Да драга, и јас го мислам истото. Нема потреба од брзање. Вистинските љубови умеат да чекаат.. Дури посакувам да запознае некоја или едноставно да има секс па да си види како се чувствува.. Да си има време и тој убаво да си се ислуша себе. На психолог едвај чекам кога ќе најдам време и сакам добро да се информирам за антидепресивите што прават кога се дадени на погрешно место. Поготово последната врста месец дена пред да се разведеме, кога му ги сменија, зашто од првите немаше подобрување, е тогаш почна правата журка. Земање таблетата утрото и вечерта не можев да го препознаам. Влезе во акутна дисфорична агитација. Цела ноќ шетавме низ град и не знаеше што прави. Имаше ужасна главоболка која ме асоцира на серотонински синдром и како кажав погоре МАНИЈА. А сите доктори ни велеа дека е нешто нормално за почеток и уште му даваа комбинација со антипсихотици за да спие зашто не можеше. Беше ужасен месец во кој двајцата не знаевме што ни се случува..
Да мила Ели. И погрдни и многу убави. Рамнодушна не паметам да сум била. Ако ти умееш да чувствуваш само еден тип на емоции, да ти го дадеме светов да го водиш.
Болдираново не ти го разбрав, како мислиш еднонасочни? Не рамнодушна туку веројатно нема златна средина кај тебе, одиш во крајности или го мрзиш-монструм или го сакаш и копнееш по него
Еден тип на емоции мислев де. Ели, во право си, јас сум далеку од смирена или балансирана личност природно. Мојот сентиментален свет е многу интензивен, но за тие зборови конкретно, сопругот влијаеше заслужено сметам. Кога некој ќе ти ги даде најбожествените литургии, а подоцна ќе те прати во место толку мрачно за да се опише, не знам кој би издржал да остане така кул. Неговите сексуални анегдоти во друштво и други останати деградации кои се случуваа подоцна, да, ги начнаа тие погрдни зборови, но никогаш не сум ги сокрила и убавите, а ако си ме читала би знаела и за нив.
Еве сега пак го мразам , зашто во друштво во мое присуство раскажуваше како некој трансексуалец му ја дал најдобрата тантра масажа и стави акцент на тоа како му ги масирала јајцата, зашто и другарите му раскажуваа без девојките секако, а и ја испаднав другарка вечерта, а и неколку пати потака истотака. Шорцеви кои ги носев често за на плажа од што ми беа комотни да ми каже дека не сум ги соблекла од себе зашто ми рекол дека сум многу секси во нив и да се смее. И да не ми доаѓа на битни настани од многу значајни наши пријатели повеќе пати зашто не се пушело во ресторанот. А измеѓу сево ова да е крајно грижлив и одговорен за сѐ останато. Да не помине ден да не ми купи цвеќе, омилено чоколадо(иако ова не ми треба, тој сакаше), да организира годишнини наши кои јас ги заборавав. Да ми помага да напредувам професионално и да ми пишува задачи ко на дете, да ме потсетува на мојата агенда, да ме чека со вечера од работа, да ги сака и посветува внимание на моите , да не купува работи што ги сакал зашто мене ми требало нешто повеќе тој период и сѐ ова со негови средства. И ај сега имај златна средина.
Сепак сте биле години во брак и нормално е не е така лесно преку ноќ неговото присуство да го избришеш. Голема љубов си имала према него ама не избрзувај со одлуки, времето лечи и не знаеш што друго ќе ти донесе. Може и одново да се споите ама што знам , после сите направени глупости од негова страна дали мислиш дека би можела ете пак да си со него ? Не е лесно години во вода да ги фрлиш ама пак, прво одмори па после размисли што со себе.
