Епа тогаш нека дојде, па ако ептен не може да се носи финансиски, може и да се врати дома, ништо страшно, ниту пак неповратно или непоправливо. Нормално е да има страв, после дипломирање сите сме биле И што сега? Сам треба да мислиш на се, ама може и убаво да испадне и ништо од стравовите да не се оствари. За салес стварно нека бара, знам луѓе што по 1000 евра земаат со добар англиски, а средна школа, тоа онака ми падна прво на памет, нешто што не бара никаква вештина, освен добро ниво на јазик и да не се срамиш многу од зборење со луѓе. Среќно
Секоја чест на храброста и на времето посветено на ваква врска. Јас иако дупло постара (веројатно, али секако постара) таква врска (доста пократка) не успеав да одржам, ама веројатно затоа што јас сум таков тип. Прашањето тука е уште колку време ќе ви се реметат плановите и ќе се одложува соединувањето, еден од вас веројатно ќе мора да направи поголем компромис за соединувањето конечно да се случи. Некако (од твоето пишување) добив впечаток дека други работи биле секогаш поприоритетни од врската, што е нормално бидеќи сте млади. Е сега, или ти е потребна промена или потребно е ако се сакате и сакате да бидете заедно, да седнете и да ја решите дистанцата, бидејќи има начини, ништо не е изгубено ако човек се потруди. Ама многу е важно и двајцата да ги посакувате истите работи за вашата врска зашто есапите во животот стално искачаат погрешни, тоа е животот.
Во право си, образованието ни беше на прво место на двајцата овие години, сме биле согласни дека денеска тоа е многу важно. Не можам да се пожалам од тој аспект, секогаш ме поддржувал да се развивам како личност и да се трудам што повеќе да успеам во тоа што ми било желба. Исто беше и од моја страна. Стварно е прекрасен човек, вределе сите години што сум ги вложила во врската, не се каам што одбрав ваков тип на потешка врска на некој начин... Моментално не можам да се замислам со друг, не сакам да ја прекинам врската, а според разговор со него и тој ја гледа иднината со мене. Само да се најде решение некое што побрзо, тоа би било најидеално свесна сум и јас, а мислам дека и тој. Само некогаш знае да ми прелета мисла дека некој ако многу сака нешто ќе го направи, си велам можеби си наоѓа изговори, но после кога подетално ќе размислам и од аспектите на Mantub што ми ги пишуваше, сметам дека најверојатно е искрен и само парите и работата се проблем сега. Не сум забележала дека не ме сака или избегнува, самиот кажува зошто не би сакал да сум блиску до тебе и повеќе време да поминуваме, го чекал и тој истото...
Гледај, самата оваа "состојба" ја нарекуваш како чувство дека тапкаш во место, како да добиваш лажни ветувања и изговори. Значи на тебе е, односно се надевам на двајцата да процените дали вреди да се борите за врската и ако одговорот е да, тогаш овие погоре чувства од каде ти доаѓаат? Постојат начини, макар и да се обидете и да не успеете со плановите, барем знаете дека сте пробале. Ако чекате само од себе нешто да се реши, може да се изначекате. Со среќа
@MarijaaM комплицирана ситуација е. Малку од негова гледна точка да гледаме. Од него се очекува да се исели од својот роден крај, да си ја остави фамилијата, пријателите и се што му е познато. Веројатно не е далеку и може да оди дома за викенди пример, и би рекла дека до некаде таа жртва е океј затоа што од почеток на врската сигурно сте се договориле дека ќе е вака и факт е дека тука во Скопје би нашол повеќе кариерни можности. Но, исто така наоѓање работа тука и не е така лесно, соодветни цимери, кириите се прилично високи, сметките исто. Ако сака да оди дома дополнителни трошоци ќе има и за превоз зошто нели нема возачка. Друго нешто што ете забележав, цел овој период од врската дали имате можност за интимност? Тоа е клучен дел од врската. Дали ете можеби сте биле некаде заедно на викенд? На некое патување? Зошто многу поразлично е кога сте на далечина и кога ќе поминувате многу време заедно. Дали мислиш дека можеби има нешто заднинско што го спречува во однос на барање работа и заминување од дома? Можеби некој притисок од дома?
