Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    2.098
    Допаѓања:
    4.545
    Bledenje na emocii, vaka taka, normalno bilo, toa sto se slucuva i ima takvi slucaevi ne znaci deka e normalno, 13 godini imam isti emocii sprema istiot covek, istite peperutki koga ke me gusne , bakne.
    Ne e praviot, zatoa izbledele emociite.
     
    На Mrs.Styels, CoverGirl10 и Polyincognito им се допаѓа ова.
  2. Mrs.Styels

    Mrs.Styels Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    7.556
    Воопшто не станува збор за појава на трета личност во случајов :)
    Со партнерот стапивме во врска кога имавме 19 и 20 години со што живееме во различни градови, но се гледаме 2 до 3 пати во неделата и скоро секој втор месец одиме некаде на викенд. Практикуваме забавни активности кои најчесто се иницирани од моја страна. Во последните две години како што стануваме постари и позрели полека животот ми тргна во нагорна линија во кариерата (како што и треба да биде во тој период од животот). Почнав да вложувам во својата иднина, кариера, го решив сопственото станбено прашање и сл, но кај него го нема тој раст, не ни покажува желба за раст и развој самоиницијативно туку морам јас да го поттикнувам и туркам цело време. Имаме разговарано да се пресели со мене во Скопје, каде што живеам и сум понудила да му помогнам со барање работа и слично, но цело време добивам одговор дека ќе се пресели за некое време и секој пат кога ќе дојде моментот рокот за селење се продолжува. Сакам да верувам дека кога тогаш ќе се пресели, но не можам да живеам во заблуда и да го трошам и моето и неговото време се со помислата дека "некогаш" би се преселил. Мора да нагласам дека од сам старт бев искрена и кажав дека минимум следните 20 години се гледам во Скопје и затоа си купив стан, така да од таа страна сум чиста. Секој пат кога ме одбил да се пресели со изговор дека ќе се пресели за Х месеци мене ми се гасат емоциите и воедно надежта за заеднички живот во иднина зошто и покрај неговите зборови делата не покажуваат иницијатива по ова прашање.
    Се е во ред се додека не се во прашање некои посериозни животни одлуки, кога треба да се разрешуваат вакви прашања имам чувство како да сум во врска со истиот човек од пред 4 годнини. Мислам дека е во ред кога се напредува и оди напред не 100%, но сепак да има некаков flow и од другата страна за да може да се одржи бар некако континуитетот во животот.
    Не мислам дека е фер и за двајцата да си го трошиме времето аку на крајот од денот исходот е ист, а тоа е прекин на врската заради самата селидба со тоа што мене веќе подолг период другата страна ми кажува дека ќе се преселиме заедно за Х месеци и тоа само се развлекува.
    Ајде нека сум себична, но 21ви век, не сметам дека нареден чекор во врската мора секогаш да е влегување во брак. Ние со врскава сме на истово моменталново ниво некое време и колку повеќе се пролонгира толку повеќе ми се гасат емоциите.
    И пак ќе нагласам најмалку што сакам е да го повредам со прекин на врската, но сепак не би сакала да си го попречам мојот личен прогрес заради истата.

    Само би нагласила дека би можела да терам вака уште долго, но самиот факт дека постои и најмалата шанса во иднина навистина да не се пресели ми прави притисок и одбивност и јас времето кое би го потрошила во иднина на оваа врска би било залудно потрошено, но се ова е хипотетички зошто никој не може да ми гарантира што ќе се случи во иднина
     
    Последна измена: 26 април 2023
    На Dust, chadorche16, *Amethyst* и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    13.468
    @Mrs.Styels Не сте на иста бранова должина и мислам нема ни да бидете.

    Не си го троши времето за никој. Тој сепак не е дете, возрасен е и штом досега не се променил, тешко дека тоа ќе го стори во иднина.

    Особено кога е разговарано на таа тема, а плус си била доста искрена уште од сам почеток.

    Едноставно немате исти желби и амбиции и тоа е во ред. Најфер би било секој по својот пат. Не гледам поента во измачување кое не води на никаде.
     
    На *Amethyst*, IRBBB, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.987
    Пол:
    Женски
    Јас ја поддржувам типката да ја прекине врската доколку навистина чувствува дека дечкото ја уназадува и не гледа никаков прогрес во нивното заедничарење. Плус различни градови, он цело време пролонгира да се пресели кај неа,одбива помош од неа за наоѓање работа, е веќе гооолем минус за машко во тие години. Мислам дека он не сака да си ја наруши својата комфор зона,а комфор зоната е нај опасното нешто.
     
