Многу полошо ќе биде ако оди таму две вечери и после замине. Одма муабети на снаата не и се допаѓа овде, она сака така вака.... А ако си отиде кај неа подобро, може да каже нема место кај вас , не сакам да сметам и чао пријатно. Ем волкот сит, ем овците на број. @christinnn
Абе на 21век, при услови, членката треба да се гура и да спие во туѓ кревет, бидејќи така требало Нема што таа дома да бара, се омажила веќе, а он? Он не треба да престане да се држи за сукњата на мајка му?
Се држи за сукњата на мајка му, а ја гледа еднаш годишно бидејќи живее во странство. Уствари не е ни еднаш годишно, членката напиша дека долго време не можел да се врати ради добивањето дозвола за престој. И сега дечково е виновен оти сака да си ја види фамилијата после години живеење во друга држава. Стварно сте чудни, не знам ни зошто упаднав во дискусија.
@christinnn Кажи ми, како е нормално при цела празна куќа да се гураш со повеќе генерации? И зошто да спие во креветот на золвите, а тие во дневна. Сигурно и ним им пречи, иако нема да го кажат тоа. Зошто не е подобро на раат да седат онаму каде има место, а за ручек секако да се соберат?
@Buba135 некои од членките веќе го кажаа горе долу истиот совет што ќе ти го дадам јас. Кажи му на вереникот дека не ти е пријатно да спиеш кај него, прво затоа што нема место, а друго затоа што си испланирала малку поразлично да си го поминеш одморот. Ако сакаш можеш да преспиеш 2-3 ноќи ако сметаш дека тоа би му значело нему. На другите нема што да им се објаснуваш, тој нека им каже ако прашаат. Сфаќам ете да има своја слободна соба, па да спиете таму. Тоа можам да го разберам. Ама да рушам раат на некој кога имам каде да спијам е непотребно. Можете да ги земете внуците и кај тебе една вечер, па да си поминат квалитетно време со чичко им.
Девојката пиша дека дознала дека другите снаи не се океј со тоа што се прибираат сите на купче за спиење, што е логично, им се ремети динамиката, имаат и деца. При празен стан и во ситуација кога треба да уживаш со фамилијата и во одморот, стварно непотребно е да се тискаат сите и некој да спие у дневна, особено што за неа не се баш фамилија, непознати и се, неубаво и е, се осеќа како да мора да прави нешто што ич не сака да го прави, со сила и при празен стан.
Мене ми дозволи маж ми,бевме регистрирани,спратот не ни беше готов,куќата од моите беше празна и си седев таму,си шетав,мм доаѓаше таму,се нормално и замисли никој немаше проблем со тоа,ни тој ни неговата фамилија. Не знам во какви средини живеете ама надвор од нив има различен свет...
Тој сака да си биде кај него дома па те убедува. Не попуштај, како ти е попријатно и покомфорно, така. Да, треба компромиси и прилагодувања, ама во ваков случај, при полна и празна куќа, логично е човек да го одбере второто. Кај него можеш да одиш на гости, на ручек, да се видите и да поминете време, ама убаво ќе си кажеш: Кај мене има место и кај мене ќе си одам.
Јас не би одела,ако не се осеќам комотно не одам,можеш да одиш на ручек,на седенки и слично,нема никаква потреба да спиеш таму,треба да те разберат и вереникот не треба да те притиска на нешто што не сакаш посебно не за тоа што ќе речат другите или за нешто дека "така треба",нека се налути,ќе му помине. Убаво ти пишаа погоре,многу е битно како ќе се поставиш од почеток,прави компромиси нормално но не по секоја цена.
Јас го разбирам и нејзиниот вереник што после долго време сака да се види со неговите ама и нејзе. Него ќе му биде одмор во семејната куќа, нејзе заморување. Мене па клаустрофобија ме фаќа од самата помисла. Решение мора да има, да спиете во вашиот стан ама да ги посетувате и неговите, па на тој начин и тој ќе може да седи повеќе со нив, а ти ќе можеш и да си посветиш време на себе и вистински да го истераш одморот.
