Најлошо правиш ако претпоставуваш дека "навалуваш" или дека не е сигурен партнерот во заедничката иднина штом веднаш не спомнува живеење заедно. Од еден пост не можам да заклучам каква ви е врската, ама штом оваа ситуација ти е проблематична и штом сакаш посериозно да се посветиш на иднината со него, едноставно ќе седнете и ќе разговарате отворено, ако си подготвена да чуеш, мораш да бидеш подготвена и конкретно да прашаш.
? Да не ме помеша со другата членка? Не кажав дека привлечноста спласна никогаш, напротив секој ден ме привлекува повеќе од претходниот.
@Afrodita* Јас мислам дека тој едноставно не сака и најверојатно не гледа иднина со тебе. 2 години во врска, возрасни сте, тој знае дека ти си "за" заеднички живот, меѓутоа не сте на иста бранова должина. Лично мислам дека треба да разговараш отворено да си кажете некои работи, да не испадне утре влечење за нос. Секако не треба исполнување на желбите само на едниот, ама чисто да видите на што сте.
Wow, подобро го објасни можеби и од психијатар. Да не навлегувам во детали за карактерот на дечкото ама вакви “финти“ учат на YT подкастови, книги за алфа мажјаци и слични глупости. Знам за ова оти за малку ќе имав работа со таков, среќа си објавуваше што чита.
Wow А како поинаку да му кажеш ако имаш некој проблем? За секој проблем ќе ти вика дека се сомневаш во него? Тоа ти е чиста манипулација. Тој стварно да те сака, ќе сака да те сослуша за да може да направи нешто да те смири и да ја зацрврсти довербата. Ти раскинал и цело време е топло-ладно, нормално дека се сомневаш. Нареден пат речи отворено. Да, се сомневам. Треба време за да можам да ти верувам. Работи на тоа.
Се согласувам скроз.Си треба време за се ама мора отворена комуникација за било која врска да функционира нормално.
Не сакам да пресликувам лични искуства во било чија друга, ти најубаво си знаеш каква е ситуацијата, ама манипулаторски звучи дечко ти. Убаво што ти кажал како он се чувствува (толку обесправен кутриот), ама дали те разбра кога му кажа ТИ како се чувствуваш и дали ќе прифати одговорност дека сепак, неговите постапки влијаат на тоа како ТИ се чувствуваш?Дали воопшто те регистрира дека имаш проблем со тоа до каде сте во врската? На тоа што ти кажа, дека си замислуваш работи (вероватно)? Типичен гаслајтинг.
Бев во иста ситуација со бивш, 4 години заедно мислев дека ми е сродна душа ни љубомора ништо. Премногу заеднички работи имавме и неможев да си го замислам животот без него, се додека не почнав да живеам со него… едноставно се се смени, почнав да го гледам како пријател не сакав ни секс да имаме не уживав во ништо. Се чуствував заробено некако… криво ми беше што 4 години така пропаѓаат… и неможев повеќе го седнав и му кажав како се чуствувам. Решивме да се разделиме, па ако треба да сме заедно ќе бидеме. И искрено тоа беше најдобрата одлука што ја направив. Едноставно не бевме за заедно, без разлика што 4 години поминавме заедно. Сега сум во прекрасна врска со прекрасен човек кој за брзо време ќе ми биде и сопруг. И има се што посакувам и ме исполнува целосно тоа што бившиот не го правеше и пак да го вратам времето пак би ја направила истата одлука. Кога нешто не иде не иде. Нема ништо лошо во тоа.
@Afrodita* Не мора да важи ова за твојата ситуација. Но, постои нешто што се вика "future faking". Тоа е кога манипулаторот ти ветува нешто дека ќе се случи во идно време, ама некако никако да се случи. На овој начин ја одолговлекува ситуацијата, си осигурува внимание, галење на егото, секс, не е сам, без конкретно воопшто да се труди за тебе. И има secured supply додека да најде можеби друга што повеќе ќе ја искористи. Мене лично што во очи ми падна е неговото јас па јас. Плакар само за мене, само јас што сакам. Онака, нарцис вајб. Нешто најтипично за нарцис е никогаш да не ти го даде тоа што најмногу го сакаш. Ова им дава сатисфакција. Најпаметно е можеби ете, да му дадеш време на времето, пример неколку месеци и сама ќе си сфатиш што да одлучиш.
Да, може, мене ми се случи токму тоа, а рачунај дека јас во тој период од животот имав десет години повеќе од тебе (небитно може како податок, ама сепак нарцисите ги има во сите возрасти). Егото пуно, сѐ таман и за ништо не мора да се секира, ако нешто приговориш или се обидеш да посочиш проблем, или недајбоже да поработиш малку на она што во врската недостасува, или да вербализираш дека нешто ти пречи, добиваш геслајтиг. Си замислуваш, не си прави филмови, не е точно тоа, само тебе ти смета, само ти се буниш и така до стоедно и назад. Апсолутно не тврдам дека тоа е твојата ситуација, ама некако таков впечаток добив (се надевам искрено дека е погрешен), тоа е слепа улица која само ќе те води кон поголема фрустрација, а нема да постигнеш ништо бидејќи за манипулаторите и нарцисите сите проблеми се во главите на другите луѓе, они си се луѓе на место.
Нема да те удри дамла, не се секирај. Откако ќе помине периодот на тагување и празнотија, ќе добиеш крилја буквално и ќе ти се отворат очите ширум за сите прекрасни луѓе околу тебе и ќе се осетиш како да си се спасила буквално
@Afrodita* Што и да се случи, немој воопшто да се разочаруваш. Ако испадне нормално, како што посакуваш - супер. Ако не испадне ништо, сметај го како благослов. Бидејќи понекогаш, дури години подоцна, сфаќаме колку сме биле спасени кога нешто не испаднало како што сме посакувале. Во секој случај, цени си се себе, сакај си се до максимум и не седи ни 5 минути онаму каде ти е лошо или каде на некој му е сеедно за тебе.
Кога тогаш, ќе мора дечко ти да биде поконкретен или да си ги открие вистинските намери, сепак сте доволно време заедно, плус сте во некоја "зрела" фаза од животот. Или се мрднува од мртва точка или не. Со среќа
Тоа ти е класичен манипулатор да пробува да ти праи гилт трип као демек ти си лошата што не му веруваш. Изгуглај Narcissistic personality disorder ако ти го опише партнерот run .
Кога тогаш ? Па треба да да го чека он да се одлучи и да си губи време ? На 34 години дечкото така да се однесува малце ми е red flag ,на 34 години треба да биде малце посериозен а ако сака само провод нека и каже а не да и го губи времето на девојката.
Прашај го, дај му ултиматум, отвори ги картите и форсирај да дознаеш. Јас би му дала 2 - 3 месеци ( можеби се и многу) ако нешто не се промени искрено, би заминала. Патем нема што да жалиш, можеби за подобро, можеби те чека нешто подобро. Со среќа.