    На *Amethyst*, Ceci16, IRBBB и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.236
    Пол:
    Женски
    Bravo za odgovorov-sovetov.♥️
     
    На cresa-jagoda и Billy Idol им се допаѓа ова.
  6. ♡ Cinderella ♡

    ♡ Cinderella ♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2023
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    2.952
    Пол:
    Женски
    Те читам веќе неколку дена и се двоумам да пишам.Премногу ми падна жал за бебето,биди силна.:hug::l:
    А за новата девојка ич да не ти е чудно што и дозволува се и угодува тоа ќе биде така дури не ја придобие,а откако ќе ја придобие ќе почне со забрани,со искористување,со малтретирање.Никако немој да мислиш дека ќе имаат среќен крај.Тешко на новава девојка којзнае како ќе заврши со ваков психопат.Утре и неа ќе ја остави за некоја друга.Убаво ти кажа феминкиве треба да бидеш среќна што навреме си се спасила,нормално е да ти е тешко и да те боли но со тек на време ќе помине колку и да мислиш дека е тешко на крај ќе сфатиш дека не вредело за ваков психопат да патиш.Цел живот е пред тебе,ќе запознаеш нов дечко што ќе те сака и почитува.
    Во цела ситуација неможам да сфатам како мајкава на бившиов твој има лице да ти се јави покрај се што сторил син и, или да те праша како си и дали ти требало нешто.Се ќе помине еден ден нема ни да се сеќаваш на овој период.Само биди силна.:hug::l:
     
    На *Amethyst*, cresa-jagoda, butterflysk и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mrs.Styels

    Mrs.Styels Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    7.556
    И јас сум со многу сличен став дека комфор зоната е мн лоша работа. Тој моментално е вработен во градот каде што живее и има добра плата, па најчесто тоа е изговорот дека во Скопје немало за таа работа да има исти услови и таква плата, а јас навистина сум се и би се заангажирала пак да најдам нешто прикладно за него.
    Како што поминува времето секој си гради живот паралелно во посебни градови и доколку продолжи ова вака не мислам дека има шанса да се пресели во Скопје
     
    На *Amethyst* и penelope10 им се допаѓа ова.
  8. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.987
    Пол:
    Женски

    Тогаш не е целосно искрен со тебе, од една страна манипулира дека ќе се пресели во Скопје, а од друга страна не сака и е со ставот дека во Ск, нема да ја има платата што моментално ја зема.
    Очигледно е дека нема шанси ликот да ја остави работата таму и да дојде да живеете заедно. Мора секогаш партнерите да се целосно искрени меѓу себе и да си кажат што мислат и што сакаат, ако си мачкаат очи никаде не води тоа. Размисли уште еднаш, и онака тој е во друг град моментално,дај си малце време за себе испитување, ако неговото присуство не ти недостига или немаш желба да го видиш, или разговорот по телефон те заморува тогаш јасно е што треба да направиш. Против себеси немој да идеш никогаш! Ако нешто не ти е убаво, и ти го нарушува мирот, те фрустрира, тргни се по со време.
     
    На Mrs.Styels му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    42.311
    Пол:
    Женски
    Да бидам искрена, тоа што кажува за платата и работата во Скопје е само обичен изговор.
    Тој не сака надвор од комфорната зона и тоа е факт.
    Ако сака, ќе успее, кај и да е, се друго е изговор.
    На тебе е да го прифатиш ваков или да ставиш крај.
    Треба да му поставиш еден вид ултиматум, сепак се работи и за твојата иднина.
    Веројатно и се плаши од неуспех, но секој почеток е тежок.
    Дури и да не вроди со плод, повторно ќе проба.

    Само што тој не сака, се плаши, песимист е.

    Искрено, јас до сега би ставила крај, бидејки ако нешто најмногу ме нервира е пасивноста од страна на партнерот.
     
    На *Amethyst* и Mrs.Styels им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.565
    Допаѓања:
    46.232
    Пол:
    Женски
    Тој не сака да се пресели од неговиот град, ти исто така. Не гледаш дека сте на слично ниво, само што ти го гледаш Скопје како некое место надвор од комфорт зона?

    Инаку да, треба да биде искрен со тебе наместо да одолговлекува и да те остава да чекаш во неизвесност дали и кога ќе се случи тоа. Не е фер. Ако двајцата имате различна верзија за иднината, не знам како би продолжиле заедно.
     
    На tanjita, *Amethyst*, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  11. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    64.875
    Пол:
    Женски
    Кажи му го ова вака исто, со исти зборови. Како што на нас ни го кажа. Види реакција. Може го плаши да се пресели кај тебе, може не му е комфорно и се плаши од заеднички живот. Можеби го мачи нешто. Можеби е нешто во прашање кое воопшто не си го помислила.

    Треба да го седнеш на муабет.
     
    На Dust, IRBBB, Mentalna85 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    4.837
    Пол:
    Женски
    Дали е нормално некој да е од почеток додека ве запознава премногу љубопитен? Значи ок е да го сфатам како да е заинтересиран, ама нешто не ми штима, прашува се и сешто, до кој ми се родители, што работеле каде како зошто, секој ден по 2пати прашува што има ново, ми личи како трачар искрено.. Па кај сум била, мислам ми пишува каде си му враќам еве сум и ми вика каде еве:| Само еднаш го имам видено ако продолжи кај и да е ке го отерам у к...
     
    На *Amethyst* и Ceci16 им се допаѓа ова.
  13. TheFiend

    TheFiend Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2023
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
    Napast e :D
     
  14. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    13.468
    @Youknow Според мене, штом го имаш чувството уште сега дека нешто не штима, верувај си на себе.
     
