А што ако веќе знаела дека дечково е зафатен, и на нејзе не и чуе, нит на дечково. Малку сурово, ама ако мислиш дека со праќање порака на мајка и они нема веќе да се гледаат (или дека ќе се засрамат, ќе ти се врати....), има големи шанси да не успее тоа и да продолжат со нивното. Некои луѓе се лице опинок а ти само себе ќе се понижуваш со праќање пораки. Блокирај го од сите страни и не се ни мачи да се објаснуваш.
Здраво женски,веќе неколку месеци сум во врска,се чувствувам прекрасно,сакано како никогаш до сега,почитувано и многу среќно.Последната недела така наеднаш дечко ми го фати некој чуден период(што му се случувало често во ова време)некако самата волја и желба му се намалија,не за мене,општо за се,се затвара дома избегнува да комуницира,сака да се затвори во себе,искрено не знам како да му помогнам а сакам да му е подобро.Се трудам да излегуваме да збориме на убави теми да не мисли на лошо,се е многу убаво и кога ќе излеземе ќе ми каже те сакам полно со чуства,ќе ми каже дека му е многу убаво со мене и дека е свесен дека е тежок период и дека не е во ред,како да има грутка некоја да заплаче не знам,некоја со слично нешто,знам дека е период само,читав дека се појавува некаква пролетна депресија овој период кај многу луѓе..не знам се изморив психички од мислење многу како да се средиме,како да постапам,не сакам да се оладиме еден од друг бидејќи тоа ќе донесе па други нови проблеми… Ве гушкам
Најпаметно е да не правиш ништо. Ете сам ти докажал дечкото дека не си му преоритет. Плус колку глуп човек може да биде ако не може да препознае лажен профил? Работи на себе и најди си друг. Плус дали учиш нешто или работиш? Посвети се на тоа. Вака со овие одмазди само моментален его-буст ќе си направиш и ништо нема да добиеш на долга релација.
Тој се сомневаше дека е лажен профилот ама и дадов на другарка да збори и се увери некако плус има доста слики убедливо е кога ќе разговараш со некој , инаку дознав дека со таа што бил, татко и нејзин , неговата поранешна девојка му била швалерка а он сега бил со ќерка му негова.........немам зборови на каков човек му верував, дефинитивно останува само да го блокирам т.е. веќе го направив тоа, овие не се нормални, страшно е кога човек ќе влезе во врска со некој што слабо го познава, отворете очи! и понекогаш лажните профили може доста да ви помогнат, фала на одвоеното време на сите , во право сте , штом татко и ја изневерувал жена му а има 2 деца возрасни што повеќе да се каже, не верувам дека би го интересирало да му праќам што прави ќерка му кога тој не е ништо поарен, ми се згади од човеков.
Можеби има некој проблем дома и затоа е таков как што ти изгледат. Нема потреба да се оптеретвиш пролазен период е на сите ни се случило. Можеш само малку да го заинтересираш кон тебе уште повеќе со тоа што би му ги одвлечила мислите од тоа што е депресивен.
Здраво девојки. Веќе некое време ме мачи една работа. Дечко ми има обврска неколку пати во неделата да оди во пошта(да заврши работи за во фирмата во која работи) Јас и тој честопати знаеме да се нашалиме и да сме слободни како демек ,, ејј ама е добра,, и слично. И знам дека сите загледуваме и имаме очи. Низ муабет ми има кажано дека има ,,добри типки,, во поштата кај што оди. На што изреагирам као океј баш убаво. Овој муабет може ми го рекол пред месец два дена. Денес чисто онака му го отворив профилот и кликнувам на најновиот следач, одам на нејзиниот профил и пишува дека работи баш таму кај што тој оди. Нели сето ова е премногу од негова страна? Се разочарав скрос. Немам никако изреагирано за да не бидам брза. Што би направиле на мое место? Би оставиле онака како да е најнормално, би го прашале?(ова нејќам зашто ете мислам дека залудно е прашањето, што и да кажи нема оправдување) Можеби би го провоцирале? Или најпрво тајно би провериле во телефонот? Знам дека звучам психопатски но многу се разочарав. Тој отприлика знае дека ми сметаат таквите работи. Од друга страна јас никогаш не играм такви игри. Не ни враќам на фоловнувања од други машки, не ни праќам намерни погледи спрема друг кога сме заедно. Загледувам типови кога сум сама да, но никад не би го заследила. Зошто ми го прави ова? Дали сум премногу добра..... Се друго нормално функционира во нашата врска.
