Немојте да ќутите, секој кој што ве вознемирува, малтретира одма да го пријавите. Никој не е должен да трпи психопати @sj *O* си постапила онака како што треба
Како да ја разбереш испаничена е и тука ќе се вртат имиња на адвокатки или адвокати, а тие бесплатно не работат. Ама па во ситуацијава ако и се трошат пари зошто да не искористат адвокатчињава, многу успешни штом се рекламираат по форумчиња. А во право си дека може и сама да се застапува.
Очигледно за мене се однесува ама вака да ти објаснам.Јас адвокатката ниту ја знам лично ниту имам некаква корист,ама ја знам од групи на ФБ и жената многу пати бесплатно се понудила за совети и слично.Смањи доживљај сите сакаат да помогнат на девојчето и ја предложив зошто мислам дека ќе излезеше во пресрет.Ако бараше финансии за консултации ќе се бараше чаре.
Смањи ти доживљај, не се однесува конкретно кон никоја. Ако читаш со разбирање ќе сфатиш што пишувам, ако не епа тоа е ќе си се наоѓате вака да скокате без потреба.
Зошто да не се препорача адвокат, грев ли е што сакам да му помогнам на девојчето, да му препрочам одлична адвокатка која работи случи од таа област и има голем процент на добиени предмети, како еден пример само ќе го земам случајот јавна соба. Може сама да се застапува да но тоа води само кон едно големо ништо, на крајот само ќе и набијат чувство на вина знаејќи кој се работи во МВР, секоја чест на исклучоци. Додуша во последно време ете нешто работат МВР на оваа проблематика но сепак без адвокат води кон една обична 0 ( нула ). Во МВР и СУД без адвокат не се оди било да одиш во својство оштетен, обвинет, осомничен или сведок.
Да, грев е според правилата тука не смее некоја сама да се рекламира, ти адвокатка беше нели? Може и сама да се застапува ако добро си ги прочепка законите и подобро од некој такозвани звучни адвокатски имиња. Пишав јас и погоре ако решила да си троши пари нејзино право, со среќа да и е.
Ако ме разбра јас пишав најдобро е кога имаш знаење, ама за тоа треба мозокот да ти работи и време за да прочепкаш низ законите. Која како сака така нека си прави, нејзино право.
Јас студирам право уште не сум адвокатка. Не може сама да се застапува верувај, веројатно си свесна каде живееш, колку и како институциите постапуваат по пријавите на "обичниот " граѓанин без заштита од адвокат или некој влијателен.
Може ако ги барата законите. Може да си се застапува многу подобро од некои адвокатски имиња кои се само онака мех ама врти ги сучи ги секаде ќе си протнат реклама. Знаеш каде живееме, севсна си де Да не се валка темава со секакви ликови кои не ја разбираат мојата поента и истата на @Abel ај доста е.
Точно е да има неискусни адвокати, и добро е што постои некој што сака да и помогне. Биди среќна барем тоа.
Многу разумна постапка и од МВР ќе е посериозна работата кога имаш адвокат да ги "притиска" а и дотичниот ќе си ја добие по заслуга. Нека ме поправат правниците, но тој што губи на суд покрива и судски трошоци и адвокати од 2те страни во вакви случаи? А нејзините трошоци ќе се помали. Ако е вистина, тогаш секогаш е подобро да се пристапи кон стручно лице и помош. Сепак тоа им е работа.
Ако немаш адвокат или некој влијателен џабе е законите да ги знаеш и со точка и запирка ништо не помага.
Да, точно е. Така беше и мене кога ме нападнаа на работа еднаш, инспекторот ме советуваше да си фатам адвокат да ја тужам ама јас не сакав бидејќи девојчето беше сиромашно,мајка и болна остана само на казнена евиденција и немаше потреба да се развлекува до таму. Иначе, во случајов не верувам дека би се продлабочило до толку но нека има грб.
Мора адвокат. Сама неможи скоро ништо пошто сликите не се објавени на нет туку само и се заканува. Во тој случај мвр ќе даде одговор "сами да си го решите приватното недоразбирање" Адвокатот ќе си поднеси тужба и ќе си ги наплати судските трошкови од лицето на кое гласи тужбата. Судот ќе поднеси пријава кон обвинител и тогаш ќе добие забрана за доближување и условна казна,парична казна и да ги плати сите судски трошкови.
Сам само во гроб се оди. За се друго мора грб во нашата монкидониа. Земи си адвокат, само така ќе те сфатат сериозно во полицијата инаку нема ништо да направат.
Полека бе луѓе. Немав намера да ја одвратам од консултација со адвокат, абе некој на форумов дали знае што значи прашалник, буквално прашав, поставив прашање (?), бидејќи не знам и затоа прашав ЗОШТО е потребен адвокат, освен ако таа сама сака да покрене граѓанска постапка. До МВР ако поднесува пријава, МВР ќе го направи по службена должност, таман работа за секоја пријава до МВР да ни е потребен адвокат, па плата само за тоа ќе оди. Значи прашање беше.
Секој има право да побара стручна помош, макар и совет од адвокат за да знае како да постапи. Затоа има факултети за различни дејности, таму се учат закони... и да, точно е за споменатата адвокатка дека во повеќе наврати не наплаќа за помошта.