Нели пишуваше неколку пати во темава, ова беше единствениот излез од сето тоа. Ќе ти треба време ама ќе преболиш. Без секој се може, колку и да сте биле заедно.
Јас бев 5 години во брак и исто мислев дека го знам како дише и дека е најпрекрасниот човек на светот. Начинот на кој ми ги кажа некои работи соодветствуваа на психопат. Веројатно има многу неоткриени пациенти. Ќе биде сѐ во ред. Пред тебе е животот.
Секој нареден пост за човеков ти е полош од претходниот. Токсинава ти прави услуга што те напушта, таков шљам не ти треба. Не знам дали на темава пишуваш за да си ја олесниш душата или пак бараш совет. Ако си за совети дојдена нема што да се каже, најдобрите совети веќе одамна ти ги дадоа.
Се сеќавам дека имаше пишувано на темиве дека те напаѓал дека имаш нешто со колегата од факултет, па се плашеше да не го нападне него, па се конфронтирал со него, па потоа напади дека си спиела со некој да ја добиеш работата.... Толку напади дека ти го изневеруваш а он да имал цело време друга... Колку време е со таа? Дали и кога го зачнавте бебето он веќе бил во врска со таа? Не знам што да кажам освен дека по толку неубави ситуации со него ова беше и очекувано. Тебе најмногу те боли тоа што самата си се залажувала дека е сменет и што си му дала стота шанса а он те направил по кој знае кој пат будала..... Немаш што веќе, ситуацијата сега ти е кристално јасна. Можеш само да си извлечеш поука за наредната врска, да не гледаш се со розеви очила и да немаш никогаш во никого 100% доверба.
Колку е стар партнерот? Ако е во рани 20 ти ..или и уште помлад,, колку и да е одвратно, за жал некако мажите подоцна созреваат и сексуалноста им е поинаква.. Мојот на 40 ет беше опседнат со порно, иако сексот не ни недостасуваше, и еден ден ми рече дека не сум му атрактивна повеќе. А мене не ми беше атрактивен од никогаш, ама го сакав и сакав да водам љубов со него. Премногу ги тинтриме мажите, ние жените.
@Mentalna85 За последната реченица, couldn't have said it better Инаку точно околу созревањето. А ако има зависност, може да си го реши проблемот. Секако, ако сака. Но, пример може да биде и нарцис/психопат. На многумина од нив им е природно да се опседнати со сексот и таква содржина. А и често нешто намерно ќе прават, да се осеќаш дека тебе ти фали нешто
Уф многу, многу болно. Многу ми е жал што си морала да поминеш низ сето ова. Можеш во секое време да ми пишеш за разговор тука сум и би сакала колку што можам да ти пружам поддршка. Имам поминато тешки работи во животот, но вакво нешто можам само да замислам колку е болно…. Ти посакувам да се опоравиш и повторно да почнеш да живееш. Тешко ќе ти биде, да. Ама секогаш има причина за да продолжиме понатаму. На крајот од денот, животот е само твој и не вреди да го запоставиш за било кој друг. Сигурна сум дека допрва те чекаат убави моменти и дека не било судено да останете заедно. Тоа што не покажал никаква емпатија за бебето кое е НЕГОВО, ми е најодвратно од се во приказнава. Те молам посвети се на себеси, твоето психофизичко здравје и не се откажувај од себе. ОБАВЕЗНО редовна посета на психолог, тоа е нешто најпаметно што можеш да си го подариш на себеси во овој момент. Опкружи се со луѓе кои ти се блиски и во кои имаш доверба. Дај си време да преболиш и после тоа со нови сили само напред Ти испраќам многу многу љубов и поддршка
Сега ги прочитав твоите мислења од лани на темава. После се што имаш поминато со него, речи само ФАЛА ТИ ГОСПОДЕ што ме остави и си најде друга жртва. Ете зошто бил параноичен и опседнат со тоа дека ти бараш колеги и други мажи, зошто ТОЈ ТОА ГО ПРАВЕЛ и којзнае што друго покрај тоа. Подобро што те оставил вака зошто мислам дека ти никогаш немаше да собереш храброст да го оставиш, а одамна требаше. Слободно пиши ми ако ти треба поддршка тука сум.