@Mentalna85 Штом сте се развеле, нема сега потреба да си ја тормозиш психата со вакви прикаски, кога те читам искрено како да се трудиш од петни жили да евоцираш убави спомени за да го оправдаш, да си докажеш дека е посебен. Чуму ти треба тоа сега? Во секоја макар и најужасна врска има убави спомени, да ги повикуваш одново и одново нема поента, нема ништо да промени, само повеќе ќе се затвориш кон светот и кон другите луѓе. Престани да верглаш колку бил убав, ваков онаков, добар, нежен, паметен, пријатен итн. Да бил навистина таков, ќе сте се развеле? Не, никој од олку убаво не бега. Ти треба време. Кога ќе помине доволно време да метаболизираш сѐ што се случило, ќе се искристализираат работите малку подобро. Не се мачи.
@Mentalna85 хани, те прочитав и искрено не знам што да ти кажам за да се чувствуваш подобро, не постои универзален совет за љубовни проблеми. Јас тинејџерка би ти кажала ако мислиш дека вреди, бори се, дај му шанса пак, сепак сите грешиме нели? Но јас одамна бев тинејџерка и сега размислувам на друг начин. ⬇ Сега никогаш, ама никогаш не би се вратила на човек кој без разлика колку бил грижлив во еден момент ме повредил. Порано ја правев таа грешка, сега не доаѓа во предвид, тогаш ми се одмилува, ги губам сите чувства и преферирам да свртам нов лист, да поработам на себе а тоа што се случило гледам на еден вид лекција. Не сум била во брак, не знам како би постапила, веројатно би барала компромис па доколку не се најде би заминала, и секако зависи од проблемот. Имав еден човек што многу го сакав. Ме повреди, не личев на себе, ќе успееше некако да ме манипулира ама јас толку заљубена па ги игнорирав тие црвени знамиња, човеков имаше другарка со која беше близок и раскажуваше секакви сексуални анегдоти па кога го потврдив тоа неколку пати, тоа беше масло на оганот, јаготка на шлагот тогаш ставив крај, мислев дека светот се срушил врз мене, толку многу ми недостигаше што прифаќав да имаме и само другарски однос само за да биде близу мене. Една вечер седнав, размислив со ладна глава и размислив убаво за се што се случуваше. Стегнав заби, него го избришав од секаде, а себе се ставив на прво место. Сега сум нова личност, минатото го оставив таму кај што му е местото и научив што и како да постувам во иднина. Но доста за мене, само сакав да ти ја доловам поентата. Размисли убаво, со ладна глава, ако е потребно посети и психолог, но не избрзувај да донесеш решение. Сигурна сум дека ќе го надминеш ова.
@Mentalna85 чим еднаш си пресекла добро размисли дали сакаш пак да се вратиш на истото. Знаеш некогаш лошите моменти ги надминуваат убавите. Без разлика дали некој има депресија..не заслужуваш да бидиш понижена. Кога некој има проблем си тука за него сакаш да помогниш, но тоа не значи дека таа личност треба кон тебе да се однесува без почит. Не е во ред интима да се пренесува пред пријатели. Едно извини не ги решава проблемите. Тоа плачење пред други не може да ги избриши постапките. Прекин на брак е многу комплексна одлука, нормално е дека ќе ти фали, ќе се сеќаваш на се што сте поминале, но најдобро за тебе е да побараш стручна помош. Секогаш се гледа да се решат проблемите во бракот, да стани функционален и покрај се, но ако тоа било тогаш невозможно, кој ти дава гаранција дека пак нема да биди исто, дека пак нема да бидиш повредена.
Ти благодарам на поддршка! Тешко ми оди зашто ниеден претходно не ми дал толку внимание и грижа. Ниеден не беше толку одговорен за нашиот однос како тој. Другите не раскажале сексуални анегдоти пред мене, ама пак ни оддалеку интерес и одговорност како овој.. Се наоѓам како на мртва точка или нула степен на балансот. Има доволно вредни нешта за да бидам, а и да не бидам со него. Вака се чувствувам.
