Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Chini

    Chini Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Мене ми изгледа тотална глупост. И јас да се чувствувам толку лошо за вакво нешто.
    Можеби јас грешам. Не знам...
     
    На Ceci16 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Ама не е тотална глупост. Дечко ти ти покажува кој е и каков е. Сака да те контролира и ќе те контролира, ако му допуштиш.
    Ако си го минимизираш ова ко глупост, ко ситница, мал проблем излезен од контрола, многу е веројатно да му прогледаш низ прсти. Се до наредниот пат, каде што ќе биде нешто бетер.
     
    На sweet-cherry и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. Chini

    Chini Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Да, во право си. Овој момент е тоа што мене ме загрижува во врска со сето ова што се случува. Причина и зошто се одлучив да побарам мислење.
    Не знам како не можев и не успеав да согледам до сега. И како да сум била толку заслепена.
    И ова не е единствена ситуација да има вакви однесувања. Се случува преку мојата работа има потреба да одам на патување, иако не е често меѓутоа се случува можеби 1-2 годишно. Тие денови тој воопшто не ни комуницира со мене, а доколку комуницира тогаш е во форма на расправија за тоа со кого сум и што правам...
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Ова е далеку, далеку посериозно од дешавкава со другарот. Затоа што работата ти е битна, ти носи приходи, напредување, осамостојување. Ако ти прави пречки овде, евентуално ќе стануваш се позависна од него и тогаш веќе ќе е касно за се.
    Среќа кај тебе е уште рано, сега гледаш знаци и има време да превземеш мерки да се заштитиш.

    Не знам дали толку љубоморни луѓе можат да се променат, ама во најмала рака мора да поставиш граници дека неговото мислење во врска со твојата работа е нерелевантно. Ако има почит за тебе ќе олабави и ќе ти даде да дишеш.
    Ама од друга страна, да имал почит кон тебе немало ни воопшто да се однесува вака.
     
  5. Chini

    Chini Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Паметот ми го измати човече. За секоја ситуација јас да се чувствувам винова. Аман бре. Милион пати сум разговарала и за се си има оправдување. Тој не оправдувал патување, немало потреба за тоа. Зошто денес си се дотерала повеќе од вчера, кај беше, си се нашминкала повеќе бла бла.. Зошто кафе со пријател.. и што не....
     
    На Bezimenka90 и Polyincognito им се допаѓа ова.
  6. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.946
    Допаѓања:
    8.569
    @Chini Класичен манипулатор. Just run girl
     
  7. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    1.256
    Токсичен е и сака да те контролира.
    Ти одлучуваш што и како, ама не е воопшто во ред ова однесување.
     
  8. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Ок, тој не оправдува, ама ти оправдуваш. Што му е поентата? Зошто неговото вреди повеќе од твоето кога е твоја работа во прашање.

    Мислам...знам дека и самата знаеш, ги знаеш одговорите и знаеш што треба да направиш. Знам дека не е лесно, ама еве пробувај цело време да си ја замислуваш иднината со него каква ќе ти биде. Замисли колку полесно ќе ти биде кога ќе немаш некој што ќе те контролира цело време и ко ќе се осетиш слободно.
     
  9. Dayandnight

    Dayandnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2022
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.496
    Пол:
    Женски
    :hug::hug::hug:
     
  10. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    @Chini типов е класичен манипулатор.
    Немој ама никогаш да се чувствуваш виновно.
    Ти не си во негова сопственост, не си му ни робинка па да ти забранува работи.

    Бегај од типот, направи си услуга и батали го.
     
    На Chini и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    14.555
    Пол:
    Женски
    @Chini јас мислам дека и тоа "случајно" шо те видел низ град не било случајно. Нели знаел дека си излезена и од прилика на која релација пешачиш.
    Веќе ти кажаа, болно љубоморен и манипулатор. Бегај со време.
    Имав јас еден таков, нон стоп ми се јавуваше да ме провери кај сум, од предавања морав дома да си одам и куп други работи. Ко шо викаат си ја имаше мувата на капата. Врската заврши со изневерување од негова страна и многу сум му благодарна за тоа. :D
     
    На Chini и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. Chini

    Chini Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам девојки на мислењата.
    Веројатно и самата си знам само што ми е тешко да прифатам и да прифатам колку години му посветив нему и на оваа врска.
     
