Буквално пред саат време испратив другарка која беше во врска со ваков човек, пред една година и зборев дека нема да се смени, дека џабе му дава шанса, дека тој е насилен и токсичен и тогаш таа немаше сила да го остави, знаш што се случило? Не ја имав видено со месеци и мислев дека раскрстила со него, но не, тортурата траела и траела и сега кога ми раскажуваше ќе се расплачев низ што поминала. Кога собрала храброст да го остави, типот не прифатил, пред три недели не сакала да го пушти во станот, во кој не живее сама туку со цимери(во странство сме) психопатот ја искршил вратата, влегол и го барал швалерот во сите соби, откако не го нашол почнал да крши се пред себе, другарката успеала некако да се заклучи во бања и да викне полиција, додека тој го демолирал станот којшто не е нејзин и во кој не живее сама. Три полициски коли и 7 полицајци не успеале да го смират говедото, преноќил во затвор и пак таа не поднела кривична оти не сака веќе да го гледа ни на суд ни никаде, што мислам дека и е грешка, сега и се заканува дека ќе ја пречека, ќе ја убие не знам што. Ти ја кажувам приказната за да сфатиш дека 99% ќе заврши и твојата вака. Ако ти изгледа на нормално ова, пак немај храброст да го оставиш.
А за што си со него?? Мазохист си?? Не можам да разберам зошто свесно останувате во врска со вакви типови и каква иднина очекувате со нив. Мојов мозок не може да разбере како некој, секоја ден може да комуницира со ваква особа, како можеш да го гледаш, да го поднесш неговото присуство.
Постои нешто што се вика trauma bond. Поради токсичната динамка на врската, мозокот може да стане и зависен. Знаеш дека е многу лошо, но не можеш да ставиш крај. @Angeladarija Не е љубов, но верувам дека ти е екстремно тешко да прекинеш. Затоа мој совет ти е најпрво да го прекинеш секој контакт. Второ, испиши ги на лист сите можни лоши работи што ти ги направил или кажал. Препрочитувај ги секогаш кога мозокот ќе проба да те излаже дека имало и убави моменти, за да не попуштиш.Трето, посети психолог. Излегувај почесто на свеж воздух, започни да вежбаш, насочи ги мислите на нешто друго.
Дали има причина поради која си заљубена во него односно која негова особина ја сакаш?И најважно од се дали некогаш си се осетила сакана од негова страна?Дали ти го сакаш или се плашиш од него?
IMas 26 godini,znaci ne si dete,koja idnina ke ja imas so nego?Razmisli malku,dali nekogas ke imas ubav zivot so nego illi sekogas ke se cuvstvuvav mizerno zaradi nego,da imav 26 ke go oterav u pm ama i sega na 38 mi e gajle,ednostavno moj zivot si te,ne si dolzna nekoj ludak da go odrzuvas vo zivot da si seci kompleksi so tebe,i da imam spieno so pola a i cel rad znaci bilo porano i sega so prajme,neka si najdi cesna zena i neka odi so nea,koja glupost,cupe misli razmisluvaj,ke ti pomini zivotot za dzabe
А ти за себе какво мислење имаш? Веруваш во тоа што ти го збори? Пошто ако останеш уште некое време во врскава и константно го слушаш истото ќе почнеш да веруваш, и тек тогаш нема да можеш да излезеш. Цел пост е само едно огромно црвено знаме, од километар се гледа дека не треба ни минута повеќе да потрошиш на човеков. Чао и блок и мир во душа.
Она нема да го блокне, туку ќе си продолжи со него мислејќи дека ќе се промени. Мајмунов нашол лесна жртва за малтретирање и ќе си продолжи. Колку и да и збориме овде, џабе е, решението е во неа, само нема храброст. Џабе помош на некој што не сака да му биде помогнато.
Ако не раскрстиш, мајка ти што ти ја пцуе во црна хроника ќе те чита. А ако му родиш дете и него ќе го акне од земја, како на сликава: Поздрав.
А зошто очекуваш само од него да доаѓа, ти не можеш да одиш кај него? Не ми е јасно кој е тука проблемот ако дечкото е ок со тебе. Ако си ти послободна и не работиш, оди кај него за викенд да се видите. Толку ли е тешко?
