Ако те уценувал, закана е, и да не те уценувал ако кажеш дека те фотографирал без твое знаење и дозвола и тоа е кривично дело.
Шо ако има провокативни скриншоти (по гаќи маица) од мене без моја дозвола и знаење? Или само ова е кривично дело
Не знам. Ако ти се заканува и уценува, тогаш може да го искористиш. Ако те сликал само, без твое знаење, зависи каде е направена сликата. Ако е на public place, или кај него, има право легално да те слика, и авторските права се негови. Ама сепак, oва адвокат повеќе би знаел да даде точен одговор.
Незнам точно, според мене не во ред без да му дозволиш да чува твои слика, ама сепак ти си му припаќала, незнам баш како на тоа се гледа според законот. Ама каква и да е слика без твоја дозвола нема право да ја објави никаде (твоја слика).
@sj *O* Пријави го за вознемирување. Кажи дека си му раскинала, тој не престанал да те контактира и дека последно ти испраќал твои интимни слики, за кои не си ни била свесна дека постојат.
А како те уценува со шо? Дека јавно ке ги објави сликите ? Каков идиот не ми се верува, немој да му покажуваш страв
There is no law preventing people from taking photographs in public. This includes taking photos of other people's children. If you are taking photographs from private land, you need to have the land owner's permission. Taking a photo of a person where they can expect privacy, such as inside their home or garden, is likely to cause a breach of privacy laws. Не знам како е точно законот, ама за да слика, мислам дека не е кривично дело, но ако дистрибуира, се заканува и уценува, тогаш се гони кривично. Сепак, не знам дали е ова точно, треба адвокат да каже. Замоли го да ги избрише. Ако не сака, закани му се дека ќе го гониш кривично. Најди некој случај од Македонија што веќе некој одговарал за слики и уцени, за да се откаже од идејата да ги чува.
@sj *O* Ма иди си ти сепак во полиција и кажи им како што е. Тој те вознемирува, а сега убаво знае што прави со тоа што те пецка со слики. Ако ништо друго, може барем да го посетат и усно да го опоменат. Па валјда ќе престане да те замара.
Сака само да те исплаши, баш покажува колку е маж, неиживеан идиот! Игнорирај го па да видиш дали ке те вознемирува и понатаму ..
Па реално можеш и веднаш да пријавиш да не чекаш , ја мислам дека само сака да ти влие страв шо и постигнува моментално шо е и нормално .. цц
@sj *O* Веќе извесно време те малтретира со обратна психологија. Да сакаше да направи нешто, до сега трипати ќе го направеше. Класичен манипулатор е и бидејќи виде дека не му упали ниту една тактика да те врати, сега ти ги притиска копчињата на слабост. Да се уплашиш, да живееш во страв. Кога ќе одиш во полиција, слободно додај дека и во живо те вознемирува, не само по пораки. Мораш цврсто да зстанеш и да не му покажуваш страв.
Страв ми е дека нема да престане да ме замара дури и после пријавата, шо ако ми иди дома да му ги покажи сликите на моите
Уште утре заедно со адвокат и во полиција ( секако со адвокат за разговорот во станица да биде човечен ) Иначе дечкото многу добро знае што пишува за да биди тешко докажлива закана. Пробај искомуницирај ти со него и за да го навлечиш барем некако да признае дека сликите што ги има направено се направени без твоја согласнот и така да имаш основ за кривично гонење и за тоа. Секако во станица напомени и дека те следи и не ти дава мир тука има основ и за кривично гонење. Ако немаш адвокат ти ја препорачувам адвокат Катерина Котевска ако сакаш пиши пиши во ЛП ќе ти дадам бројче.
@sj *O* Зошто толку му се плашиш? Тие фотографии се направени без твое знаење, но се направени во тек на врска, во која е многу нормално човек да е интимен. Не си ти таа која сторила кривично дело. И да дојде дома, прво кој ќе го пушти. А па и да им ги покаже сликите на твоите, големо чудо. Ти си им дете, нема да те исфрлат на улица. Не дозволувај стравот да те надвладее. Не имаш нас тука за поддршка, разговарај и со најблиските и правац во станица.
Објасни им на твоите, ќе те разберат. И ќе застанат на твоја страна. Секогаш бирај ти да им кажеш него ли да дознаат од некој друг. Така нема да ги фатат неподготвени. Ти не си направила ништо за срамење.
Направи скрин на разговорот или некако обезбеди доказ и дај му ултиматум или за 24 часа ќе избришеш се и ќе ме оставиш на мира или ќе те пријавам во полиција.Ако продолжи пријави го.Не си ти играчка па како што сака да си игра со тебе.Идиот невиден.И да ако има такви слики ќе одговара кривично и за сликите ,а и за уцена ако те уценува.Ама и јас мислам дека само ќе те плаши нема да направи ништо.Не треба да му попушташ,не му е прв пат на тој идиот само нешто изведува да те малтретира.А што ако им ги покаже на твоите мислиш има таква храброст,по мое мислење нема.Храбро и не се плаши.