1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.575
    Пол:
    Женски
    Луѓе дали би сметале за неверство доколку со некој сте на пауза без договор дека пак ќе бидите заедно и он си фати нова девојка, па потоа се мирите се е супер исто како порано дури и поубаво, се извинувате како најголема наивна будала мислејќи дека он пател по вас цела година, и на крај дознавате дека тој си имал супер девојка покрај него само не им идело девојката загубила интерес и го откачила, па потоа ми се извинуваше затоа што тој дури беа заедно јас пишував пораки дека ми недостига, дека мие жал.. Он не враќаше, а да ми кажеше дека има девојка нормално немаше да пишам, да се бламирам и понижувам. Сега е се океј разговаравме вчера ама неможам да се помирам не сфаќам зошто и што ми се случува не се чувствувам исто кон него, не го гледам исто,а нејќам да го изгубам.. Нормално е ова? Што би направиле вие?
     
    На Ceci16 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.125
    Пол:
    Женски
    Не знам како имате толку време за трошење, цела година да го молам а он да си фати нова, и кога таа ќе го откачи кога ќе нема со која да биде да бидам јас.
    Море мрш таму. Ничива втора опција нема да бидам, толку имам да кажам на темава.
     
    На Nela678, Bezimenka90, crimson и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.326
    Допаѓања:
    4.591
    Пол:
    Женски
    Да го оставиш, не се секирај ке ти помини. Времето лечи се АМА немој да бидиш нечија последна жица на виолината
     
  4. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.673
    Допаѓања:
    23.684
    Пол:
    Машки

    ај вака математички да разграничиме некои работи.

    Сте биле заедно. ТЕ ОТКАЧИЛ.

    Барал подобра, изглеа не ја нашол, или па го откачила таа. Се врати кај тебе и те моли, ја да сум ко тебе че го заебам, зато што првично ни те ценел ни сакал искрено. :)
     
    На baby-star, penelope10, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.575
    Пол:
    Женски
    Не, го откачив.. Затоа и се извинував преку пораки..
     
  6. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    9.900
    @Purelove92 Мене лично пауза ми е во превод изговор да се биде со друг, па ако не успее, ќе се вратиме ај.

    Дечкото ниту тебе, ниту друга сака. Тој се сака самиот себе, па редно е од него да земеш пример и себеси да си се ставиш на прво место.
     
    На Bezimenka90, crimson, penelope10 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.575
    Пол:
    Женски
    Не убо се изразив најверојатно јас ја прекинав таа врска и он по некое време почна да излегува со друга, пред една година излегуваа и раскинаа.. Сега мене малку најверојатно ме јади љубомора или некое каење.. Појма немам
     
  8. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.575
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам, ама проблемот е што јас го оставив едно добри две години..
     
  9. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    543
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    Барем малку да те почитувал немало да те игнорира само туку од почит ќе ти кажел како стојат работите односно дека има девојка. Девојката го загубила интересот го откачила и тогаш на него му текнало да ти се врати на тебе?
     
    На buba4e89, cresa-jagoda, Purelove92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.673
    Допаѓања:
    23.684
    Пол:
    Машки
    Батали го.
     
  11. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    9.900
    @Purelove92 Било што било. Секогаш може да ја промениш ситуацијата. Па така, одлуката е на тебе, цени си се повеќе и не биди ничиј резервен план:*:
     
    На baby-star, cresa-jagoda и Purelove92 им се допаѓа ова.
  12. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.575
    Пол:
    Женски
    Па одкако јас ја прекинав таа врска легитимно е да продолжи со животот, океј тоа, јас потоа му се извинав за тоа што го повредив по една година и кусур затоа што морав прво да поработам на себе али можеше да ми кажи дека во меѓувреме негде имал девојка, а не да дознавам од кога се смиривме.. Вака сум цела збунета. Знам дека го оставив, знам дека не му дадов надеж али кога ги пишував тие рефератите можеше да ми кажи дека имал некоја во летото минатата година..
     
  13. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.575
    Пол:
    Женски
    И сега ми зборува дека ме сака, дека пател исто две години али ете избрзал и згрешил.. Една и пол година не е краток период, јас не му сум дала никаква шанса( тука е во право).. Ама сепак нешто ме јади..
     
  14. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    9.900
    @Purelove92 Е сега, сте раскинале-раскинале или сте нагласиле дека е пауза?

    Ако е првото нема што да се лутиш и сега да те тепа егото, бидејќи не те чекал сам на некоја клупа цело време :D

    Тоа дека требало да ти каже, секако, но си му била резервен план и морал да те држи во неизвесност. Најверојатно откако видел дека си упорна со пишувањето, си направил математика.
     
    На cresa-jagoda и Purelove92 им се допаѓа ова.
  15. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.308
    Пол:
    Женски
    Малку е заплеткана ситуацијата. Сте раскинале дефинитивно или сте се договориле привремено да бидете на пауза или ти си му рекла дека сакаш пауза и таа случајно траела две години? Како и да било, ако ти си сакала да прекинеш контакт (привремено или заувек), не ме чуди што сакал да биде со друга, ама многу зависи каков ви бил договорот. Секако не очекувам некого да повредам, откачам и после да бидам љубоморна ако тој некој се обиде да си го среди љубовниот живот со некој кој не сум јас. Мора да разговарате затоа што реално треба да има ептен добра причина зошто сте раскинале првично и зошто сега после толку време сакате пак да бидете заедно, некако ми звучи (да не ме сфатиш погрешно) детинесто однесувањето ваше. Разговарајте, нема друго.
    Пс. Значи ако си знаела дека има друга девојка, си немала да се извиниш затоа што си го повредила? Тоа па уште поглупаво е, ако си го увредила и повредила, твое е искрено да се покаеш, колку сака девојки нека има. Или си се извинила за да го придобиеш и да бидете пак заедно, па сега ти се чини извинувањето понижувачко?
     
    На cresa-jagoda и Purelove92 им се допаѓа ова.
  16. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.673
    Допаѓања:
    23.684
    Пол:
    Машки

    Дај му шанса ако мислиш дека треба. Се зависи кој ја бараше паузата, не те прашав ти или тој?
     
    На Purelove92 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.575
    Пол:
    Женски
    Јас барав пауза, му раскинав без некое објаснување.. И потоа се извинав за сето тоа што го направив, најверојатно ме јади егото. Не го обвинувам, јас му пишав за да се извинам првенството што го оставив на цедило незнаев ни дали ќе се смириме.. Ама испадна океј и сега најверојатно ме јади љубомора
     
    На Ceci16 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    9.900
    @Purelove92 Добро е што си искрена сама со себе. Е сега, или продолжете, т.е нов почеток од нула, без паузи маузи или секој по свој пат :D
     
    На cresa-jagoda и Purelove92 им се допаѓа ова.
  19. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.673
    Допаѓања:
    23.684
    Пол:
    Машки
    Тогаш те јади љубомора дека можеби е стварно ок личност.

    Но, како се смиривте не разбирам? Пак се гледавте, а тој во меѓувреме со женска???
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.575
    Пол:
    Женски
    Не таман работа, кога му раскинав после некој месец тој си фатил некое девојче па по месец се скарале не им идело и така.. Јас кога му пишав да се извинам и кога излеговме повторно двата бевме веќе месеци слободни.