Да, така пишав зошто со години не се смени ситуацијата, како да тапкаме во место со години поради далечината, а кога се впуштив во ваква врска временскиот рок беше многу помал планиран и ветуван од ова. Друг проблем нема, се е добро, сме немале ни некој голем проблем во овие години, ни кавга некоја поголема, затоа и раскинување ми е последна верзија што можам да ја замислам, не сум ја ни размислувала... Фала и на тебе
Возачка има, кола нема, во план е да купи и тоа за брзо, кога ќе поработел. За цимери веројатно ќе се снајде исто, има другари што сакаат да се иселат и се договарале околу тоа. Не сме биле никаде, затоа и пишав. Кај него од финансиски причини, не ни дошло тоа на ред, имаа некои трошоци дома поголеми, некој изгуби работа, кредит плаќаа, здравствени проблеми итн, па имало периоди кога сме немале пари ни за ручек, едно кафе сме пиеле и толку, зошто сме ги давале за превоз тие пари. Не само со мене, никаде нема отпатувано овој период ни со пријатели, ни со фамилија, навистина имаше таков финансиски период. Сите пари на студирањето му одеа, немаше за друго. Се гледаме по дома ако некој е сам или така кафичи, ресторани. Не сме останале повеќе од неколку часа заедно. Мене ми е незгодно некаде да преспијам, а исто и тој не би останал кај мене, во стан сум, незгодно ни е на двајцата. Можно е да има некој притисок или грижа на совест зошто мајка му на почеток викала сите деца ќе ми се иселите, тука толкава куќа ти на кирии ќе трошиш, имаше и болен родител ама се опорави фала богу, не е ни тоа проблем веќе. Брат има и иселен е, не верувам дека затоа нешто би го спречувале. А, може и поради тоа му е жал, дека сами ќе му останат родителите. Сепак, не верувам и родителите негови се свесни дека ќе се исели и дека тука повеќе можности ќе има, сме правеле муабет со неговите, вака не покажале нешто проблем околу тоа. Тоа беше на почеток на врска, години поминаа од тогаш, после тоа не ми кажал ништо такво дека му зборат.
Пишав во друга тема, по после ја видов и оваа... Мене ми треба совет за како да постапам. Работам во кафич и имам доста колеги, така што не се паѓам со сите често во смена. Но имам симпатија кон една од келнерките, но многу ретко со нејзе сум бил у смена, можеби 2 пати у цели 2 месеца, но од тоа што се запознавме, многу ми се допадна, и по изглед, и по карактер. Но поентата ми е, како да се зближам со неа без да биде глупo и изфорсирано. Многу ми е тешко и да смислам теми за разговор и секоја конверзација завршува брзо. Знам дека многу ќе кажете дека не добра идеа за врска со колеги, но и така поради други околности наскоро ќе морам да напуштам така да... Совет?
Можеш да почнеш со некоја тема во врска со работата или некои други заеднички теми ако имате, можеш и да ја прашуваш која смена е и да се смениш за да бидете во иста смена и така да почнете муабет
@Panda23 Хмм, па кога ќе сте на смена, ете заедничка тема ви е работата. Почни од таму, кроз шала некој муабет, некоја интересна случка што ви се десило во кафичот. И од таму надоврзи се со исто така спонтан и лесен муабет, може да ја прашаш дали студира нешто, како и се допаѓа оваа работа и сл. По ова, може и да ја додадеш на социјалните мрежи и од таму веќе е полесно
Малце потешко за менување со смени е овде хахах... Ама ете па од друга страна со сестра и сум во смена
Тогаш ете можеш да фатиш тема со сестра и за неа, сигурно ке и пренесе дека си се распрашувал и после полесно би одел муабетот Или па со неа за сестра и нешто само колку да почнете муабет