@Mxrx многу ми е жал за загубата и мораш ама мораш да прекинеш секаков контакт со него. Биди среќна, благодарна што си се спасила од таков манипулатор. Тешко на таа што ќе е со него. Дали негова мајка, тетка, стрина - тоа се блокирај. У иднина твоите потреби ќе ги ставиш на прво место. Ова е лекција за нареден пат. За вакво ѓубре никогаш не треба да ти биде жал. Ќе излезеш посилна од ова, поцврста личност. Верувај, знам дека ти е тешко, ама ќе помине и колку и да звучи клише, сигурна сум дека ќе те пронајде она што го заслужуваш, маж... Што ќе те третира како што заслужуваш а не да те манипулира. Господ грев да не ми пишува ама кармата е кучка. Глава горе девојко, стисни заби, посвети се на себе, среќата ќе те пронајде.
@Mxrx веќе скоро сите ти го кажаа горе долу истото. Ама морам и јас да ти пишам. И јас те имав читано во темава неколку пати во врска со него и само едно ќе ти кажам. Биди му благодарна што те оставил. Ако тој не те оставел сега не верувам дека ти некогаш него ќе го оставеше. Зошто да го поминеш животот со таков човек? Па еден живот имаме, треба да бидеме покрај некој кој што ќе не сака и почитува на сите начини. Верувај дека си млада и секој си има своја среќа со која ќе се најде, така да и тебе те чека. И жал ми е за загубата, биди силна
Драга моја, да..Само многумина од нас се непоправливи романтичарки и ете верувааат и понатаму дека не се така лоши мажите, додека и науката тврди дека машката природа е полна аномалии..Со цел, секако, ги стокмила така природата, ама како веќе реков ние сме дополнително виновни за многу други нивни пречки во развојот кои ги стекнуваат поради нас. Веќе сме во доба кога многу жени престануваат да ги мазат и тоа ги прави уште полоши... Време е на радикални реформи и искрено подобар век не постоел за жената! За некое време како романтичарка верувам дека ќе еволуираат во луѓе најсетне... Жената одамна е тоа. Прва беше на планетава.♥️
Премлада си и те разбирам. Животот ќе те набоцка со многу вакцини и поинаку ќе гледаш на нештата во иднина. Не те осудувам. Ете самата младост во комбинација со одредени лични искуства кај некои од нас прават потешко да се справуваме со загубите, не дека на другите им е полесно, него некои уште одамна ќе беа тргнати од ваков човек , а ти би му се вратила да ти се јави и сега. Длабоко сочувство за загубата со плодот, ќе дојде и друга бременост во иднина, не се секирај! Ако беше ран плод гледај го како тоа, оти тоа и е.. Не го викај бебе, до бебе има уште многу! Напротив прослави дека се откачило од тебе, зашто таткото не е за машала. Друго, твоите лични искуства и наоѓањето СЀ во него дополнително те држат во стапица и на истите мораш да работиш уште сега ако не сакаш да доживееш реприза со друг во иднина. Не треба и НЕВОЗМОЖНО е да се најде сѐ во партнер. Тоа е крајно штетна холивудска илузија! Тоа тргни си од главата! Во годините кога се градат пријателства пред сѐ, ти имаш правено икона од него... Но, никогаш не е доцна и ништо не е залудно.. Поготово во твојов случај. Камо да ти ги имам годините! Јас на речиси 40 ет доживеав фијаско и почнувам од нула сѐ, и многу е поинаку верувај ми него на 20 ет. Да сум на твое место би заминала негде на работа сезонава на море, и би станала најдобра пријателка со себе за почеток. После се' ќе ти биде полесно. П.С И запамети дека и најпрекрасното семејство и дечко да ги имаш и најдобрите пријатели на свет, додека самата со себе не станеш тоа, секогаш ќе се чувствуваш осамено! И на крајот сите сме сами, ама кога си во себе поубаво е чувството. Кога не си во себе, барем мене ништо не ми помага. Најди се девојко, го можеш тоа! ♥️
дечки некој ако има време, нека пише лп, не е некој проблем ама ми треба вака совет објективен од некој што не ми е близок