Долго сме заедно, и за се друго се договараме, во глобала коректен однос имаме.. Го прашав сега, ми рече дека не сум компетентна за таа работна позиција и за тоа не ми кажал, што не ми држи вода, бидејќи работната позиција има ист назив, не може да е нешто различно, позицијата е таа, секторот е тој.. Му реков само да ти кажам дека не ми требаш ти за да ме примат на работа, јас самата сум способна за се, ама никогаш нема да заборавам дека не ми даде шанса на мене кога требаше а и даде на друга Х личност, и го завршив муабетот, не ме интересираше што има да ми каже повеќе.
@нина122 А како тоа проценил господинот дека не си компетентна? Да те повикале на интервју и/или да те оставиле 2 недели на пробен период, па ако не те бивало, да речам, фер било. Не знам што да ти кажам, навистина грда ситуација. Најверојатно е класичен сељак што сака намерно да те омаловажува или не ти ја кажува вистинската причина. Како и да е, верувам не е лесно, дај си време и размисли за следна одлука.
Може да ти е криво и во ред е тоа. Али мора да знаеш да направиш разлика помеѓу приватен и професионален живот. Не ти се допаѓа одговорот кој си го добила, во ред. Многу ти велат раскини, ова, она, ти најдобро си знаеш. Јас би ти рекол дека не е крај на свет, преспиј, смири ја топката и со ладна глава земи лист и пиши добри и лоши работи. И после тоа ако сакаш да раскинеш, слободно, твој живот, твое право, твој избор и последиците од него се твои.
Во случајов не е во право дечко ти.Па уште ти рекол дека не си компетентна. Како те примиле во другава фирма кога не си компетентна за тоа работно место а се работи за исто работно место.Ќе си успееш без негова помош.А и најдобро ти е тоа.За утре при секоја кавга да не ти вика јас те вработив.
А стварно ако девојката не е компетентна?! Што се ќе се случело доколку дошла на интервју? Ќе треба да ја одбијат, ќе не знаат како. Ќе треба да ја вработат, да и ја дадат позицијата и да вработат уште еден за да ја покрива, додека да научи. И во двете ситуации, пак ќе биде повредена. Прво, затоа што е одбиена. А второ, затоа што тој смета дека таа е глупа па неможе сама. Види може позицијата е иста но квалификациите и искуството што им треба се различни. И на крај зошто да работиш кај дечко ти кога си паметна ? Зошто сите да мислат дека си вработена со врски? Не ти треба таа работа. Само чудно ми е зошто не ти кажал. Немало потреба да крие за ова. Можел убаво да ти образложи имаме оглас ама знаеш бараме ...не мислам дека ќе се снајдеш...ни треба искусен човек... Може не знаел како да ти каже а да не те повреди. Незнам, ама сепак ми е чудно што не ти кажал.
Мене не ми е јасно за што не ти кажал. Требало да биде отворен со тебе, да ти каже дека има слободно место на таа позиција, убаво да ти објасни за што смета дека не е добро да аплицираш таму. Вака многу глупаво делува, испаѓа дека се сомнева во твоите способности, те остава да се мачиш да најдиш работа. Или па се крие нешто друго тука...
Знаеш како, сите што се на почеток од кариера знаат колку е тешко да ти даде некој шанса и колку е макотрпно, ако никој не ме примеше, ќе аплицирав и таму, ќе бев некое време додека да стекнам одредено искуство ако ме примеа, за да бидам поконкурентна, па ќе си барав друга работа.. Не ми беше намерата да се шлепам цел живот на негов грб, ама ми е криво дека не сакал ни шанса да ми даде.
Може проценил дека не е во ред да меша работа со приватен живот, причини има многу не можеме да ги знаеме. Ама стојам на тоа дека не е во ред што не ти кажал. Требало да ти објасни и да ти каже дека смета оти не е ок да работиш таму поради икс причини. Кога не ти помага во најтешкото и крие работи од тебе убаво размисли со каков човек си во врска. Сега ова го прикрил, понатаму што ќе скрие? Секогаш сум за тоа да има искреност и отвореност од двете страни, ако нема комуникација џабе.
Рационално гледано, подобро е да не работиш кај него во фирма. Подобро е да нема поврзаност меѓу работа и приватен живот, не постои ризик ако раскинеш да добиеш отказ, ниту пак можност за префрлање утре дека без него не би можела да постигнеш нешто, кога ете можеш. Разбирам каде лежи моментот да ти е криво и да, глупо е од негова страна што не ти кажал. Исто проблемот ви е комуникацијата, т.е недостаток на истата Ако не си компетентна, треба да ти објасни зошто, кои квалификации ти недостасуваат или е искуство можеби . Едноставно и двајцата живеете во свои светови кои ви е проблем да ги споите. Велиш дека е ок во глобала, но искрено имаш пишано и за тцои и за негови шогрешни постапки, така да не е ок.
Во целост се согласувам. за кажувањето за огласот требало да каже иако генерално гледано пак ќе искочи крив пошто кога некој ке ти каже сметам дека не си доволно компетента за раб место колку и да не сакате да признаете секој еден би се навредил . Па овде почнува друга кавга ти мене ме сметаш за глупа, ти вака ти онака. Ја би била отворена и директна и би кажала слушај имаме оглас но не би сакала да се пријавиш од тие и тие причини па ти ако сакаш лути се до сабајле. Друго работа поготово во фирма на дечко, маж, роднина никогаш тоа е лошо и за двете страни. Прво секогаш ќе бидеш гледана или ценета како девојка му а не според квалитетите и придонесот во работата што ги имаш. Второ баш и не е коректно да те вработи за да стекнеш искуство и кога ќе научиш се и се уходаш во работата да му кажеш фала пријатно. Па фирмата пак од почеток да бара работник па да ,,троши,, време на уходување на новиот вработен.
Ќе се надоврзам само дека на толку време заедно, не требало да го крие тоа. Да бевте заедно неколку месеци и да не правите муабет за работа, океј, ама вака ми нема смисла.
А на мене едно не ми е јасно, зошто воопшто ти кажал? Кога веќе си си нашла работа, и тој вработил некој. Што сега кажува, да започне кавга, да ти каже оти не те бива, мака му е оти сепак си успеала, не разбирам
Не сакал да разговара со мене, бил многу разочаран од мене и мојот однос, како сум можела така да се однесувам..
Од што поточно е разочаран? Од тоа што не му преќути и му кажа што ти смета или нешто пропуштам? Дечкото очигледно те манипулира и се прави жртва во ситуација каде и повеќе од очигледно е дека тој е крив. Не си го губи времето со некој кој не те цени и не се грижи за тоа како се чувствуваш, напротив допринесува да се чувствуваш лошо и недоволно. Среќно на новото работно место. Остави го и покажи му дека сама можеш и подобро.
@нина122 Ти да му кажеше дека е некомпетентен и да му го повредеше егото, верувам дупла драма ќе направел. Прво ти кажува, ти реагираш нормално бидејќи те повредило и он сега класично манипулаторско. Знаел дека ќе реагираш така, затоа и ти кажал сега. Тоа ли му била целта, да не разговарате? Епа остај го, не го моли.