    На cresa-jagoda, IRBBB, Youknow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. mama31

    mama31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    323
    Stvarno ziva napast
     
    На cresa-jagoda и Youknow им се допаѓа ова.
  16. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.236
    Пол:
    Женски
    Денес добив меил од газдата на станот дека ме отстранува како еден од закупниците после разводот нормално, и ми требаа некои такси да прикажам во друг институт во странство каде живеевме, а не ја знаев лозинката и му пишав на него.
    Ми ја кажа и ми напиша дека му фалам повеќе него што можам да замислам, и ми прати слика од доручек со картичка на која сум изразила емоции, а кога бевме различни смени си правевме доручек со посвета секогаш..
    Доручекот на кој се сеќавам беше две недели пред да се разведеме. Штом го сликал му значел.
    А 4,5 дена пред да се разведеме водевме љубов и чувството беше како прв пат кога се запознавме.

    Не знам што се случи со нас навистина.

    Заеднички пријатели ми велат дека нема ден да не плаче по мене и дека едноставно многу страда.
    Не бил со никоја после мене, и дека откако му го најдоа хипотироидизамот и е на терапија, многу посвесно ги гледа работите.

    А исто , 24/7 го мислам и ми недостасува ужасно.
    Со никого не бев посреќна и никој не ми фалел толку како присуство и само да заспијам со него. А сонот е највисок степен на интима!!!
    Со никого немам така спиено...
    Да не праам муабет за комуникацијата и хуморот кој го имавме.
    Грижата..Ох боже колку се грижевме еден за друг..
    Тој поготово.

    Не знам што се случи со нас...
    Ако навистина една тироидна може да направи толку хаос од психата на еден човек без да биде откриена, во состојба сум да се омажам и по 10 ти пат со него.

    Телото не ми реагира на други мажи воопшто. Гадни ми се.
    Пред некоја вечер прв пат после 3 месеци пробав да направам нешто со еден кој е прекрасен дечко и баш мој тип еротски, ништо, ми се слоши..
    Прекинав веднаш.

    Болно ми фали, колку и да мислам дека сум ок , знам само дека морам да станам наутро и да работам, а сѐ останато е бланко лист.
    Ништо не ме радува.
     
    Последна измена: 27 април 2023
    На Ceci16 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    13.468
    @Mentalna85 Една од hoover-манипулаторските техники е и плачење преку заеднички пријатели, за да стаса до тебе.
    А директното обраќање е секогаш глумење жртва.

    Би ти рекла да постапиш како мислиш дека се чувстуваш, како внатрешниот глас ти вели дека е најдобро.
    Но, нека биде тоа со ладна глава, за да не ти биде тешко подоцна пак.
     
    На *Amethyst*, sunshinebabe, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.236
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам драга на советот.
    Она што не ми дава мир и простор да го пуштам од себе се сликите на безусловната грижа..
    На пати сметам дека таа енормна грижа беше дури трн офф за многу нешта ..
    Самиот почеток ни беше "благословен" со многу проблеми и тој беше одговорен за многу нешта за мене.
    Како дете ме учеше да одам.
    Па короната ја поминавме заедно.
    Лок дауните беа многу тешки за тазе заедници. Ги преживеавме.
    Колку пати само завршив на болница и се грижеше беспрекорно.
    Моите ги сакаше и почитуваше повеќе од мене.
    Претходните манипулатори не беа така грижливи, барем не на толку природен и непретенциозен начин. Кај нив тоа повеќе е шоу он..
    Еднаш не истакна што направил.

    Единствените неколку испади му беа последните години кога во пијана состојба во друштвото раскажа сексуални анегдоти за кои после ми се извини. И беше годината кога почна да има психички проблеми и не можев да го препознаам понекогаш.
    Почна да зема антидепресиви и сѐ се промени. Како да влегуваше во манија..некој серотонински синдром..нон стоп зборуваше и стана многу иритабилен.
    А имал тироидна која му ја открија зимава кога се разведивме, а беше третиран со антидепресиви..
    Почна да доживува аноргазмија, и стана опсесивен со тоа, и последниот месец после многу кавги ми рече веројатно ја изгубив атрактивноста за тебе, а јас како повредена навалив на развод.

    Не знам , знам само дека ми фали.
    Внатрешниот глас ми е нем.
     
    Последна измена: 28 април 2023
    На Ceci16, dea.18 и Polyincognito им се допаѓа ова.
  19. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    13.468
    @Mentalna85 Би ти рекла пред да избрзаш со било каква одлука, да поразговараш со психолог.

    Дај си внимание прво на себе, со цел да му се врати "звукот" на твојот внатрешен глас. Потоа мислам полесно ќе ти биде да одлучиш што и да е.
     
    На cresa-jagoda и Mentalna85 им се допаѓа ова.
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.057
    Допаѓања:
    48.431
    Пол:
    Женски
    @Mentalna85 се сеќавам дека те имам читано за поранешниот имаш пишувано доста погрдни зборови …