Бившиот пробува да направи да се чувствувам виновно бидејќи раскинав, не ме остава на мира Спојлер ама зошто се машките вакви...
@sj *O* Бидејќи тоа е класичен потег на манипулатор. Ја утнал страшно, одговорност е непознат поим за него, па ај ти си крива. Немој воопшто да си се нервирала за него. Со обратна психологоја или пробува да те врати или чисто да ти го расипе моментот, немој случајно со друг да тргнеш. Најдобро е да го игнорираш и да не покажуваш слабост
Пробва да ме врати. Но со то шо неам веќе сили и нерви да сум со него, тврди дека воопшто не сум го сакала, дека сум го мразела, дека сѐ било залудно
@sj *O* Не си го сакала, ма немој. Баш требало да му речеш, и тој тебе да те сакал, немало зад грб да прави глупости и самата врска да си ја прокоцка. Дефинитивно не е на тебе да докажуваш дека си го сакала. Си го покажала тоа и повеќе од доволно. Ова го прави намерно, знае кои копчиња да ги притиска. Знам дека е тешко, сепак ти бил интимен партнер. Но, знаеш и самата ако се вратиш, пак ќе дојдете до истата точка. Со патолошки лажливци нема светла иднина. Секако одлуката е твоја. Ако не планираш враќање, мора да го блокираш од секаде. Бидејќи вака само ќе те малтретира за да се осеќаш лошо.
Ќе бидам кратка,,,имав дечко очигледно беше само некој кој ме лаже, по идеа на другарка дека и се фалев колку е он само искрен и добар да го провериме на фб (немојте да осудувате) дознав дека наместо да се видиме вечер ми измисли банална причина ќе му доаѓала тетка му од Австрија, наводно дечково вечер ќе се види со една девојка кај него во кола....претпоствувате што, пукнав полудев еве не знам се се издаде од лажниот другаркава не знам како го замаја толку да каже , намерно му пишавме хехе ајде да пратиш слика вечер со неа некако не ти верувам блабла и овој вика добро ќе пратам ама морам да ја натерам да се слика со мене , ама некако ќе пробам бидејќи нејзините родители се многу строги и ''би ја убиле'' да дознае дека отишла со некој така, ќе ве замолам да ме сфатите и мене да не ме осудувате доволно ми е тешко што дечково ме лажеше и се правеше фин кој знае која му е оваа по ред и колку ме лажел сум била будала ,пак ќе кажам не ме осудувајте, се мислам кога ќе прати слика и сето лошто што го напиша за таа девојка со која ќе се видат вечер да пратам на нејзината мајка од лажниот сакам да му направам проблем не сакам вака да остане се чуствувам ужасно испив дијазепам не знам многу се разочарав му верував, но од друга страна сакам да му направам нешто!!!!!
@Ta-mara Girl, откачи го. Не вреди. Сабота е, убаво време, дотерај се, излези си со друштво на коктели, have fun Те разбирам, лута си, кој не би бил. Но, најдобра одмазда е да го оставиш и притисни игнор. Вака најмногу ќе го заболи. А по твојот план, најмногу тебе ќе те заболи, trust me.
Исто мислам, плус членката пишала била под стрес, тек каков стрес кога мајка и ќе им врати на пораката, кој знае и таа како би реагирала
Највеќе ме иритира кога ќе ги нападнете девојките ко да се криви. Абе дечкото е крив разбираш. Батали го овој будала.
Се согласувам, тој е крив што не ја одбил, ама таа сигурно знае дека има девојка, не знам, сакам да му направам нешто не сакам така да остане
@Ta-mara Најчесто во такви ситуации, мислиме ќе се "одмаздиме", тој ќе плаче, ќе биде повреден, засрамен, ќе се извини, било што, но страшно колку не е така. He already doesn't care. Може само дополнително да те повреди, да те навреди и уште толку ќе те заболи кога ќе сфатиш колку не му значиш и каков е навистина. Биди попаметна од ова. Едноставно откачи го и покажи му дека баш ти е галје. She can have him. Вака ќе го заболи барем егото.
Нема да знае дека сум јас бидејќи секако тоа од лажниот профил сакам да го направам, ама ми е страв некако, знам дека нема да се замара ама на девојката нема да и биде сеедно и ќе се скараат или не знам
Зашто правите проблеми кај ги нема бе луѓе, се покаже некој лаже, избришете го од животот и готово, тешко лесно, тоа е, нема лесно денес, сите лажат изневеруваат такво време дојде
Таа дали знаела или не, не е твоја работа. Твојот има девојка,а се лета по други. Ако не е она ќе е некоја трета. Размисли. Најјако што можеш да направиш е типов да го блокнеш без збор секаде. Игнорот боли највеќе.
Јас би го следела и кога ќе се паркираат некаде ќе отидам да му дадам кондоми и ќе му кажам "за да не гледаме туѓи деца". Потоа му блокирам број и ќе си излезам со другарки. Па нека се чуди. Знам звучи како сценарио од шпанска серија, но сакам адреналин.