А зошто да продолжите? За да ти го троши времето? На девојчево очигледно му треба професионална помош, исто и за нејзините другарки. 30 години имаат се однесуваат како деца Да си фатиш друга девојка, со оваа девојка ми изгледа дека само сексуално сте си привлечни. Во неколку напишани мислења единствено заедничко ви се финансиите и ништо друго.
@Martiinn12 Мислам дека девојкава те користи дека си добар, кога и треба рамо за плачење и издувен вентил си тука, можеби и за секс те користи, ама ништо сериозно не мисли со тебе, и ако го прифатиш тоа, полесно ќе ти биде.. Ако и ти ја користиш неа само за секс и како издувен вентил, онда е океј, ама ако очекуваш дека таа ќе се смени преку ноќ, ќе ги откачи другарите, со кој пијат таму, се дрогираат, секс имале, гарант правеле таму оргии сите заедно, никогаш нема да дочекаш, таа е таква, или прифати ја, или откачи ја..
@Martiinn12 1. Лично ти рекла дека меѓу тебе и друштвото, ќе го избере друштвото. 2. Не сака ниту брак ни деца, а исто попрво ќе посвои отколку да има дете со тебе. 3. Не сака да прави компромиси и попрво ја избира журката, наместо тебе. 4. Нејзините пријатели те понижуваат и таа тоа го дозволува. Јас неа не ја обвинувам. Доволно е возрасна и независна и после траума, нормално дека нема да дозволи за ниту еден маж да се "жртвува". Можеби ти рекла да не раскинувате, бидејќи си ја блокирал на кратко, па си помислила ќе остане без нејзиниот резервен план. Од друга страна, и ти си доволно возрасен и одговорен за сам себе. Одлучи се што сакаш. Но, истовремено не очекувај магично да се промени за тебе.
Јас да сум на твое место ќе и напишам да си го праша дечко и(твојот поранешен дечко) за сите прашања кои ја мачат,а не тебе.Вашата врска завршила како што завршила,а ако ја интересира нека си го праша дечко и.И мој совет да не одиш да се видите во живо.Ти си бивша девојка на нејзиниот сегашен дечко,не си нимајка ни другарка да и ги решаваш проблемите.
Извинете за подолгиот пост Имам долга врска скоро 5 години. На почетокот се беше супер, и овие 5 години ми беа како дар од Бога бидејќи и пред да сме заедно јас бев лудо затрескана во него но проблемот е што последниве 2 години јас воопшто не чувствувам никаква привлечност, немам никаква љубомора, сеедно ми е каде е и со кого е, немам желба за интимност со него (да напоменам дека не ни доживувам оргазам со него, често не уживам во односите иако тој премногу се труди да ми биде убаво). Од кога почна ковид, секој ден се гледавме и не бевме во контакт со нашите друштва ради безбедност, буквално две години само семејството и јас и он. Кога заврши ковид сакав да си ги обновам контактите со моето друштво и почнав да излегувам пак со нив ии еее тогаш се појави голема љубомора од негова страна. После секое излегување следеше испрашување, караници проблеми зошто сум сакала да излезам со друштво не сум сакала да излегувам со него. Му зборував да излегуваме заедно со него и со друштвото мое тој на почеток не сакаше да излегува во гужви од страв, но подоцна љубомората преовлада и од тогаш цела година со мене излегуваше и со моето друштво. Пробував да му објаснам дека ми треба некогаш да излезам и сама, но тој тоа го сфаќаше само како да јас не сакам да излегувам и секој ден да бидам со него и на тој начин многу го повредував. Еднаш му кажав дека можеби не треба секој ден да се гледаме, малце да се одвоиме и да се посветиме на другите луѓе околу нас, и тој сам да излезе со неговото друштво и јас сама со моето и дента да не се видиме но тој сепак тоа го сфаќаше ко јас да не сакам да бидам со него. Тој има премногу квалитети и јас бев одлучена животот да го поминам со него затоа што многу ми одговара карактерно, многу ме сака и се прави за мене. Знам дека животот со него ќе ми биде многу убав, но овие работи во последнава година многу ми сметаат. Јас бев спремна за невозбудлив сексуален живот, си го прифатив тоа и воопшто немам помислено да го изневерам и да си ја пополнам таа празнина во мојот живот со некој друг (прв ми е), но како што поминува времето гледам поради тоа што и ретко имаме односи (2-3 пати месечно) прави раздор меѓу нас и тој ми кажа дека всушност таа е причината за неговата недоверба кон мене. И он поради тоа што ретко имаме секс не му е убаво, јас зошто не уживам ми одговара толку малку, врската ни се распаѓа. Се имаме пробано, едноставно имам намалено либидо и не можам ништо да направам во врска со тоа. Испитав хормони ок ми беа, не е до тоа. Пред некое време му кажав дека сакам да направиме пауза за да си ги средам мислите, и буквално го скршив. Го скршив, се скрши пред мене. Му кажав се како се чувствувам и разговаравме за овие проблеми отворено, му кажав дека немам желба за секс ништо и буквално го повредив многу. Но морав да бидам отворена и искрена. На крај не се одлучивме за пауза, се договоривме дека ќе најдеме друго решение за нашиот проблем но пак се продолжи по старо. *Причната зошто побарав пауза ми беше за да се потсетам колку многу го сакам, колку всушност ми значи и ми го прави животот комплетен, но тој се плашеше дека ќе сфатам само дека не го сакам. Не го обвинувам за љубомората,го разбирам. Јас сум таа што има избледени чувства, што сака простор, што не сака секој ден да се гледаме. Јас сум таа што веќе некое време не чувствува привлечност, но и покрај тоа јас него премногу го сакам и се мразам себеси зошто ова го чувствувам. Се чувствувам заробено и после секој пат кога имаме секс мене ми доаѓа да плачам заради тоа ништо што не можам да почувствувам. Јас не можам животот да си го замислам без него и 5 години бев убедена дека ние сме сродни души но врската ни е далеку од совршена и покрај нашите напори. Не знам што да правам ми треба совет. Не сакам да го повредувам но не можам да издржам вака. Не сакам да му раскинам го чувствувам како дел од мене, не можем да си го замислам животов без него, а од друга страна не ме привлекува.. Ве молам за совет
Дали би се вратиле назад после добивање 2 шамари и рани по рацете? Бев крива јас со зборови, но тој ме удари.
