Да ми каже некој дека нема да се гледаме некој период, да сака да раскине, ќе му направам услуга и никогаш повеќе нема да ме види. Годините не се битни, битна е почитта, љубовта, желбата да се биде заедно а не нон стоп да се понижувам и да молам да бидеме заедно. Не 6, колку сака нека бидат, ќе си заминам и никад више нема да се понижувам. Не знам зошто толку молење, форсирање, напнување. Замини си.
А чекај да те прашам ми забоде очи нешто ако некоја девојка има слики "провокативни" тоа значи дека се слика за другите т.е се нуди на изволте? Таа е распуштеница, лесна а ти си самовила? Кое размислување во 21 век
Здраво девојки,ако има некоја расположена да ме сослуша во порака нека ми каже,ми треба малку утеха и совет
Тој ниту те сакал,ниту знае да сака.Продолжи си со животот без него,не вреди ни да помислиш а не па да зборуваш со него.Ете убаво си пишала среќата не се гради врз туѓа несреќа,така да прашање на време е кога ќе раскине и со новата девојка.Овај не е човек идиот е за кој не вреди да го молиш.
Луѓе во шок сум...бившиот потајно ме сликал гола кај него дома уште кога сме биле заедно (без да знам и без да дозволам), сеа ми ги покажува сликите и ме уценува со нив...јас ќе полудам од овој чоек...шо да прам
Дали е сериозен?детиште. Па ти си била со него тогаш тоа не е ништо срамно,сите сме биле голи пред своите партнери,ама он е ненормален што го искористил тоа,како те уценува,ти бара нешто?
@sj *O* Пријави го во полиција уште утре, ич не го мисли. Редно е на погруб начин паметот да му се дотера и да те остави на мира.
Како не му е срам бе да се засрами, ни малце машкост и достоинство. Па и екс да е девојка, срамота е да покажуваш слики, мислам втф, че викниш другари и че речиш е ова ми беше женска? Детиште недораснато.
Пријави го. Чувај докази од разговори, четови каде ти се заканува. Ќе јаде кривична пријава, а пошто те сликал без твое знаење, може и затворска ќе биде, не само условна.
@sj *O* Мораш да бидеш поцврста овој пат и да не му покажуваш страв. Затоа пријави го first thing in the morning, па да видиме кој со што ќе те уценувал.
Аууу многу паметно направил,батали го и слободно пријави,како да е нешто срамно што си била гола,интимност е тоа,твое си е,како смее да користи така
Јас незнам колку болен треба да бидеш за да си ја фотографираш девојката без нејзино знаење, не гола ни облечена нема право да те слика ако несакаш... Пријави го, си требала веднаш штом ти се заканува да го пријавиш, не се расправај со него нема да се разбереш со таков, само пријави го.
Јас би го прашал и што е поентава на сето ова? И ако ти пиши нешто во стил заканувачки, да го пријавиш, и да разговараш со твоите ако имаш браќа, братучеди да поразговараат со него.