Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    41.108
    Пол:
    Машки
    Во случајов со Нина нема црно - бело. Едноставно се работи за лошо изменаџирана ситуација од дечкото кој не објаснил како што требало уште на самиот почеток туку решил да крие. Но, и така да постапел, пак истото би се случило.

    На кое место и да се ставиш, може и двете страни да се разберат. Повеќето од тука на негово место исто не би сакале да ја вработат.
    А, на местото од Нина, секој би се чувствувал изневерено од оној што го смета најблизок знаејќи дека не сакал да и даде шанса.

    На крај, ситуацијата излегла добро. Нина со работа, дечко и со вработен како што и одговарал на компанијата.
    Разговоров ќе било многу подобро никогаш да не се случил.
    Овака само им ја разнишал врската, а не донел ништо добро.
    Лоша ситуација, дефинитивно.
     
    На _beautyy_, Luminary, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Ако немала способности и не била за тоа работно место немало да се вработи на исто такво работно место во друга фирма.
    А тоа што партнерот криел и не сакал да и помогне е големо red flag. Не требало ни да помисли да скрие такво нешто дури и да бил обичен вработен во фирмата, а да знаел за огласот, а камоли што е негова фирмата и криел. И сега кажал за да ја омаловажува и да ја прави неспособна. Да гледаш дека партнерот се мачи да се вработи и да не сакаш да му помогнеш, особено кога е твоја фирмата, а е квалификувана за тоа работно место, доказ е тоа што се вработила во туѓа фирма на исто такво работно место, значи само едно, а тоа е дека тој е големо ѓубре штом не му е важна среќата на партнерот и јас да сум на нејзино место веднаш би раскинала, не ми треба таков партнер на кого не можам да се потпрам кога ми е тешко. Да бидеш во врска со некого значи да бидете тука еден за друг не само кога е сè навидум идилично во животот, туку и да се држите цврсто додека има бура заедно да ја пребродите, па заедно да му се радувате потоа на сонцето. Лесно е да се најде некој што ќе биде со тебе кога немаш проблеми, кога ти е среден животот, ама да се најде партнер кој е подготвен со тебе да се бори и сè да направи за твојата среќа и насмевка е тоа е многу тешко, зашто голем број бегаат од проблемите на партнерот и го оставаат сам да си се снаоѓа како знае и умее, е тоа не е партнерство, тоа не е љубов.
     
    На _beautyy_, злоба, Polyincognito и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.835
    Допаѓања:
    80.786
    Пол:
    Женски
    Можеби само не сакал да работат во иста фирма. Дали тој е спремен или не искрено да каже... можел и да не кажува воопшто ништо и да остане сокриено. Како и да е, @нина122 ти си знаеш колку ова ти пречи, како се чувствуваш и како би влијаело понатаму на вашиот однос.
     
    На Konfetka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.946
    Допаѓања:
    8.570
    Абе да ми каже, извини, но си имам полиса, правило блиски да не вработувам, е едно. Ама од ведро небо, еј некомпетентна си.
    Тогаш што се вреѓа самиот себе чим оди со мене? :D
    Глупо е. Има нешто што се вика social awareness, по нашки осет. Партнер и е, damn it. Or he knew exactly what he was doing.
     
    На senza.parole, boo3 и bicycle им се допаѓа ова.
  5. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.448
    Допаѓања:
    22.211
    Пол:
    Машки
    Мое лично видување околу ситуацијава на нина го кривам нејзиниот дечко. Затоа што ако смета дека била некомпетентна нека ја мотивира нека и даде материјали или пренеси некое знаење, се се учи во животот само треба конзистентност и мотив. :)

    Да не беше негова фирмата, а да бил само регрутер ај ќе го разберам некако, ама вака братов ја заебал работава и баш ме интересира каква причина има за ова..
     
    На butterfly6223, sweet dreams **, penelope10 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. notforhere

    notforhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2016
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Ме мачи нешто... Да напоменам во врска сме повише од една година. Немаме навика да си проверуваме телефони еден на друг, тој ми кажал ако сакам да му чепкам во телефон слободно. Многу пати сум сакала да му проверам листа на повици, со кого се допишува ама ништо не направив од тоа. На фб е во една група и додека гледав што објавувал приметив дека има објавено 2-3 слики со љубовни цитати и описот врз сликите не алудира на мене, туку двосмислено некако, како за друга особа да е наменето на една слика пишува дека е посветено. Кога го видов тоа си помислив: What the fuck. Што ми е сумљиво ептен(red flag(wtf)). За кого е посветена сликата? Исто така следи женски на фб што ми смета и ме нервира. Си коментира на што сака и некои работи не ми се нормални, тоест некои негови коментарите за некој што е во долга врска не доликуваат. Повремено знае на женска особа да се обрати со мила, златна и слично, не ми е нормално така да се обраќа мој партнер на друга женска особа при што на мене ми се обраќа со тие зборови!!! Мислење за ова? Дали да изреагирам или да преќутам? Ова е најчудната работа во целава ситуација:Пред една година кога влеговме во врска сум седела со него во присуство на две три женски, со кој што он се дружеше, не толку блиски другарки, ама блиску живееа. После одреден период не ми ги спомна веќе. Кога седи со друштво негде не ме вика, на пример дојди ако сакаш или слично во таа смисла што ми е чудно многу, а и јас никогаш не сум му рекла зошто не ме викнеш или сакам да дојдам.Зошто никаде не ме вика кога седи со друштво? Немам навика да го испитувам и приметив дека он си зема голема слобода да прави што сака не знам како да кажам, што сака си коментира на фб( не зборам само за социјална мрежа туку општо и за некоие ситуации во реален живот) вероватно дека јас цело време ќутам и се правам слепа на очи и глува на уши. Колку повеќе ќутам и се правам дека не приметувам некои работи толку повише он си зема голема слобода и сила и прави што сака. Што да правам, да реагирам и да ги расчистам работиве што ми сметаат или да се правам будала да видам до кај ќе тера??
     
    На Ceci16 и RaySunn им се допаѓа ова.
  7. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.994
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    Јас би разговарала за се што ми ствара сомнеж и недоверба или ми смета па ќе се види што како понатаму.
     
    На notforhere му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.946
    Допаѓања:
    8.570
    @notforhere Посветено? Колку години сте? :D Извини, ми звучи high school. Слободно го прашај, речи му на шала, за кој е посветено? Па види како ќе реагира. И реакциите може да го разоткријат.

    Од друга страна, "дојди ако сакаш", најчесто значи не сакам да дојдеш. Е сега, излегувате воопшто заедно, сами, со друштво или никогаш?
     
    На notforhere му/ѝ се допаѓа ова.
  9. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.487
    Пол:
    Женски
    Прво, ние не знаеме ниту каков е цитатот, ниту пак за кого е наменето и тоа него мора да го прашаш и отворено да зборуваш ако не сакаш да те копка секој ден и да мислиш. Не знаеме ниту каква ви е врската и што се случува меѓу Вас.

    Второ, извини ама и ти си ми малку red flag. Да не се следи со девојки на фејзбук? Никогаш од дечко ми не би барала да брише некого од фб, а и 21 век сме, со некои се заследил пред да биде во врска со тебе можеби, а и тој си има приватен живот, другарки од основно, средно, колешки, роднини...

    Второ, како што разбрав не те кани кога излегува со друштво(ако сум разбрала погрешно извини). За ова зависи и какво друштво е во прашање. Ако излегува со парови или заедничко друштво, нормално и убаво е да те покани и мене не би ми се допаднало тоа што ме ме вика. Но, ако во прашање е друштво од само мажи/момци, или друштво како претходно што спомнав од средно или само колеги тогаш и да ме покани не би отишла.

    Сеедно, ако молчиш и трпиш ништо нема да смениш. Разговарај и прашај се' што те интересира. Здрава врска се гради на разговор.
     
    На t.a.m. и notforhere им се допаѓа ова.
  10. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.465
    Допаѓања:
    12.266
    Пол:
    Женски
    Директно да си го прашаш, ич да не си држиш тежини, имаш право да го прашаш се
     
    На Lavender4, _beautyy_, notforhere и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. notforhere

    notforhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2016
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Јас имам 24 тој 34, Во главно сами излегуваме, многу ретко се дешава он да довлечка некој другар со него поради превоз.
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.946
    Допаѓања:
    8.570
    @notforhere Мхм. Седни и смирено направи си разговор. Кажи му што ти лежи на душа. Нема причина зошто да не разговараш слободно и искрено.
     
    На notforhere му/ѝ се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Дечкото на Нина е истиот тој кој таа му збореше дека е дебел, дека треба да вежба, треба и нејзе да и плаќа. Скроз го разбирам нејќе да вработи некој со таков карактер кој би го омаловажувал цело време. Тие двајца воопшто не се ценат, врската не им е стабилна ( по она што го има пишувано тука), она се жали од него а тој да дојде да ја пише неговата страна да видиме што му прави таа. Но, со она е со него затоа што само он ја трпи. Џабе трошите време за совети.
     