Здраво Скоро дознав за форумот и сега се регистрирав за да ви го пишам проблемот, а се надевам од вас девојките или жените ќе добијам одговор, бидејќи таму каде што очекував не добив. Имав долга врска 13 години се разделивме пред 2 години. Тоа беше доста тежок период за мене. Две години бев затворен дома, имав изгубено секаква желба за комуникација. Бев преразочаран и повеќе не верував дека ке можам да дадам шанса на друго девојче.. После две години тоа се случи. Случајно запознав добро девојче (разлика 6 години). Јас 28, таа 22. Не бев баш сигурен што да правам поради минатото, но решив дека е време да дадам шанса за нов живот.. Излегов со девојчето.. И ја имав објаснето целата ситуација за предходната врска, за лошиот период во мојот живот. Таа исто така имаше преживеано некој непријатни ситуации и имаше разбирање за мене. Се гледавме околу 4 месеци, за почеток не сакаше врска. Сакаше да помине време да се запознаеме подобро, па дури тогаш да одлуче што понатаму. Јас се согласив на тоа. Како минуваше времето јас се повише и повише се приврзував. Ми фалеа такви моменти и затоа брзо брзо се приврзав. Таа ми кажуваше убави работи. Дека имам одличен карактер, дека почнува да чуствува нешто за мене, дека и е убаво кога е со мене. Таа кажа за нас дома на нејзините,на пријателките. Јас мислев дека сум на одличен пат и дека таа е заљубена во мене. Знаеше често срамежливо да ми каже дека ме сака и други убави зборови.. Поминувавме помалку време заедно, таа студира тежок факултет, мене тоа не ми беше никаков проблем. Се чуствував преубаво, мислев дека конечно најдов девојче што ќе уживаме заедно во секој миг. Последните неколку дена, имаше промени во однесувањето, мислев поради факултетот е и дека е само период.. И пишав дали е се во ред, дека чуствувам нешто дека не е како предходно.. На тоа таа ми врати дека сака да се видиме и дека сака да прекинеме секаков контакт. Излеговме и таа ми кажа дека не сака повише да се гледа со мене, дека не е тоа што го очекувала... Ја прашав што е проблемот, која е причината, и не добив некој конкретен одговор, повторно дека не е тоа што го очекувала.. еве веќе 1 недела немаме никаков контакт, а јас постојано мислам на неа и што е причината за да дојде до ова... Вие сте девојки и жени што би ме советувале...? Што мислите вие за ситуацијата..? Дали да направам некој чекор..? Премногу сум збунет, не очекував за ваква ситуација.. многу ми е тешко
@traffika 4 месеци сте се гледале, не било официјална врска. По мое, мислам и двајцата само ви годело обостраното внимание и сте си пополнувале некоја празнина. Таа најверојатно запознала друг. Но, барем се соочила со тебе, не направила ghosting. Немаш вина, едноставно не се разочарувај. Што е твое, ќе си дојде. Дај си време, не приврзувај се премногу за секоја нова што ќе ја сретнеш. Остави малку и времето своето да си го направи.
И двајцата работиме, и не, не можам толку често, бидејќи јас не возам, плус автобуските линии се катастрофа, од мал град сум и после ковидот со автобуските линии не е како што беше. До сега 3 пати бев јас, тој еднаш. За мене не беше тешко и не е тешко, туку тој воопшто не спомнуваше, но разговаравме на таа тема, сега ги среди проблемите и наскоро повторно ќе се видиме. Не сум личност која сака да се наметнува нон стоп и секогаш да биде иницијатор. Ете, тоа беше проблемот, што тој повеќе се фокусираше на работата и друштвото отколку околу мене. Му кажав што ме мачи, и потполно ме разбираше и се извини, па најдовме компромис. Му дадов и ултиматум. Јас знам дека е трошок, но ќе беше убаво да имавме некаков договор. Види, кога сум со некој, се трудам 100% ама кога ќе видам пасивност, се двоумам секогаш.
Во ред, те разбирам, ама во врска на почеток да се поставуваат ултиматуми, не ми е баш ок. Сепак, ако тебе така ти одговара, добро. Важно е да ви е убаво и без притисоци и големи очекувања од двете страни.
@bicycle Епа не може за него идењето да е трошок. И ти кога одиш, а притоа си одела повеќе пати од него, и тоа е трошок. Не ти плаќа општината со се гратис кифла по пат. Не може само ти да даваш 100% и да трчаш по него. Секако, мило ми е ако навистина сте си нашле компромис.
Муабетов ми беше да знам на што сум. Не кога нема со кого па да бидам последна опција. Така се чувствував, па сакав да знам што планира во врска со мене, не пред дејтови едно, по дејтови друго. Се чувствував како да сум последен приоритет бидејќи се му беше побитно од мене. Ќе видиме како ќе биде во иднина, не сакав да избрзам со реакциха, затоа барав совет. Имаше моменти кога мислев дека проблемот е во мене.