Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    26.793
    Пол:
    Женски
    @feminka1233 јас повеќе би рекла дека дечково е опседнат со тебе, сака секаде и секогаш дс бидеш до него
    Не би било лошо да одморите малку еден од друг, да си ги разбистриш мислите па да одлучиш што понатаму.
    Без секој и се се може
    Значи како и да разговараш со него тој ќе биде навреден и повреден само мораш сама да одлучиш што понатаму со твојот живот.
     
    На feminka1233 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MyMala

    MyMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Nemoj,nikako! Zamini na vreme. Ponatamu uste potesko kje ti bide.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Ако се вратиш само ќе му дадеш до знаење дека се согласуваш да продолжи сè повеќе физички и психички да те малтретира!
    Сакај се и цени се себе си, продолжи си со животот без него, сигурно не сакаш секој ден да ти биде пекол и секој ден да плачеш, никогаш немој да простуваш насилство, нема да се промени тој на подобро, туку само на полошо. Што и да си му рекла, ако толку многу си го повредила со зборови, ако не можел тоа да ти го прости требало во истиот момент да ти раскине, а НЕ да крева рака на тебе да те тепа.
     
    На MyMala, sunshinebabe, penelope10 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.049
    Пол:
    Женски
    Wtf? Зарем нема да ти е став покрај таков човек ? Зарем гледаш иднина со насилник?
    Кога те нападнал требало да му викнеш полиција во иста секунда а не да размислуваш да бидеш со него.
     
    На penelope10, cresa-jagoda и Candy.D им се допаѓа ова.
  5. ♡ Cinderella ♡

    ♡ Cinderella ♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2023
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    2.954
    Пол:
    Женски
    Никогаш и никако.За мене тој човек нема да постои повеќе,а не па да се вратам.За што да се враќам за секогаш кога ќе неможе да се контролира да добивам по два шамари и неколку рани.
    Остави го и барај си дечко кој ќе те сака и цени.И секако нема да те малтретира и тепа.Штом еднаш го сторил тоа ќе го стори пак.Бегај што подалеку од таков.Нека ти возвратил и тој со зборови,а не да те тепа.Што си ти?Боксерска вреќа па да те тепа кога ќе му текне.Не вреди едноставно ни да помислиш на него.
     
    Последна измена: 10 април 2023
    На Blackkqueen и SupernovaS им се допаѓа ова.
  6. Graciaa

    Graciaa Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2023
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Имам потреба од разговор со некој и совет, ако некој е расположен нека ми пише
     
  7. Hecate

    Hecate Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2022
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    948
    Пол:
    Женски
    Пиши слободно.
     
  8. penelope10

    penelope10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2021
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Немам конкретен проблем во врската, проблемот е со мене. Пробувам да најдам каде, читав, гледав видеа, го имам она што е наречено anxious attachment. И давам се од себе да го искоренам, но просто не можам. Можеби некој памти, пишав и претходно тука. Пред 6-7 месеци ми раскина една вечер, следниот ден се смиривме. Беше глупаво од негова страна, уште не сфаќам што и како се случи. Но, прифатив да се смириме и продолживме понатаму. Пак беше еден период од месец-два онака, просечно, како на игли, не се чувствував најдобро во врската но веројатно уште заради раскинувањето не беше како што треба. После, нешто кај него се смени. Не на подобро туку на најдобро. Беше како во бајка. Премноу љубов осетив од него, прво во гестовите, иако ми немаше кажано те сакам. После тоа почна да кажува, се отвори тотално. Се, буквално преубаво. И сеуште е така, но мене од внатре ме мачат некои демони. Јас ретко кога можам да бидам опуштена, постојано ме гони страв дека пак може да се случи нешто лошо. И знам дека ќе кажете ако се случи, батали го, ни прв ни последен. Се тоа мене ми е јасно и кога размислувам рационално, е се во ред. Знам дека ќе имам други прилики, знам дека тој ќе загуби. Ама, просто ненормално го сакам. Нездраво го сакам. И не можам да прекинам да живеам со тој страв. Во мене е 99% од времето. Не знам дали потсвесно се чувствувам недоволно сакано, немам сигурност, не знам. Пример, последниве 2-3 недели му беа доста тешки, многу планови му се растурија и не успеа во нешто. Секако дека ќе биде нерасположен. И сега, од една страна разбирам дека ете е тажен и не му е до ништо, но почнуваат да ме гонат демони кога бар малце е нерасположен и мислам дека тоа е насочено кон мене.
    Свесна сум дека правам проблем кај што нема реално, свесна сум дека јас сум крива, иако е факт дека тој не е најдобар во комуникација, напротив.
    Не знам ни што совет да побарам, стварно не сакам да расипам работа. Ама од друга страна, премногу психички се уништувам и морам да се заштитам и себеси.
    Извинете за долгиот пост, но било каков совет е добредојден.
     