Ќе те скапи од мавање овој и измести коските. Само ти продолжи даму се враќаш. Не знам што гледате во вакви машки креатури шо креваат рака на жени.
@SupernovaS Ништо не оправдува насилство. Бегај навреме, бидејќи ако се вратиш, следното ќе биде 10 пати полошо. И блокирај го од секаде. @feminka1233 Понекогаш тешко ни е да прифатиме дека нешто веќе не иде и продолжуваме да трпиме во името на убавото минато. Но, поентата не е да се измачувате. Вие поради куп недоразбирање и натрупани негативни емоции, само се гушите во врската. Мое лично мислење е да седнете, длабок искрен муабет да си направите, да дојдете до коренот на проблемот. Зачинете ја малку врската, излезете од рутина, но и не бидете лепенки. Пробајте да најдете решение, а ако пак не иде, едноставно не се измачувајте повеќе заедно.
Во право си, многу си во право. Физичкото насилство никогаш не останало на еден или два шамара. Таков човек дур не те скрши ментално и физички нема да се смири. @SupernovaS Замини на време. Не сакаш со таков човек утре да имаш семејство и деца. Колку повеќе седиш со него, толку повеќе те крши од внатре.
Ова го гледам како најдобар другар да ти станал дечко ти а не партнер.... Не се измачувај ни себе ни него. Ти се смениле чувствата и тоа е ок. Ама штом не ти е привлечен нема да си ни ти среќна ни тој во однос на сексуалниот живот и на крајот лошо ќе заврши... Подобро разделете се на убав начин.
И шо совет е ова, па нели и партнерот треба да ти е и на некој начин најдобар другар пред се па партнер. Не знам како одите по оваа логика... ама ајде нека се разделат на убав начин, па ко че и се врата чувствата нека го бара пак, нели.
@Stark Партнерот треба да ти е најдобар пријател во смисла на поддршка, но не и пријател на ниво на брат/сестра, воопшто да не те привлекува и цимерска утре во брак да тераат.
Јас мислам дека тоа е само период... Мој совет е да си појдете и двајцата на психолог и отворено да си зборувате со психологот... Психологот ќе разговара со вас малку од поинаква перспектива и реално ќе ги согледате работите.. Ви посакувам многу среќа и успех.. Штета е да се фрлат 5 години во вода, а проблемот да е лесно решлив
Мило јас ќе ти дадам совет и мое лично мислење,по ова што го прочитав мислам дека љубов меѓу вас има само страстите ви се згаснати,пробајте да смените нешто во вашата врска,отидете некаде на викенд,прошетајте некаде,пробај да му се препуштиш кога водите љубов,кажувај му што сакаш да ти прави,имајте долга предигра,може тој не те напалува доволно пред да имате секс,еве јас по мене си знам,без предигра се ми е џабе,кажи му што те пали,ако стварно го сакаш верувај се можете да надминете заедно,можеби ти е само некој период што сите го имаме некогаш,седни разговарај отворено ама притоа внимавај да не го повредиш.Кажи му дека за доброто на вашата врска мора да осетите да си фалите да не секоја секунда заедно бидејќи колку и да ви е убаво заедно тоа гледање постојано скиснува…пробај да поразговарате како возрасни зрели луѓе,5 години не се малку за така се да фрлите во вода,сменете некои навики,опушти се некоја вечер со чаша винце па секси долен веш,заведувај го и уживајте,ќе се среди се полека,биди трпелива,ви фали страст на вас,ако го сакаш стварно и сакаш да сте заедно ќе се трудите заедно.Љубовта не е мала работа воопшто,колку е убава толку знае да биде и тешка во некои моменти. Не знам по колку години имате,ама штом сте имале сериозно нешто до сега,имај надеж дека може да се смени се на подобро