Не знам што те мачи во ситуацијата. Тоа што немаш директен одговор? Дечкото веќе ти дал одговор со тоа што веќе не е заинтересиран за тебе и не ти пишува повеќе. Тоа ти е јасен сигнал да продолжиш понатаму. Во животот, не ти одговара секој тебе, ниту пак ти одговараш секому.
Можеби не си му се допаѓала и не сакал да те навреди,па затоа не покажувал незаинтересираност. А,после тоа сакал да се одалечи од тебе полека,без да те повреди.
Не можеш од старт со некого да почнеш љубовна озбилна врска, вие не се познавате и затоа тој не сака да избрза. Добро е што иницира излегувања, значи сака да те запознае подобро и да минува време со тебе. Многу едноставно не ги форсирсј работите ако треба да биде ќе биде ако не тоа е.
Ако на 27 години не знае да вербализира што осеќа за едно обично, банално гледање и свиѓање, подобро да не дознаеш како ќе се однесува кога хипотетички во животот ќе дојдат битни муабети. Ќе треба да станеш paranormal, да му читаш мисли и за сѐ ти ќе бидеш таа што "измислува и замислува". Комуникација нула. Не ти треба таков, веруј ми. пс. А тоа дека не сакал да те навреди, не би рекла. Пре би рекла дека не сака себе да се става во непријатни ситуации да мора да се објашњава и да троши време.
А кој ќе ти даде искрено објаснување? Секој ќе ти даде некое генеричко: "Не е до тебе, до мене е." Сигурно истото и ти го правиш кога откачуваш некој. Нема да му објаснуваш дека не сакаш да продолжиш затоа што си му ги видела црвените знаменца и кои му се, па реферати да му пишуваш, да се објаснуваш, па жалопојки... Човечки е да се даде искрен одговор, да, ама такво нешто тешко се добива денес, па во ситуацијава каде еднаш излегле, не и дека си должат нешто. Обично во таква ситуација доаѓа до оддалечување и прекинување на контакт.
DAA AMAA na dejtot bese grizliv, prekraseennn..Duri nejkese da si odammmm , a jeste i bese napaden spored mene, sakashe samo da imame nesto...A naravno ja od prv date nemav niso, mislam taak si sakav, toa sum jas takov princip imam nema vrska toa , jas sakav ozbilno so nego, mi kazuvase deka e lojalen i sve ete vidov kolku e...
Ama zamisli uste nesto so ne spomnav, i sakashe da se vidime, se dogovorivme za nekna, ii nisto ☺plan duri napravi coekot aam toa ee...Sega ako pise pak pa jas nema da sakam i gotovo
Излегол со намера: Ете. Машко кога со некоја вистински сака врска и нешто озбилно, не си игра топло-ладно.
Нема потреба од претпоставки. Не, не го правам истото затоа што е кретенски, у најмала рака. Едноставно е, ако некој не ми се допаѓа, не флертувам, не дејтам, не се допишувам, и искрено и отворено кажувам дека не ми се допаѓа. За другиот да може непречено и без трауми и без овертинкинг и без стресови да си бара друга друшка за спарување. Нема потреба од детални објаснувања зошто некој не ми се допаѓа/не ни се допаѓа. Ама да чекам некој сам да сфати дека не ми се допаѓа, да го игнорирам за да сфати, тоа не сум го правела на 20 години, и секако не го правам тоа на 45 години. Малку свест и совест треба.
сама си одговори и јас сум таква и јас им викам дека на прв дејт нема шанси да се деси нешо поише и мене еден после преубаво прво искачање и моја таква изјава, прекина да ми пишува. Така ни прават услуга. Бар од старт знаеш на шо си.
Типот 27 години несериозен и незаинтересиран. Место да ти каже директно те лаже дека се е ок. Не заинтересиран,не знае да комуницира ,27 години многу несериозен ,зарем сакаш таков дечко? Очигледно било супер еднострано. Не дозволувај никој друг да ја мери твојата вредност. Посебно не некој маж. Немој да му пишуваш и да го молиш ,он да бил заинтересиран немало да не се замара со тебе.