    На Ceci16 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.669
    Допаѓања:
    29.455
    Пол:
    Женски
    Да не должам, оди на психолог. Anxious attachment влече корени од детството, на тоа треба да се работи.
     
    На TrueToMyself и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  10. Graciaa

    Graciaa Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2023
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Не може да се започне разговор, пробај ти
     
  11. Afrodita*

    Afrodita* Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2023
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Дечки здраво
    Ме интересираат мислења ваши.
    Заедно сум со партнерот скоро 2 години, Јас имам 30 тој 34.
    Треба да се пресели во негов стан за некој месец. Не спомнал ни мислење за Вие да живеете со него, некогаш ..Напротив све е во еднина. Пример плакар му требало помал зошто е доволно за неговите алишта :) Општо прашањето за живеење е поставено одамна и велел се ќе дојде во свое време,врската ќе дојде и до таа фаза.
    Не можам да разберам, ако некој го сакаш..нели планираш и размислуваш да живееш со таа особа?
    Какви искуства имате Вие?
    Некако ме бунат овие работи,јас сум повеќе човек -сакам да сум со тебе,и планирам па макар и за плакар да е поголем бидејќи ете ќе дојде време ке те донесам до себе..

    Фала на одговорите и поздрав.
     
    На Ceci16 и Pandy girl им се допаѓа ова.
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.468
    Допаѓања:
    41.078
    Пол:
    Машки
    На кој начин не те привлекува повеќе? Не ти е повеќе физички привлечен? Или поради тоа што интимниот живот ви е лош?

    Никаде не спомна дали тој има друштво, дали се гледа со нив, излегува, итн. Која му е рутината покрај тоа што цело време е со тебе?
     
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Тоа што ти мислиш дека е логичен след на вашата или било чија врска е во ред, ама очигледно твојот партнер не мисли така? Седнете и разговарајте отворено за тоа што очекувате еден од друг и за плановите за иднина, нем ништо страшно во тоа, возрасни сте.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Многу време е ова за да не се презмеат конкретни мерки и да се разбистри маглата.

    Вистинското прашање е дали немаш желба за интимност со него само или воопшто немаш капацитети да чувствуваш сексуална привлечност кон ниту еден маж? Ова не е страшно, постојат многу повеќе асексуални луѓе одошто ние мислиме, ама мораш да разграничиш, за твое и на крајот од денот за доброто на вашата врска

    Ова мене не ми е океј, вака читано од страна, искрено целиот пост ти го осеќам како напишан во грч и страв дека дечко ти ќе се навреди и ќе биде повреден, како емотивно да те манипулира.

    Пак истото чувство, како да сака да те манипулира, аха искачаш со другарки, значи не ме сакаш! Бидејќи ако сте разговарале и ти си вербализирала дека сакаш да живееш и социјален живот со пријатели, колеги од факс, школо, работа, што има тоа него да го повредува, и како го повредува? Вие по цел ден седите дома заедно и се држите за рака? Невозможно е така да се живее, се надевам свесна си.

    За кои квалитети зборуваш не сум сигурна, од пишаново се чини манипулатор, несигурен во себе, не те сослушува, не е подготвен за никаков компромис. Не знам што е тоа што го прави за тебе и како те сака, едноставно овие погоре набројани работи во една здрава врска ич не се океј.

