го срцето што ти вика а ако не спремна и ако он те сака ќе се стрпи. Уживај ќе помине и тоа
А што совет треба да и дадеме на девојчето ? Со сила мажи се зашо он така сака, усери си го животот зашо он неможе вака неможе така.. Девојчето нема ни 20 год да влезеш у брак не е заебанција , после упропастени животи па нормално пошто нели срцето следи си го.
Колку лош совет. Многу ќе беше поубаво ако луѓето го следат мозокот кога се мажат и женат наместо тоа што во моментот го сакаат. А и девојчето само кажа дека не сака брак во моментот туку е под притисок. Што значи си го знае одоговорот....
A според тебе колку год треба да има за да се влезе во брак?30/40 или може кога ќе дојде во пензија. Јас не кажав дека треба да влезе во брак.Туку дека секој да си работи според емоции дали е спремна или не она знае. Овде сите се ќе изнакажете само на човек да му го поматите умо
Не се следи срце, туку памет. Млада е, не е спремна за брак, нејзини зборови. @Sopro животот е прекраток да го менуваш целосно ради туѓа замисла. Бракот не е играчка ни бајка. Ако не си спремна- не си спремна и готово. Нека чека колку што ти е потребно, бракот не бега никаде.
Не е во ред што те притиска и не може да почека уште неколку месеци што викаш да си ги земеш испитите па да зборувате за брак. Со 20 години млада си да но не гледам причина зошто некој не би стапил во брак доколку постои обострана почит и љубов и секако добри услови за заеднички живот. Паметен и мудар човек се жени/мажи кога ќе осети дека е вистински момент и ја пронашол вистинската личност. Во љубовта нема планирање и поставување рамки кога, како, што... работите се случуваат едноставно и спонтано. Само запази на делов околу вршењето на притисок да не е типот некаков манипулатор ако не е, а се сакате обострано нема причина зошто не би стапиле во брак.
Во љубовта рамки нема, ама во бракот И ТЕ КАКО има. Особено за жената. Не брзајте со одлуки за брак, може многу да се сакате и без тоа. Бракот за жал може да биде и стапица за некој да "те врзе" - млада, неискусна, финансиски зависна,...оддалечена од својата генерација и друштво. Секако не зборувам лично за @Sopro , само општо ви велам не брзајте за брак. Обостраното сакање не е доволна причина за брак. Меѓудругото истото подразбира и дека тој не би и вршел притисок да се земат.. Дали е манипулатор или не, на 20 години тешко се проценува... Јас се ежам од такви муабети не можам без тебе, не знам што... Не ми делува како љубов туку како посесивност (инаку има спомнато патишта во текстот, значи е од друго место, што значи девојката ќе се пресели кај него... Уште поголема изолација) Мој совет не брзајте со одлуки за брак пред да сте психички, емоционално финансиски самостојни и зрели.
Што и да правите, ништо не правете на сила, ништо! Од врска до брак има огромна разлика, затоа добро размислете пред да скокнете. Дали може сам или треба мамичка да држи за рака? Дали ќе живеете под кирија, дали со неговите? Дали заедно ќе се справувате со домашните обврски или едниот домаќин, другиот паразит? Како и каде си ја гледате иднината и кои се вашите цели и приоритети од финансиски аспект. Видете како се справува со притисокот(смирен/вреѓа/истура нервоза на се живо) и како би се снајшол утре во животот, дали ќе кука, седи дома и чека да му падне од небо или ќе засука ракавите и ќе прави се што е потребно? Дали имате некој со кој може да направите 2 реда муабет или секс играчка?
Ако не си спремна немој и ова ти е одлична прилика да видиш колку те сака и почитува.Имам една блиска личност што идеше со дечкото 7 години,додека девојчево беше на факултет он ја запроси она го одби затоа што имаше уште година две додека да го заврши факултетот.После две три години пак ја запроси и еве сега се во брак веќе 5 години.Значи ако те сака искрено ќе ги почитува твоите одлуки и интереси.
Ако мислиш дека не е ти е време да се мажиш, немој, че имаш после 101 причина да бидиш пишман и тоа дополнително че ти влијај на целокупното функционирање во животот. Ко че мислиш дека е ок тогаш, ако него му се брза, тоа е негов проблем. Вака не се запросува девојка ама шо знам јас...