Се работи за многу долга врска на далечина, различни градови. Се запознавме преку интернет, никогаш не сме живееле во ист град, вака функционираме со години. Како дечко и човек е прекрасен, но толку години нема напредок во нашата врска, се е исто, никако да мрднеме од почетокот. Млади сме, не зборам за брак, само зборам за тоа што не е одредено кога ќе се реши прашањето со живеалиштето. Кога го запознав беше студент, ветувањето беше дека ќе дипломира за две години највеќе и ќе дојде да живее во мојот град. Дипломираше за дупло поголем временски период од тоа, во ред, се случува, сите сме заглавиле со некој испит, не беше страшно тоа. Дипломираше, рече ќе го среди станбеното прашање кога ќе заврши, ќе барал работа и ќе се преселел во мојот град. Помина уште и уште време од тогаш, работа не најде, не се пресели. Сега најнов муабет е дека ќе бара неколку месеци или година дена работа во неговиот град, па потоа ќе се преселел тука. Му требале пари, триста изговори. Времето само се продолжува. Треба 6, 7 години ваква врска да имаме. Се гледаме еднаш неделно, некогаш еднаш на 15 дена, на одмори или било какви патувања не одиме и од финансиски причини, двајцата бевме студенти, не сме од богати фамилии и си функциониравме така, но тоа е неважно за мене во моментов. Се запознавме доста млади, прва врска сме си еден со друг, но со години нема некој напредок меѓу нас. Се загрижувам за тоа што толку години сме заедно, а јас не знам кога ќе го решиме се ова. Сакам да почувствувам како е да си во нормална врска, да си често со партнерот, да е тука со тебе на настани, да излегува често со тебе. Не знам како ќе функционираме ако сме блиску, сакам да го почувствувам и тоа. Толку долго сум со некој, а немаме ништо проживеано заедно. Го сакам, ништо не ми згрешил, немаме никаков проблем освен ова. Како да ми дава лажни ветувања, а од самиот почеток ни беше договорено каде ќе биде преселувањето, временскиот рок што беше планиран, беше доста пократок од тоа што излезе. Се осеќам очајно, дали напразно си го губам времето, дали ќе вреди врската, не знам. Мајка ми вика залудно си ја губиш младоста, другарки ми кажуваат тоа што сакам да слушнам или "ти си знаеш", а и до некаде не сакам да заморувам луѓе со проблемот. Не е ни проблем, едноставно е тоа дека не ни успеа планот што го имавме. Кога се запознавме и почнавме таква врска тоа не требаше да трае толку долго, тоа и ме нервира. Нема автомобил за да доаѓа често, немам ни јас, ограничени сме на секој начин со години за да се видиме. Најмногу заради финансиски причини, друго ништо. Не знам ни зошто пишав, сакав да видам од страна како делува и што мислење би добила од некој што не ме познава. Дали некој имал вакво искуство со далечина, дали успеавте со врската?
Ти да се преселиш во неговиот град дали е опција? Фрустрацијата ти е разбирлива, колку време нема работа после дипломирање? Како живее, со пари од неговите? Јас би му поставила ултиматум, да најде работа што било, да не те влечка навака натака. Ако не може да најде по струка, да се пресели во твојот град и да најде било каква работа зошто секој треба да работи. Претпоставувам дека ти работиш, ако не работиш, и ти би било убаво да најдеш за да си го олесните финансикиот момент.
Студирам уште, помлада сум од него. Цел ден сум на факултет, не можам да постигнам и со работа во моментов. Најдобра опција ни е тука зошто се работи за главниот град, од почетокот за тоа сме збореле, тој сам и пред да ме запознае имаше план да живее тука после дипломирање, најмногу опции за работа и се имаме тука. Ни одговара според се што сме планирале. Кај него не е опција, мал град, нема ништо за млади... Пола година нема работа веќе. Порано од пари од неговите, сега работи нешто онлајн, колку за неговите трошоци си има за доаѓање со карта тука да си ги покрие и да не зависи од дома за кафе и слично. Сум зборела, еднаш во нервоза му реков дека ќе прекинам врската ако не побрза со преселувањето. Кажуваше дека бил свесен за ситуација, само да сум се стрпела уште малку, барал работа...
А кај би живеел кога би се преселил, сам или и цимери доаѓаат во предвид? Зошто кириите во Скопје не се ефтини за сам да ги покриваш, и плус сите останати трошоци месечно. Мислев ако ти работиш, да земете стан двајцата и да делите трошоци, а така со една плата не е баш едноставно да се најде доволно платена работа, правам муабет за човек без искуство во некоја струка. Ти си го знаеш дали е непотеглив/мрзелив, му се седи во комфор зона, такви работи на секого би го нервирале и можеш да му кажеш пак дека мора работа да најде и во Скопје баш има повеќе опции, само ако стварно постои фактор на пари, треба и тоа да се земе во предвид, ти да завршиш факултет, па заедно да делите трошоци, некоја таква опција.
