Има друг. Само иде од околу демек да не те повреди. Ќе мине не се секирај, си преживел првиот пат, сега ќе биде побргу, ќе си видиш, иако сега не ти изгледа така.
Никогаш не можеш да знаеш на што си, дури и со години да сте во врска, не пак неколку месеци. Ти си го направила своето, време е и тој да се покаже. Ама без притисоци и преголеми очекувања. Ако мислиш дека проблемот е во тебе, најчесто не е, ама и не чини премногу анализирање. Just go with the flow е мој совет, ако сте разговарале и сте направиле компромис, супер. Види како ќе биде.
3 meseci od koga raskinavme sekoj den mislam na Nea , ima li nekakva stručna pomoa devojki ne se zaborava nikako!
@BrainDamage Некои забораваат за 3 месеци, некои после 1 година итн. Секој е различен и нема универзален лек. Многу зависи и каква била врската. Најпрво нешто што можеш да направиш е да си дадеш време. Второ, прифати дека е крај. Ако ја следиш по социјалните мрежи, избриши ја и не и ги отварај профилите. Не мора одма со друга да почнуваш, но вишокот енергија троши го пример на спорт, во теретана или некое хоби.
Здраво. Некое време се мислам дали да побарам некој совет или мислење во врска со ситуација во која се наоѓам во мојата тековна врска. Веќе некое време сме заедно (неколку години во прашање), од секогаш имал некаков, според мене, некоректен однос во поглед на мојот социјален живот. Меѓутоа, скоро имав една ситуација каде излегов на кафе со мој пријател, пријател повеќе од 10 години. Се немавме видено подолго време и случајно се сретнавме во град и рековме ајде на едно кафе на брзина. Мојот партнер ме виде низ град и веднаш тосле тоа ми пиша порака како јас сум го шокирала со тоа што сум излегла, а не сум му кажала. Како не знаел дека јас се уште имам контакт со тој пријател и дека јас сум лажга. Мојот партнер притоа често знаел да има доста изливи на љубомора, според мене неоправдани. Дали во врска со моите пријатели, дали во врска со колегите на работа. Исто така забелешки во врска со начинот на кој се облекувам, а верувајте не се облекувам воопшто провокативно, па дури и да се облекував така, сепак е мое право нели? Со ова што сега се случи, доста сум повредена. Измешани мисли и чувства имам и не знам како да постапам. Не сме мали сепак. Доцни двесетти.
@Chini Сувшно ми е да го коментирам детално однесувањето на твојот дечко, па тебе само би ти рекла, седни, размисли и запрашај се дали си ти среќна во оваа врска? Дали можеш вака цел живот? Притоа понатаму може само да му се влоши однесувањето. Нормален дечко ако те видел, ќе ве поздравел, може и ќе се напиел кафе со вас, а не да се шокира и да драми.
Не коментирам ништо а тој дел каде ти кажува како да се облечеш или што љубоморел за пријател. Само едно ќе те прашам, што ќе направеше ти доколку го видеш твојот дечко на улица со Х девојка (а притоа знаеш дека е дома)?
Мојот дечко беше информирам дека јас не сум дома и дека сум излезена на пешачење. Нешто што редовно го правам. И доколку го видев со некоја што знам која е и дека му е пријателка, со сигурност знам дека немаше да реагирам на начинот на којшто тој реагираше. Можеби би го прашала како испадна тоа да сте на кафе и тоа би било тоа.
@Chini Мене лично не ми е нормално неколку години во врска, притоа повозрасни, а толкава недоверба да се има. Згора на се да те контролира. И благо кажано на кај оди ова?
Тоа е нешто што и мене ме секира, искрено. И не е дека јас немаше да го инфомирам за ситуацијата, тој не сретна само 5 минути од кога се сретнавме со другарот, баш пред да влеземе во кафич. Да седнев, да нарачав кафе и ќе му пишев па и да ни се придружи доколку сака.
Ете го одговорот. Ти така би реагирала, а тој како изреагира? Што имате заедничко во врска со овие теми? Уствари што имате заедничко воопшто и да прашаа на каде мислиш дека ќе ви оди ''врската''?
Ако планираш цел живот да се правдаш да се објаснуваш и да полагаш сметки да се расправаш за тоа што си облекла ... Јас би ти рекла дека треба убаво да размислиш дали сакаш да го поминеш животот со таков човек?
Требал да ти даде шанса да објасниш пред да донесува заклучоци, но искрено мислам дека ова ти е јаготка на шлагот, дечкото е токсичен. Ти треба сама да седнеш прво со себе да се договориш дали си подготвена живот да поминеш по негови правила, постојани испади и испрашувања. Дека е нормално, не е. Ај да речеме да е исклучок ситуацијава, се изненадил, избрзал, но он е болно љубоморен.
Не знам навистина, се чувствувам виновна зошто не му кажав веднаш. Меѓутоа лично сметам дека не игра некоја важна улога времето кога јас ќе го информирам него за тоа дека јас сум на кафе. И секако дека не би сакала цел живот да полагам сметки и да се расправам.. Мој живот е и нормално дека ми е важно како ке се одвива. Тешко е, е личност која многу ми значи и на кого многу сум верувала.