Ти благодарам на поддршката драга! И јас во минатото полесно се справував со загуби и умеев да си го послушам рациото или здравото его во односите, но во брак многу е поинаку. Поготово како нашиот. Бевме сѐ еден за друг. Можеби и таа пренагласена грижа и размазеност која си ја дававме направи од нас еден вид брат и сестра на крајот. Испадите со анегдотите се случија при крајот кога веројатно по моја визија моето присуство почна да го доживува како другарско... Сѐ бевме растопиле во веројатно нездрав фамилијарен однос и љубов за едно партнерство. И двајцата бевме далеку од нашите, живеевме во странство. Короната ја поминавме сами. Станавме сѐ она што го немавме од другите кои исто ни значат во животот. И измеѓу сево ова многу надворешни проблеми кои не ни даваа мир. Знам, повторно барам причини да го оправдам, но и јас не бев светица, не на начинот на кој тој ме повреди, но сепак и јас сум го повредила на мој начин со барања за развод уште на почетокот кога немав ниедна причина поради кризи за моите кои ми недостасуваа. Со неодговорност кон делови од нашиот соживот. Далеку дека јас бев прекрасна во се'. Ќе одам кај психолог за многу скоро и уште еднаш ти благодарам за советите и споделената приказна. Драго ми е што си добра сега! ♥️
Ете, сама си знаеш, ти фали чувството, а не човекот. Мораш да бидеш трпелива, внимание и грижа ќе си дадеш сама на себе без да креираш зависничка врска. Има и други мажи на светов, опуштено.
@Mentalna85 нема да заобиколувам, мислам дека во случајов ти си манична. Прекратко сте биле во брак, сѐ било турбулентно што е нормално на почеток, сега мислиш дека била некоја невидена љубов. Знам дека не си тинејџерка, а не бил ни тој, искрено, однесувањето и на двајцата е крајно тинејџерско. Опседнатост со секс и внимание. Ако се вратиш со него и двајцата ќе пропатите уште повеќе. Најдобро е секој да работи сам на себе, а романтиките да ги оставите на страна. Доручек со посвета е едно, реален живот е друго.
Здраво на сите Вака сакам да слушнам мислења пред да го прашам директно дечкоми. Веќе сме некои пресни месеци во врска од различни градови, се гледаме често, скоро јас бев кај него и се убаво ама ми падна така мисла некоја... Кога шетавме ниеднаш не ме фати за рака, ниту овде кај мене не ме фаќа во мојот град кога иди, ама за овде си велев од оправдани причини пошто сум во таква ситуација скоро разведена па мислев дека е ради тоа да не се распрашуват лугето одма кој е што е. Да има друг нема сигурна сум, да има лажни чувства не е ни тоа. Сигурна сум во неговите чувства спрема мене. Во се се разбираме многу ни е убаво заедно, само незнам што е причина кога шетаме така јавно да не ме фати за рака, како секој нормален пар. Малку ми е глупо тоа што шетаме ко пријатели а гледаме одстрана парови сите за раце фатени...
Незнам ваљда дека чекам на него он да покуша, си мислев дали е причината пошто сум разведена може несака фамилијата негова толку скоро да разбере за оваа ситуација...па затоа не посегам ни јас, Ми има кажано дека фамилијата негова несака тој сега да разбере, ама дека ме крие од луге не... Пошто го имам одоколу прашано така...
Врската треба да се заснова на отворена комуникација, не на претпоставки. Пробај, ако те одбие да те држи за рака, разговарај зошто е така. Штом тој е од друг град, веројатно никој таму не те познава. Во ред е да не сака да зборува за твоето минато, ама тебе не ти пишува на чело дека си разведена па заради тоа да не сака да те држи за рака. А велиш тебе не ти смета да се држите за рака ни во твојот град, ама тоа треба да му го кажиш, а не да чекаш тој да ти ги прочита мислите .
Еве јас сметам дека со дечко ми сме нормален пар, па не се држиме за рака кога шетаме. Едноставно не сме такви личности и не го романтизираме тоа. Може не е ни тој. Ако толку ти смета прашај го.
Истото би го пишала како членката над мене, со што би додала уште дека партнерот е повисок и има поголем чекор од мене, а јас ниска и со помал и побавен чекор и не се координираме воопшто со држење за рака и нозете, т.е. темпото на одење. Се надевам ме разбравте