@Bellaa1234 Зборувај со него и ноншалантно, отворено прашај го од каде на каде се додале? Најдобро е отворено да комуницираш и да си кажеш доколку нешто ти смета. Штом ти го почитуваш и не заследуваш рандом машки, фер е и тој да не заследува секоја која ќе ја сретне. Макар и доволно глупо ми е да ти раскажува кај работеле "добри типки". Со која цел, да те прави несигурна или што?
@Bellaa1234 И тоа си во право. Може и не се ни запознале, тој ја пронашол на Инстаграм, се си бива. Во секој случај, пак е во ред да го прашаш. Нас барем интуицијата никогаш не не лаже Ти го познаваш најдобро. И ова првпат да се случува, да додаде вака некоја девојка или пак нонстоп додава секакви, прашај го слободно и процени му ја реакцијата. И кажи му дека ти пречи. Зошто да си несигурна или пак, да се нервираш. Секако не вреди.
Работеле млади во пошта? Мене се некои стари теткици ми се погаѓаат што едвај куцаат на компјутер, 10 минути чекам за да подигнам или платам нешто.
Има додавано но ситуацијата ми падна во очи. Јас веќе се нервирам. Заради што сум предобра ама изгледа грешам. Ете изгледа не го познавам. Ама чуствувам дека ме сака, го имам тоа чувство. Затоа сум и збунета. Ако ја отворам темата и го прашам знам дека ќе се скараме и ќе му прекинам. Затоа што нема да се извади. И ако не преќинеме знам дека ќе се оддалечам премногу. Или можеби ќе ми рече еве провери види. И уште толку ќе му подигнам егото. Од друга страна никад додека сум со него не сум избацила нешто провокативно за ,,другите,,. Не сум го правела љубоморна. Туку цела доверба ја има. Баш како што една дама што треба да се понаша. Но со ваквите клошарски постапки незнам како треба. Незнам
И не е битно дали во пошта,банка,маркет,кафич, ресторант и слично. Сакам само да ја доловам ситуацијата.
@Bellaa1234 Не мора бурно да реагираш при комуникацијата. Почни некој муабет, речи ти излегла во предлози за пријатели и си го видела него како заеднички пријател. И така спонтано, демек првпат гледаш дека ја заследил и прашај го, која е и сл. И види како ќе изреагира. Ако ти смета, разговарај. Или пак, ти преостанува во следниот период да си со по отворени очи.
Или тој да даде отказ во фирмата каде работи, па да не оди во пошта, или ти да се вработиш во пошта и да бидете колешки со потенцијалната швалерка. (П.С. зш бришете коментари без везе?) #сарказам
Премногу си добра да, и му имаш здосадено изгледа сака да мрдни со газето, вракај со иста мера,да осети иначе ништо.. @Radler Веројатно мисли на овие брзите пошти новите
Прв проблем е шо се плашиш да разговараш. Него кога не му е срам, нема зошто тебе. Ако реагира бурно ти е доволен знак. Нека е заостанато сфаќање ама едно е да речиш на улица еј каква женска, друго е да ги додаваш. Освен ако не му е за работа, тогаш која е целта?
Ако сте подолго време заедно слободно кажи му,не вреди да се измачуваш за такви работи,кажи му ми пречи и готово,нема потреба да дава повод на други женски ако е со тебе,искрено да ти кажам секое машко го прави тоа,но имај свој став и стој си зад тоа,ми смета и готово.Кој треба да му е побитен?Ти или они?
Па мислам дека нема машко што не погледнало друго девојче покрај женскататоа е природа сепак,зборам да погледне,се друго веќе е непочитување