Не го разбирам поимов пауза.. сум или не сум со некој. Ај сеа се сакаме најмногу, па утре пауза и удри со кој стигнеме…не ти треба таква врска искрено.
Па тогаш што е проблемов овде? Ако бил во врска и се мувал со тебе, не е во ред, пред се поради другото девојче, хипотетички зборувам.
Девојки како се справувате во деновите кога не е баш се сјајно во вашата врска?нели постојат и лоши денови свесна сум,како ги надминувате?дали оставате простор да почнете да си фалите еден со друг?дали оставате времето да реши се?
Па не знам,некако како да не можеме да си посветиме доволно време,вака во живо се е супер се е сјајно,ама на пишување како да фали нешто
Имаме разговарано,ми рече дека му е само период и дека ќе помине,мислам дека одиме на подобро полека полека
@Candy.D Ми текна дека пишуваше и претходно околу неговиот период. Ако е депресито, најдобро е да излегувате почесто и така лагано да му кажеш дека си приметила како да му е тешко, па да ти каже што го мачи, бидејќи и тебе те мачи така. Од друга страна пак, конкретно на што мислиш дека нешто фали кога се допишувате? Не ти враќа на пораки или? Бидејќи малку ми е чудно супер во живо, а на пораки не баш
@TheFiend мислам дека нема такво нешто,барем до сега интиуиција не ме излажала,да имаше нешто ќе осетев,а и излегуваме вака во јавност,не гледаат заедно,ќе осетев да имаше такво нешто. @Polyincognito зборувавме после тоа пак,ми рече дека ќе се обиде да среди се,мислам дека е подобро од тоа што беше,само што јас многу се напнувамтаква сум што да правам,и да нема ништо јас сама ќе си направам филм,си пишуваме цело време ми кажува кога излегува каде оди,секако си имаме простор и време и за друштво и за нас,ама на пример на почеток имаше многу нежности,си искажувавме љубов преку пораки цело време,сега како да ми фали тоа или па јас се навикнав многу на разгалување
@Candy.D Премногу си самокритична кон себе. Па побогу, само неколку месеци сте во врска и ако на почеток згаснат нежностите, што понатаму? Штом велиш интуицијата засега не ти вели поинаку, тогаш пак, разговарај или ако ептен нешто го мачи, нека си поразговара со психолог. By the way, колку време трае овој период?
Па околу една недела,скроз си во право ако сега е вака што правиме за натаму,ќе пробам пак да зборувам некако многу ми е затворен јас сум мн отворена личност кога сум во врска со некој,сакам да си кажам се и да се реши,а тој е таков се полека полека,нејќам да напнувам за да не стане полошо,сакам сам да ми се отвори
@Candy.D Се ќе се среди, don't worry. Штом е само недела дена во прашање, секому може да му се случи нерасположеност, стрес и сл. Штом сам не ти кажува, не го притискај, но пак, почесто излегувајте, одете на забавни активности и сл. Вака ем поквалитетно време заедно, ем можеби повеќе ќе се опушти и ќе ти се довери
И јас мислам така,само ете многу си го мачам мозокот,и сама сум свесна ама појако е од мене,и да не сакам ми доаѓаат глупи мисли во глава,ми рече дека сака да тераме стварно сериозно а не детски работи,и дека кога сака некој стварно сака и се посветува,не поминува ден да не си кажеме дека се сакаме,и слично,искрено се надевам дека овој период ќе помине што побргу
@Candy.D Те разбирам, но пробај да се опуштиш и ти. Можеби има некој домашен проблем или на работа, па неќе да те гњави, бидејќи не е поврзано со тебе. Следи си ја интуицијата и ситуацијата, но полабаво и се ќе биде океј
Не знам дали оваа тема е соодветна за ова но не би знаела во која друга тема да го пишам. Не е баш љубовен проблем но ете. Како би постапиле доколку сегашната девојка на бившиот дечко инсистира да се видите со неа и да разговарате ? Притоа ме прашува дали ми кажувал секој ден дека ме сака .. малце ми е однесувањето детско со оглед на тоа што имаме 27 години. Нема што да искочам со нејзе и кажав дека не сакам и она инсистира ми вика и било важно сакала да разговараме очи во очи , што би имала да разговара она со мене...