Не сум јака госпоѓетина, и само ти во твојата глава виде развод и раздор во советите пошто така си калемена очигледно. Јас идам на работа, шетам (замисли сама и со другарки), перам, готвам, чистам и очекувам маж ми да го прави истото. И го прави. Бракот не е затвор, и девојката има полно право да се види и со својата фамилија и да истера одмор асален пошто работи цела година.
Мој совет прво е да не читаш нит слушаш што и да напише, Деичката… Ќе ти кажам за искуство на најдобра другарка. Живеат во странство ама се од Мк и тоа од два различни града… е сега нормално е дека и тој сака да си ја види фамилијата и пријателите и ти. Они си ги делат деновите, неколку дена кај неговите неколку кај нејзините. Во твојот случај во твојата куќа. Предложи му така дека не значи дека ако идете у МК треба да не си поседиш и дома некој ден. Тоа е разумен компромис според мене. Ако вереникот твој сака компромис треба да разбере дека едноставно работите си се такви, малку таму малку таму.
Јас мислам дека подобра варијанта е да бидат сместени да спијат во нејзината куќа, а ете поголем дел од денот да бидат на гости кај неговите. Ама за спиење стварно нема потреба да се туткаат сите во една куќа и да заземаат туѓи кревети. Кога е време за спиење што корист ќе имаат ако бидат кај неговите? Само нервози и нелагодност за сите. Не се од различни градови па да не можат да си дозволат за спиење да одат кај нејзе. Сакам да кажам другарка ти била во полоша ситуација дека од различни градови па морало неколку дена да преноќува кај неговите. А вака кога се од ист град е многу полесно, сакам да кажам поради близината можат да си прават иди ми дојди ми. Ноќе на раат кај нејзе да си спијат, а преку ден да бидат на гости кај неговите.
И замисли читаш во темата со свекрви или золви, јатрви, шо и да се "ми вика гости дома да ми спијат на кревет". @Buba135 при празна куќа нема ни зошто да се размислува на темата. Јас го разбирам и него, но и тебе. Затоа, во мојата глава разумен компромис како да го трошите одморот е: три-четири дена ќе одиш кај него да ги испочитуваш и неговите (не со спиење), а останатото време секој за себе, ти со другарки на бурек, тој кај сака. Во странство сте постојано двајцата заедно, не мора и тука. Вака ем него нема да го делиш од нив, не ги гледа чоекот фер е да се видат, ем нема ти да се нервираш две недели, а сепак ќе посветиш време и за нив. Ако се цел ден заедно не сфаќам зошто би било проблем 8 сати да поспие ко чоек во друга куќа, а и другите да си спијат на раат.
И јас се обидувам да го сфатам ова со спиењево, ама не ми оди Побогу, спиеш за да се одмориш, значи ги бираш оптималните услови. Одиме во мк еднаш годишно, пола кај моите, пола кај неговите, ама искрено и на двајцата после 3 дена ни иде во хотел да фатиме да се одмориме. #многуљубамдаспијам Да бевме во ист град, секако ќе одевме за спиење кајшто има повеќе услови и комоција. Ова за спиењето, за одењето во вц отсабајле во друга епизода.
Здраво. Со дечково ептен сме погодени на муабет, се разбираме за се, со него можам отворено да зборувам на било која тема, се зближивме и стигнавме до некој левел за врска но некако не чувствувам толку заљубеност колку него. Тој многу ме сака, се труди да ми биде убаво, ги знае сите мали ситници што ги сакам и секако дека тоа многу ми значи но не сум сигурна во себе дали го сакам толку многу и колку сум спремна да вложам во таа врска. Не чувствувам хемија да легнам со него, а сепак ми е мило што го имам до мене... совет??