Спојлер: Долго е! Се мислев шо да ти напишам бидејќи бев во слична ситуација. Тешко е (длабоко издишав после ова), посебно кога нештото трае со години. Исто имавме еден план, склоп на околности се дуплира времето. Да не збораме за короната, ни гледање, ни можност за да се остварат плановите. После короната рипнаа цени на сè, не е добро време ни за кирија скапа, ни за кредити, посебно за луѓе кои сега дипломирале и немаат којзнае какви примања. Со еден збор - измачување. Многу пати ме фаќаше инает, тага, разочарување, особено кога се споредував со други. Од една страна сакаш да имаш разбирање, од друга си велиш само изговори се, ме матка, ме лажи. Измешани чувства. Добро те разбирам. Не сум добар пример, но би рекла дека ако толку сте издржале можи уште некој период да се издржи, како што кажа немате други проблеми. Но, големо но, само ако финансиите се проблем би имала разбирање. Пробав да се ставам и во твои и во негови чевли. Олеснителна околност е шо се гледате барем еднаш неделно, доаѓа, се труди... И кога би биле во ист град пак толку е гледањето. Според мене за ден плус не вреди да се дава цела плата за кирија, и тоа плата од работа во која не гледаш иднина туку е пролазна. Во меѓувреме нека бара работа по струка во твојот град. Па после ако ти дозволуваат и тебе обврските можите да почните заедно да живеете. Мислам дека ако се работи за заедничка иднина фер е и двајцата да направите некоја "жртва", да не паѓа товарот само на едниот. Во вашиот случај би го сменила срамот. Ако има простор ти да одиш кај него на викенд или тој кај тебе, зошто да не? Друго е два часа заедно, друго е два дена (јас ја немав таа можност воопшто). Ако почни да работи + твојата стипендија веќе имаш финансии и за викенд и за одморче, бидејќи спомна дека и тоа е проблем. Друго ми падна во очи, можеби одолговлекува поради зборовите на неговите. Ако е приврзан толку и ако имаат влијание врз него нема да се пресели ни по година ни по две. Можи и сам е во конфликт со себе, сака да се пресели ама потсвесно размислува и за семејството. Тогаш имаш поголем проблем. За тоа треба или сам да сфати шо сака и да е 100% искрен со тебе или времето ќе покажи. А времето е пари, поточно нерви. Се изнапишав, така размислувам јас, тоа сум преживеала. Не си сама.
decki deckiii itno mi treba sovet. imam 17 god i vo vrska sum vekje 5 meseci so eden dechko. mi smeta neshto kaj nego a toa shto 200 pati na den mi veli deka me saka, sum bila najubava, plus premnogu overthinka, mi kazhuva chesto kolku mu e strav da me izgubi, ke nemozhe da zhivee ako go ostavam... se toa mi stava nekoj tovar deka ne smeam da go ostavam, jas ne planiram ama mnogu nekako toa me gushi, ete i po shkolo i koga sme zaedno celo vreme saka da me gushka i mnogu zamisluva idnina so mene, a znaete shto, mene toa mi e i malku cringe. mislam jas go sakam i sakam dobra vrska ama mnogu mi smeta se ova, kako da e opsedenen so mene, shto da pravam??? ps. mu rekov deka vo petok treba da zborime neshto vo grad i planiram ova da mu go kazham deka mi smeta, ama ne znam kako da se izrazam....
Многу сум љубоморна, партнерот на фб глеам следи женски некои, плус ги додава за пријател. Ми иде да му го земам телефонот и да ги избришам сите!!! Све мислам дека нешто сака со нив или негде седеле заедно... Такви мисли ми се вртат низ глава. Не се работи за тоа јас дека имам ниска самодоверба туку за трауми од претходни врски, секој бивши партнер ми правел нешто позади грб. Какви све не муабети сум читала по социјалните мрежи на моите бивши... Што да правам? Дали да му дадам до знаење да престане да ги додава на фб, бидејќи тоа ми смета и ме вади од кожа? Совет?
Да му кажиш директно дека ти смета, и да го прашаш што му е целта, зошто додава женски кои сигурно не ги познава
Можеш да му кажеш дека ти смета ама првенствено е твоја кривица, прво треба да ги излечиш траумите од минатото па да бидеш со друг, бидејќи никој не е должен да трпи изливи на љубомора и бес заради некои претходни, барем така мислам јас
Искрено, не е толку до тебе проблемот ако партнерот додава рандом непознати девојки додека е со тебе во врска. Скроз е нормално да ти засмета ова, прашај го со која цел ги додава.
И ќе почне она MindFuck верглање на мозок, па како така ти не осеќаш како мене, јас тебе многу те сакам ако ми раскинеш ќе умрам .... И го глеаш за 3 години оженет и со 5 деца околу него класичен манипулатор ти набива ко вина да осеќаш ако го оставиш јадна жртвица да биде знам ја такви случаеви па затоа ти викам тоа се брате трауми ... Лудило мозга али ајде млади сте ќе сватите