    На Mateica, carangigia, Ceci16 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Имам другарка што неодамна преќина ваква врска, малку потешко сфати но ја донесе вистинската одлука, типот толку беше токсичен што едно време таа мораше да пие лекови за смирување.

    Така да, стисни заби и продолжи напред без него.
    Никој не заслужува таков третман.
    Со среќа.
     
    На Chini, AAKG и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.050
    Пол:
    Женски
    Не е важно колку години си изгубила ,не дозволувај да изгубиш уште повеќе. Јас бев во токсична врска 7 години и воопшто не се лажам што сум поминала толку , од тоа научив многу работи.
     
    На Ceci16, cresa-jagoda и Chini им се допаѓа ова.
  15. Mateica

    Mateica Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    2.007
    Пол:
    Женски
    Begaj dusice za da ne premime vo toksicen brak
    Oti nepodnoslivo e ...od iskustvo ti kazuvam :rain:
     
    На cresa-jagoda и Chini им се допаѓа ова.
  16. Chini

    Chini Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите :l:
     
    На Mateica му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.505
    Пол:
    Женски
    А ти тајно си имала контакт со пријателот, притоа криејќи од дечкото? Тој дел не ми е јасен само.
     
  18. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.946
    Допаѓања:
    8.569
    @Peanut Butter Пријателот го познава повеќе од 10 години, ама тоа не значи дека комуницирале 24/7. Туку исто како кога ќе видиш стар пријател со кого не си во чест контакт, па нормално ќе се поздравиш, ќе си помуабетиш. Нема да го одминеш. Основна култура е.
     
  19. Chini

    Chini Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Ништо тајно нема од моја страна. Меѓутоа, сите мои комуникации (посебно со машки пол) се сведени на минимум. Но, јас ниту кријам за моите ставови и за тоа што правам и со кого комуницирам. Сериозна сум и посветено сакав да градам живот со тој човек.
    Со пријателот, а и со други, бевме едно големо друштво пред постепено да почне секој поединечно, нели дали во друга држава, друг град, фамилија, обврски и сл., меѓутоа сите останавме во контакт. Он ми беше еден од поблиските пријатели (машки). Имав две најдобри пријателки, едната замина во странство, другата се пресели во друг град, односно се омажи.
    Јас кога го запознав мојот сегашен партнер, му го опишав целиот мој живот, сите мои пријатели и фамилија. За се буквално за се беше информиран и знаеше работи што не сум ги доверила дури и на најблиски. Уште на почетокот он почна со некои чудни однесувања во поглед на моите пријатели. Имаше ситуација каде баш овој другар ми имаше пишано на месенџер „Како си? Што правиш?„ и мојот почна да се расправа со мене „зошто тој ти пишал и што има да ти пишува??„. Секако јас си продолжив со контактите, меѓутоа тие зборувања континуирани влиаеја на тоа јас да си намалам комуникација и се се сведе на тоа да се сретнуваме дали на празници или рондедени и чат пат ако комуницираме за некој потреба или помош. Често сум дискутирала со него за тоа што е проблемот и зошто јас да не си одржам контакт со луѓе што ги познавам 10+ години и со кои активно сум се дружела. Меѓутоа нема некој релевантен одговор. И секогаш е истото „па јас не ти забранувам се дружиш, ти самата си се оддалечила„. Значи станува збор за другари/другарки со коишто сме иделе заедно по одмори, за викенди, празници, свадби, кои ги познавале цела моја фамилија и јас нивна. Не станува збор за некој познаници со коишто едвај имам едно здраво, па сега јас сум застанала кафе да пијам..
     
    На Ceci16 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.578
    Допаѓања:
    5.727
    Пол:
    Женски
    Самото прашање "што има тој да те прашува како си?", кажува се. Љубомора. Не знам дали разговор би помогнал затоа што се плашам дека од љубомората нема лек.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.