Ми треба совет!! Во врска сум две ипол години. Не ми е јасно зошто дечко ми никаде не ме вика кога седи со друштво собран? Пример чисто од култура може да ме викне, а на мене останува дали ќе отидам со него или не. Само на почетокот на врската(првите три месеци) ме имаше викнато неколку пати да седам со него кај негови другари по дома, кога сеуште бевме тазе во врска влезени и демек да ми покаже со кого се дружи. После тоа не ме има викнато никаде кога прави собиранки ама во буквална смисла. Под собиранки мислам на тоа кога тој дреме кај негови другари и се собираат повеќе луѓе и тепаат време да помине. Многу ми е чудно и по малце сумљиво искрено да ви кажам. Ама ова толку долг период да не ме викне, не ми е нормално. Тој има неколку друштва, ама во тоа едно друштво има и две или три другари со кои што ме нема запознаено, ниту пак седнато на иста маса. Девојките ги знам од гледање натаму наваму, ама не се знаеме лично. Типот е малце љубоморен и ако јас го прашам зошто не ме викаш кога седиш со друштво некаде собран, мислам да не ме сфати погрешно, тоест да не помисли дека јас сакам да седам со негови другари или слично. А ова е најголемата мистерија, како може тој наводно да се дружи со тоа дотично друштво во кое што се наоѓаат и тие другарки и никогаш во буквална смисла да не ми крене слушалка на телефон??? Или мисли да не правам љубоморни сцени ако слушнам женски гласови во позадина или не осеќа потреба да ми крене слушалка или пак тој сам да ми заврти во тој момент. Не се гледаат толку често, можеби еднаш или два пати во месецот, или на секој месец дена. Као сеа ја да седам негде со другари и да не му кревам слушалка, ќе испадне дека кријам со кого седам. Не ми е јасно ништо... Можеби и типот едноставно не осеќа потреба да ме вика со него, не знам што да мислам веќе... Што понатаму? Дали некоја се нашла во иста или слична ситуација?
Две ипол години сте заедно и не те вика кога излегува со друштво ???!!! За мене ова е огромно црвено знаменце, нормална врска не функционира на овој начин. Тоа што ти е срам и страв да го прашаш дечко ти, ми е незамисливо за некој што е толку долго во врска.
Ако е само машко друштво не гледам потреба и тебе да те вика. Покрај сите машки што би правела ти со нив. Ама ако неговите другари си ги викаат и нивните женски и плус има и други другарки во друштвото, тогаш е red flag тоа што тебе не те вика.
Кога се машко друштво собрани малку е глупо и ти да одиш сонего. Да се парови ок ама сеа еднаш или двапати се собрале само машки нормално е и да не те викни. Еве стависе на негово место ти да си излезена со 6 или 7 чупина и само тој машко со вас Нема логика. Секој во секоја врска или брак има свое друштво каде што си се берат сами без жени или мажи. Секој треба да си има малку простор и за пријателите. Ако денес утре и другиден сте заедно, ок е еден ден да излези со машко друштво. Негледам тука проблем освен непотребна љубомора. Е сега ако е скоро секој ден и се враќа доста касно или стално со нив има и девојки е тогаш не е во ред.
Работата е кога седи во друштво значи со другари и другарки не одговара на повици и никогаш не ме викнал да седам со нив и како може да не ме запознае со другарки, а толку време сме заедно. Тој ми дава материјал да сумљам, а простор има дури и превише....Морам да направам муабет со него во врска со ова дефинитивно.
@ivanamackica Ти ги читнав претходните постови, и самата имаш кажано дека сте токсични еден кон друг Но, решение има, ако има и обострана волја да си ја подобрите врската. 2 години сте заедно, треба да се чувствуваш доволно опуштено да му кажеш ако нешто ти смета. Не си давај сама претпоставки, прашај го директно, види што ќе ти каже, па направете некој компромис.
Седењето со друштво е два-три часа, реално не ни има потреба во тие два часа да се слушните. И јас не би сакала да ми ѕвони дури седам со другарки, личи на контрола. Ама да, кажи му дека сакаш да се запознаете па ќе видиш реакција. Не гледам проблем ни во тоа еднаш да те запознае, кога веќе има и девојки во друштвото (не во смисла има девојки па не смее да излегува со нив без тебе, туку во смисла би имала со кој да седиш, а можеби во иднина и сама да излегуваш ако се зближите).
Другарките колку време им се другарки? Во друштво се сите, или машкиве се друштво и си викаат друго разно женско друштво ? И јас не го викам дечко ми кога сме само женски, ниту тој кога се само машки, а не ни сакаме. Ама секогаш му кревам слушалка и ми крева. Секако, имаме осет и си ѕвониме само по потреба. Пробај ти искочи со мешано друштво, и не му кревај слушалка па види реакција. Ако е океј со тоа и му е нормално, најверојатно така функционира, а ако изреагира бурно тоа ти е знак дека тоа однесување не го смета за нормално и дека нешто крие.
