The audaicity што македонскиве мажиња ја имаат Јас би излегла и би му се изнасмеала у фаца за тоа каков шупак е и категорично би си заминала Леле сирота девојка негова, боже господе зошто жени завршуваат со вакви говеда, туго мајко.
Toj me blokna prv sigurno misli ke trcam po nego, jeste ne mi e seedno, ama toa e...se osekjam losoo, malku ali kolkuu se mene me krivi za se, i ljubomori mi nametnue, ja da se custvuvam vinovna, tolku mi se gadi povekee, a eve ke se vidime pak ist krug sme, na ist faks -_- ooff ne zasluzuva ni zdravo, a i sekako on bi se pravel deka ne me poznava toa 100%
Нормално дека ќе се чуствуваш лошо,ама поарно е вака што на време го покажа вистинското лице,да те искористеше уште полошо ќе се чуствуваше.И самата убаво кажа така ти правел за виновна да се чуствуваш.И нормално ќе се прави дека не те познава.И ти прави се дека не го познаваш и дека ти е сеедно како ништо да не се случило.Не му викај здраво ни ти оти таков идиот не заслужува ни да помислиш на него.
Здраво феминки. Веќе извесно време имам врска на далечина, но поради разни обврски принудени сме последните месеци да се гледаме ретко. И двајцата сме вработени и сакам да напоменам дека јас моментално земам поголема плата. Причината зошто го напоменав тоа ќе образложам подолу. Наскоро треба да се видиме, тој сака да дојде, бидејќи сакаме да бидеме сами, на мира да бидеме сами, да јадеме без некој познат да ни додева а дома поради икс причини немам услови, размислувам поради висината на мојата плата јас да изнајмам соба во која би биле опуштени( тој ќе потроши добра сума на гориво и храна бидејќи секогаш инсистира тој да плаќа што ми е многу незгодно, потребно ми е да бидам со него сама, да поминеме квалитетно време бидејќи имав турбулентен период ( болест, смрт на блиска личност) и навистина сакам да се опуштам и нема смисла да барам од него тој да плаќа и соба. Во ред ли е да изнајмам, и како да му го кажам тоа? Идеата беше заедничка да поминеме квалитетен ден со многу нежности, убави моменти, но не знам од каде ми дојде идеата за соба. Сумата е пристапна, собите се супер но многу ми е незгодно да зборувам со него за тоа, како би ме сфатил. Сакам малку приватност, а дома моментално го немам тоа а низ град секогаш мора некој да ни се придружи, на ручек/вечера или обична прошетка. Некоја идеа плус?
Па нај идеално е тоа да си изнајмете соба и да разговарате што како понатаму,ако терате озбилно препорака да си живеете заедно да си соберете некој денар и магла од државата!
@Звездичка* Ќе му објасниш како што нам тука ни објасни. Дома немаш услови, си нашла поволно решение и тоа е. Зошто велиш не знаеш како би те сфатил? Дома можеш да го запознаеш ако сакаш или да пиете по едно кафе, ако ти е за тоа да не те сфати погрешно.
Знае дека немам услови, тоа му е јасно, но како да ја започнам таа тема за соба со него? Не сакам да мисли дека го кријам и да инсистира тој да плати, секогаш води инает околу плаќање. Домашните се уште не знаат за него, бидејќи се тешки луѓе, би форсирале да го запознаат но сметам дека се уште не е време за тоа. Поради минатите лоши избори на партнери, односот ми е ладен со нив. Не дека нема да добијам подршка но сепак би почекала со запознавањето, барем уште некој месец. Моментално разгледувам соби. Цените се во ред, останува уште да договориме со него.
@Звездичка* Ќе му објасниш смирено, дека сакаш да си поминете квалитетно време заедно. Кажи му, дека си во ладни односи и дека не го криеш, бидејќи секако ќе шетате во твојот град. Но, дека за официјално запознавање со родителите сакаш понатаму. Едноставно започни го разговорот со тоа дека си го испланирала гостувањето, си нашла посебен простор, бидејќи сакаш поголема интима. Ако ти спомне нешто околу криење, ќе му го објасниш тоа со запознавањето.
А во која смисла ти е незгодно, сте биле интимни до сега? Незгодно ти е да не те сфати погрешно у врска со тоа или незгодно ти е да не те сфати погрешно што сакаш да платиш ти? Ако е второто кажи му така како нам што ни кажа, дека сакаш мир и квалитетно време со него и поради тоа што тој троши финасии да дојде кај тебе ти инсистираш да платиш за соба. Јас не верувам дека нема да му се допадне идејата, напротив мислам дека ќе биде воодушевен.
Тој секогаш води инает околу плаќање, за било што, и овој пат ќе одбие јас да платам. Сме биле интимни, кога и да сум била кај него, но и кај него моментално условите за квалитетен поминат ден се минимални. Но тој размислува за два дена да поминеме заедно, а јас не сум спремна се уште на тој чекор, не сум тип на девојка која по неколку месеци врска ќе прифати да спие (не)далеку од домот, бидејќи имам принципи околу тоа.
Сестро не барај изговор најди начин!Ако се сакате премногу и ако сакате да успеете нема препрека која може да ве сопре и скрши!Како јас што сам плаќав кирија и живеев и триста чуда па двајца да не праеме проблем ...Мој совет земите соба и правете муабет за се се се можи ако се сака верувај не е лесно ништо
@Звездичка* Колку што прочитав негова е идејата да дојде и тоа на 2 дена, а ти уствари го планираш на само 1 ден? Чим си имаш принципи, боље прошетај го низ градот на ручек и испрати го. Тоа го кажувам бидејќи не ми звучиш премногу сигурно, ниту ентузијастично, па најдобро е да ги правиш работите поедноставно.
Човек ти не читаш што збори девојчето изгледа, не сака таа да земат соба за да живеат под кирија за стално, се збори тука за еден ден кога тој ќе ја посети во нејзиниот град. Упорно со советите кои не одговараат на ситуацијата.
Сум сигурна ама сепак не сакам да инсистира тој да плати доколку дојде за опцијата за соба. Ќе го средам тоа, пред да дојде, нека биде изненадување, ако мрчи, нема секс. Најдов една опција околу собите, ќе ја платам пред да дојде, нека биде изненадување. Околу блискост, кога збориме за сериозни теми, ќе ме ислуша и ќе го ислушам, единствениот проблем е околу плаќање. Никогаш не дозволувал женско да плаќа, се чувствувал тешко. Последниве неколку недели не сме разговарале сериозно бидејќи имаше и тој стресен период па сета подршка беше околу тоа. Му се ближи и роденден, веќе купив поклон, ова со собата би било гратис. Утре ќе му кажам. Пред да се зачленам зборував со другарка на тема соба, невкусно и било. Но по вашите совети решив all in.
Другарки, односно жени на кои невкусно им е да платат за нешто е red flag. Низ цел свет жени пробуваат да ја намалат финансиската нееднаквост меѓу маж и жена и од друга страна се таквите жени што чекаат се од дечкото и го нарекуваат џентлменство. А маж што претешко, најтешко му е ти да му платиш ти нешто, јас би внимавала со таков, не велам дека твојот е таков, ама таков комплекс не треба да има, ти си еднакво способна ко него и на долг рок тоа може да испадне финансиска манипулација, тој заработува, тој ќе бара работи што ти не сакаш да ги правиш, само зошто ти платил. Значи не велам дека твојот е таков, воопшто, само не е во ред да си доведена во ситуација да се премислуваш како да му кажеш за една соба ко да му соопштуваш нешто страшно.