Со цимери планира да живее, да. Јас живеам со фамилијата, сме разговарале околу тоа да заштедиме повеќе за во иднина да можеме да земеме станбен кредит, да живеам уште некоја година со фамилијата, тој со цимери и да штедиме двајцата што повеќе за да имаме за учество за кредит да платиме за некоја година, да не даваме напразно пари по кирии, да вложиме во нешто наше.. Земам стипендија, собирам се на страна баш за вакви причини и да имаме понатаму малку и за шетање нешто, зошто навистина никаде не сме оделе, а плус е и тој фактор што немаме имотни родители да ни помогнат за стан или било што, се е на нас и мораме да размислиме на сите опции. Ни се погоди ситуација и со пандемијата, многу ограничен период ни беше. Го преживеавме тоа, но сега како да фаќа некој период на монотонија и лутина што планот не ни се исполни. Постојано ова ни прави нервози и го збориме, дискутираме, со никаков ефект. Разговараме доста за иднината, сериозна врска е уште од почетокот, затоа и сакам да успееме. Сме размислувале за сите овие аспекти. Тоа ми е чудно и мене, многу работни места има тука, а уште не успеа да се вработи. Огласи има, аплицира, резултат никаков. Во неговиот град фалеле работници повеќе, никој не сака таму да работи и полесно може да се вработи...
Ако живее со цимери веројатно ќе може да ги покрива трошоците. Види, пак ќе речам, ако мислиш дека е генерално човек што седи во комфор зона, разговарајте. Ако мислиш дека не е тоа фактор, можеби не е лошо и ти да завршиш прво факултет, уште многу имаш? Зошто него ќе му лета цела плата, ако му излезе нешто ти нема да можеш да му помогнеш финансиски, а друго е уште една плата да имате. Или па ако ти завршиш и се вработиш, а не сте во брак, ти да продолжиш да живееш со твоите, твојата плата ќе оди на заштеда за станбен кредит, неговата за кирија/трошоци и ако недај боже утре се разделите, ти имаш заштеда, тој нема ништо. Ако немаш уште многу, јас би почекала со завршување факултет и наоѓање работа, може не е правилно, ама во последно време се е изгор скапо, особено во Скопје. А ако си е непотеглив општо како човек, тоа е озбилна работа што ќе ти се провлекува низ секакви ситуации со него. Зошто има луѓе што испод части им е да работат што и да е, демек завршиле факс, и стварно е демотивирачки да работиш што било, а си учел, ама мора да се работи. Знае англиски? Sales позиции има добро платени во Ск, ако тоа го интересира.
Имам уште години да, на подолг факултет сум, плус планирам и постдипломски после, битни се за напредок во струката во која сум... Да, секако во право си, се согласувам целосно и фала многу што ми пиша. Само што он ќе живееше исто вака да не ме запознал ни мене, затоа од почеток бевме така договорени. Кога се запознавме јас тогаш средно завршував, може и не сфаќав сериозно премногу дека почеток, но тој многу ветуваше и сериозни планови правеше. Ова беше негов план, јас му кажав како е и што е, дека одбирам образование што бара години да вложам, ако му одговара да продолжиме, искрена бев од сам почеток дека не би се преселила кај него и дека со години треба уште да се образувам, а тој тогаш беше повозрасен од мене. Се согласи, рече дека секако ќе се селел тука, само плус било што мене ме нашол, па секако ќе дошол тука. Останавме заедно, врската излезе добра, кликнавме и плановите уште од првите месеци ни останаа нереализирани и по толку години... На почеток јас повеќе бев исплашена јас да не сум проблемот во врската дека бев помлада, тој при крај со студии, мислев ќе напредне побрзо во животот со мене и дека ќе нема да сме на исто ниво. На крај излезе друга обратна ситуација. Само јас бев искрена и свесна од почеток за мојата ситуација, а тој излезе како да филувал малку повеќе или не бил свесен како ќе биде реалноста. Малку е искрено мрзлив, треба да го гурне човек за да му текне нешто, на крај сепак завршува работа, просечен човек е, не е нешто претерано амбициозен, не е ни толку мрзлив. Не дека бара само по струка, размислувал и за други опции, рече ќе проба прво вака да бара по струка, ако не успее ќе бара и други опции, знае англиски да. Фала многу уште еднаш, објективно и детално ми пишуваш, вакво нешто ми требаше.