@ivanamackica ако се само машко друштво мислам не е логично и ти да одиш со него, можеби сакаат да си прават машки муабети, можеби не им е згодно на толку мажи и ти да им се лупниш. Ако се со другарки, и со девојки тогаш треба отворено да си прашаш зошто не те вика. Јас кога сум со другарки сама никогаш дечко не викам, што ќе прави со нас, и стварно нема потреба насекаде да се влечеме, се знај место и време кога треба да сме заедно. Исто никогаш не барам некој кога е во друштво многу тоа ми делува како control freak ниту пак сакам некој да ме бара на секое кога сум со другарки, ако нема доверба тогаш ќе си седниме и отворено ќе си разговараме.
Кажи му да те вика. Јас ја викав мојата само досадно и беше дојде 2-3 пати и после прекина. Јас излегувам со нејзините другари таа не излегува со моите освен еден двајца, Но од култура ја викам знам што ќе каже ама ај ритуал. Душе мислам дека сакаш ритуал од нешто практично ама ај. И тој може кеифот да ти го направи.
Само тоцку во две и пол години? Ај да не претерваме. За членката @ivanamackica прво чудно е шо не те нуди со друштво. И да се машко друштво и ако то му е примарно друштво, не можиш никогаш да не одиш оти се секогаш машки, мислам дека како генерација сме понапред од ова. Кога сум имала партнери сме дефинирале време со друштво сами и време кога носиме партнер во друштво безразлика дали друштвото е цело женски или машки. Клучна е врска меѓу партнер и пријатели. Не можи да се држат одделени. Само дефинирајте негово време со пријателите и кога ќе одиш и ти. Второ чудно тука е дека ти е страв да го искомуницираш ова. Оти бил "малку љубоморен". Не треба да ти е страв или срам да комуницираш нешто со партнер.
Моментот каде се плашиш да го прашаш некое најнормално прашање или да му кажеш отворено што ти смета е огромно црвено знаменце. Љубомората не е заебанција.
Ќе се дополнам. Јас сум во машко друштво, дали то значи дека партнер мој оти машко ќе биди секогаш добредојден оти друштвото ми е машки и обратно ако имам женска нема шо да иди оти тие се машки? Не. Некогаш ќе сакам само со нив. И то е нормално и зато се дефинира време за партнер, време со друштво, време со двајцата, време за друштво на партнер со партнер. Не е ова да иди оти се машки па јас женско и љубомора или да имал муабет. Глупости. Или ако имам женска, дали то значи дека не треба да иди оти имам другари или мора да иди во моето женско друштво оти е женско? А уствари пак се сведва исто, тие се мое друштво и некогаш сакам да сум сама со нив, ама и ќе внесвам партнер со нив зошто важно е партнер со пријатели да имат контакт и држење долго време на нив одделени е ОГРОМНО црвено знаме. Исто и партнер си има свое друштво со кое врви време сам ама некогаш одам и јас зошто е важно да се знајме со пријателите. Не знам дали јас сум пререлаксирана или се шо прочитав тука е тешки глупости и сати од ко пишав се навраќам оти просто не ми се верва. АмА мАшКо ДрУшТвО, аМа ЖеНсКо ДрУшТвО my ass.
Некогаш на некои едноставно не им е згодно да си прават отворен муабет кога има партнер на друга личност. Треба секој да си ја знае границата. Не можам јас да им се тупкам на секое во друштво, можеби си имаат договор. Отворено ќе си го прашаш партнерот зошто не те вика. Сум излегувала со машко друштво на дечко затоа што тие ме поканиле, се договараат и му викаат викни ја и Фрида, тогаш да, значи им е ок, и мене ми е ок да одам кога знам дека не им пречам. Но доколку не сум викната значи си сакаат простор за нив. Другарките можеби имаат приватно нешто да ми кажат, сакаат јас тоа да го знам, а не и партнер. Секој треба да си има граница, ок е некогаш да излезиш со негово друштво или тој со твое, доколку се има компромис од сите страни. Не можам јас да го донесам дечко ми, а другарките сакаат на само да сме и обратно
Партнерот со кој што сте, е рефлексија на тоа колку се респектирате самите себе. Ако сте со некој што ве третира како г*мно. Длабоко во себе, мислите дека не заслужувате подобро од тоа да ве третира како г*мно. Може ова влече корени од некоја претходна токсична врска, без разлика дали е љубовна или пријателска, или пак од односот што сте го имале со родителите. Стручни лица имаат конкретен одговор. Но, во најголемиот број од случаите зошто трпите тортура, е затоа што самите го дозволувате тоа. Тешко e ова да се проголта понекогаш. Но, треба да почнете од самите себе, за да го решите проблемот.
Parnerot konstantno gleda goli sliki na drugi devojki na onlyfans ,a pri toa imame redovno seks.Kako da to nateram da prekine so toa,bidejki me pravi nesigurna i uzasno mi smeta?