    За ова со сексот мора да разговарате и да се обидете да дојдете до решение, затоа што веројатно го фрустрира, како што гледаш не е муабетот само да си го "жртвуваш" сексулниот живот, едноставно не е доволно, а и непотребно е.

    Повторно, ако сакаш да поработите и на тој дел од врската, има начин. Ако не сакаш и ако дефинитивно не те привлекува, тогаш муабетите дека го повредуваш се исто многу незрели од твоја страна, и двајцата си заслужувате компатибилни партнери со кои ќе уживате во СЀ заедно и ништо нема да биде мачење. Тоа што мислиш (или си сигурна) дека дечко ти те сака и прави сѐ за тебе, значи дека и тој заслужува да му биде возвратено. Ако немаш капацитети за тоа, џабе мачењево со години.

    Сакате различни работи од вашата врска, нели читаш што пишуваш? Да повторам, ако не можете да си го дадете еден на друг тоа што го поскаувате, разделете се, не е крај на светот.

    Навикната си на него. Да не ги верглам истите работи, не можеш да си го замислиш животот без него затоа што ти е прво искуство, ама тоа што не те привлекува е нефер кон него и е еве и самата велиш извор на проблеми две години, премногу е тоа за да не мрднете од мртва точка и да не разрешите ништо.
     
  15. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.606
    Пол:
    Женски
    Тоа што имаш anxious attachment е веројатно последица на твое искрено заљубување. А тоа што се чувствуваш несигурно покрај него е заради тоа што потсвесно знаеш дека тој не е толку инвестиран во врската. Примерот со ненадејното раскинување од негова страна е баш показател на истото. Немој да се преокупираш премногу со зачувување на врскава, ќе изгубиш дел од себе кој потоа ќе ти биде многу тешко да го вратиш назад.
     
  16. Afrodita*

    Afrodita* Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2023
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Толку извлекуваж
    Апсолутно е така, Он ги знае моите "желби" но јас неговите ги знам само- со: ќе дојде и тоа време кога ќе се качи врската на наредна фаза. Сакам да кажам не е дефиниран. И веќе не сакам да навалувам поготово што уште не е преселен и се осеќам нападно, но почнувам да се сомневам дека не е сигурен во нас , поточно моментот со плакарот ми дава до знаење дека не е блиска таа идниниа ни приближно...
    Фала сепак на одговорот. :)
     
    На Pandy girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.946
    Допаѓања:
    8.563
    @penelope10 Anxious attachment настанува најчесто кога во детството, самите родители се неконзистентни во давањето љубов и грижа.

    И затоа сега ти не се чувствуваш доволно вредна за љубов и доволно вредна да бидеш сакана од партнерот. Резултатот е што си анксиозна и се плашиш да бидеш одбиена и оставена.

    Затоа мој совет е да се посветиш комплетно на себеси, научи да се сакаш безусловно. Да не бидеш гладна за љубов. Па понатаму со партнерот ако иде иде, ако не, не.
     
    На MG3, TrueToMyself и penelope10 им се допаѓа ова.
  18. penelope10

    penelope10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2021
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на одговорот
    Се сложувам за делот од anxious attachment, стварно имав прекрасно детство и секогаш се чувствував најсакано од моите.
    Инаку сега не смеам да кажам дека не е инвестиран, стварно гледам се труди околу нас, ме мисли, осеќам љубов. Кога ми раскина тогаш, осеќав дека нешто не е како што треба
     
  19. penelope10

    penelope10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2021
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Само што одговорив за ова, стварно не мислам дека е така. Единствено дете сум, секогаш бев и сум центар на светот и на мајка ми и на татко ми. Никогаш, никогаш не осетив дека не се грижеле за мене и не ме сакале.
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.946
    Допаѓања:
    8.563
    @penelope10 Да, сега видов дека си одговорила во врска со твоето детство.

    Тогаш може причината за твојата анксиозност да е самиот партнер. Односно, манипулаторите често корисат техника наречена push and pull. Со наглото раскинување, те прави да "газиш на јајца" околу него и така цело време се плашиш. А тој на овој начин ја има целосната контрола во врската.
     
    На MG3 и penelope10 им се допаѓа ова.