    На senza.parole, Abel, Bratot и 10 други им се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Дечки, дојдов да ве прашам за совет зошто не сакам да избрзам со реакција.

    Почнав да се гледам со дечково( претходно пишав овде за дејтот и се)
    Тој е супер и се, врската ни е на далечина.
    Арно ама многу слабо се гледаме, не ми дојде за роденденот, бидејќи имаше некои проблеми, имав разбирање и се, смените со работа му се урнебес, исто и за тоа имав разбирање, но неделите му се слободни и разбирам дека сака да се одмори башка и трошок е но почна сето тоа да ми пречи бидејќи чувствувам дека сум му на последно место.
    Веќе не знам како да разговарам со него за тоа, бидејќи или ќе заврши со расправии која ќе ја почнам јас затоа што се напнувам, и ќе заврши со ветување од негова страна дека кога ќе се стабилизира на работа кај него ќе се гледаме почесто.
    Јас не барам секој викенд да бидеме заедно но барем да се потрудеше, да имавме некој договор.
    Неделите му се резервирани за другари, фамилија и роднини.
    Ќе пишуваме и ќе се се слушаме секој ден но чувствувам дека ќе оладам.
    Јас воопшто не сум личност која напнува, туку не сакам за едно исто да се повтарам неколку пати.
    Пред една недела ме израдува дека ќе дојде, макар на кратко но плановите повторно се расипас, наводно поради неговата работа.
    Тоа ме веќе фрустрира.
    На почеток сме, но не ми е сеедно.
    Не можам повеќе да ја начнувам темата, за да не личи дека го молам, гордост не е во прашање но сепак...

    Размислувам да му дадам ултиматум уште највеќе две недели или да преќинам.
    Вака се чувствувам како да губам време со него.
     
    На Alexandraaa21 и Ceci16 им се допаѓа ова.
  15. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.434
    Допаѓања:
    26.800
    Пол:
    Женски
    Правилно размислуваш.
    Постави му ултиматум и види како реагира. Ако се труди околу врската и наоѓа време за да се видите те сака, ако не, тогаш не си губи време.
     
    На Medea., christinnn, penelope10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Искрено лошо... колкава е таа далечина? Во Македонија е или странство? Ако е во странство во ред, разбирам. Но, ако е овде - било каде и да е Македонија од еден до друг крај е 3 часа со кола.

    Верувај ако сака - може. Ако не сака - изговори. Велиш работи, може да дојде да се видете онака, coffee to go и парк ако ептен е во лоша финансиска состојба. Нема потреба од луксуз. Може пред смена или после. Може недела наутро или вечерта, па остатокот од денот со другари и фамилија.

    На почеток сте, ако сега не створите близина тогаш кога? Љубов преку жици - батали ја таа работа. Зборовите се убави, но делата покажуваат што чувствува за тебе и на кое место си му во животот.
     
  17. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    100 км се плус минус некој.
    Некогаш работи по цел ден.
    Некогаш не.
    Се разочарав кога рече дека е знак прашалник и следниот викенд.

    Како да ја почнам повторно темата?
    Не сакам да изгледа како да го притискам.
    Финансиите не се проблем, воопшто.
     
  18. TheFiend

    TheFiend Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2023
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
    Ako saka ke dojdi. Tocka.
     
    На Mateica и bicycle им се допаѓа ова.
  19. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.946
    Допаѓања:
    8.570
    @bicycle Не сакам да те разочарам, но најверојатно има друга. "Далечината" му е одличен изговор за тебе, а супер начин како да сокрие се од другата.
    Верувај дека нема такво нешто како не можам, изморен сум, роднини, хаос со смени и сл, за личност што actually сака да те види и сака да е со тебе. Да не те испочитува за роденден? Морее :emo:

    По пишувањето гледам дека ти значи и се трудиш, но мој совет е да си уживаш. Не го чекај. Самата кажа дека си пробала да разговараш повеќе пати и завршува со расправии. Не го моли, не му пишувај. Ако и следната 1 недела не се смени нешто, откачи го. Не си го троши времето. И не се секирај, ќе бидеш океј :hug:
     
    На Chini му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Не, нема друга, тоа е сигурно.
    Затоа што рутината му е нон стоп куча посо куча, работи на таква позиција што треба сконцентрираност.
    И додека е на работа комуницираме, и додека е дома.
    Воопшто не излегува, така да таа опција е исфрлена.
    Работиме исто, така да до некаде имам разбирање со смените.
    Ама не знам, ќе почекам уште неделава.
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.