@Smmalliiee Едноставно не му давај лажна надеж. Сосема во ред е да немаш чувства, не може тоа присилно, но мора да бидеш директна и да му кажеш дека не сте повеќе од пријатели
Извини ама каков совет да ти дадеме освен да не бидеш себична и да не мислиш само на себе. Те сака, се труди, ама ти ако не си кадарна да му возвратиш со иста мера, батали го и дозволи му да си најде некоја која ќе може да возврати. Многу едноставни се работите, секој заслужува реципроцитет во односот со партнерот.
Многу ми е мило што има жени кои си го вреднуваат сопственото време, наместо постојано да се прилагодуваат на туѓите потреби. Тоа што сте верени воопшто не значи дека треба и двајцата да седите во куќата на неговите родители. Меѓутоа и да си седеш сама овој пат во твојата куќа, ќе дојде денот кога ќе ти стане сопруг па ќе се вратите на истиот проблем. Затоа најдобро тоа да го решите сега. Го разбирам дека сака да се види со своите родители и браќа, да помине време со внуците, се тоа е во ред. Но тоа не значи дека сите треба да се стегате во една куќа. Прво нив им нарушувате мир, да ви отстапуваат свои соби. Јас на нивно место тоа не би го направила. Најдобро е да разговараш искрено и за тоа што ти го сакаш, но и за тоа дека реално ќе им бидете терет. Имате цела празна куќа во која ќе имате најголема комоција и сега, и секој нареден пат кога ќе се вратите. Вереникот може слободно од утро до мрак да поминува време кај нив, да руча со нив и се што си има испланирано, но ќе си имате приватност а и ти нема да си обврзана постојано да си со нив, туку ќе ги посетуваш тогаш кога ќе можеш и сакаш. Штета што воопшто станува збор за вакви работи, бидејќи нели Македонија и заостанатиот менталитет дека мора да се седи во куќата на вереникот/сопругот. Секогаш на жените им се инсистира за нешто бидејќи така ТРЕБАЛО да биде, па наместо со ентузијазам да гледаш на враќањето, знаеш дека ќе треба да разговараш, да се објаснуваш и да решаваш проблеми, па и да се мислиш кој како би реагирал и што ќе кажел. А може да биде толку едноставно...
Не знам дали се сеќавате пишував пред некое време што доживеав од дечкото, за тие што се сеќаваат, се сретнавме во град како за беља он сам јас сама ме фати за рака ме натера да седнеме во кафич ми објаснуваше како се било недоразбирање, ма не сакав ништо да слушам се потресов еве и тресејќи се пишувам е знам како пишувам многу се потресов, пред тоа 50 пораки ми пишуваше сега ми рече јас не те останам нкликок ако најдеш некој ќе видиш и ти и он викам што ти е тебе ти мене ме изневери среќа такси соправ среќа фала му на господ дојдов уште 10 пораки дека не сме завршиле не знам шт да кажам а без срам на лажниот профил уште пишува кога ќе се видат со таа значи немам зборови само сакам да престане да ме замара, цела се тресам не знам што да кажам сакам само мир и да престане со пораки
@Ta-mara И блокиран број кога ѕвони, пак на листата го бележи, па најверојатно и со пораките е исто. Но, не ги отварај и не му придавај значење. Ако те вознемирува некаде јавно, слободно пријави го, не му се треси.
NE znam jas sum mnogu mirna dali namerno taka se odnesuvase ili sto bese ne znam Sega koga mu go otkriv pravo to lice nemam zborovi
Ти си мирна, он те начекал мирна и наивна и сега ќе изводи бесни глисти. Блокирај го целосно, не одговарај на пораки. На месинџер имаш опција да не примаш пораки од надвор, напрај го тоа и мирна глава.
Не ти може ништо. Колку повеќе му се плашиш толку повеќе сила му даваш. Би ти рекла да не му се плашиш.
Ти кажав - БЛОКИРАЈ ГО. Ти упорно ко да бараш утеха овде нешто. Најди во сетингс за пораките на мсн како да направиш само пријатели да ти праќаат пораки па нека прави 100 лажни ако сака.
Пред неколку недели раскинавме со дечко ми. Сакам да ги поправам работите меѓу нас, но тој не ми дозволува. Запнал дека вака е најдобро и за двајцата. Знам дека и тој сака, но пусти инает. Го познавам барем толку. Некој совет како да се справам со ова? Нешто да направам, некако да му докажам дека не е во право...
@poi Ти го прочитав претходниот пост што си си го пишувала за твојата врска, колку да знам што да ти одговорам. Лично, јас би го оставила тој да се потруди. Не се трудел во врската, епа не може и сега ти да ја средуваш работата. Се ти да ги влечеш конците. Но, тоа е лично мое мислење. Ти најдобро знаеш како се чувствуваш. Ако мислиш дека ќе се каеш што не си се обидела, тогаш викни го и разговарајте. Идете на кафе и смирено кажи си што ти лежи на душа и како мислиш да ја поправите штетата. Но, не инсистирај повеќе од потребното т.е не го моли многу. Остави простор и тој да преземе нешто.