Јас и во брак сум па никогаш не сме се држеле за рака. Не знам, јас лично нр го гледам како проблем, но ако ти значи тебе најдобро отворено да си поразговараш. Претпоставките нема никаде да те одведат, ќе си отвориш проблем каде што го нема. Комуникација е клучот.
Најдобро е да го прашаш него зошто е тоа така, тука може само да нагаѓаме. Секој инвидуално еве јас на пример со партнерот постојано се држиме за рака едноставно така си сакаме , имам другар кој има девојка долги години и не сакаат да се држат за рака затоа што им било глупаво. Така да ако сакаш да дознаеш треба да си го прашаш партнерот.
@Lela5 Со дечко ми никогаш не се држиме за рака, а сме веќе 5 години заедно, сите знаат дека сме во врска, али едноставно не сме тип на луѓе што ќе се влечиме за рака. Ако сакаш да се држите ти прва фати го, не е тоа ништо страшно, али не сакаат сите да се држат за рака. А тоа што си разведена не е ништо трагично, тоа што кажуваш можеби несака фамилијата да разбере е преглупо, возрасни личности сте ако сте заедно заедно сте, или се прифаќате со сите мани или не. Отворено на сам почеток разговарајте за се не оставајте ништо за понатаму. Ако сакаш да одите за рака фати го, ако несака прашај го зошто....
Неговите секако еден ден ќе разберат дека си разведена а и не гледам нешто лошо тука.Ама убаво ти кажа феминката над мене не е тоа нешто трагично.Јас да сум како тебе вака би му направила додека шетате и разговарате ќе се приближам до него да го гушнам и веднаш дури сум до него ќе го фатам за рака да го држам како демек спонтано.Е ако те пушти можеш да го прашаш зошто. Иако како и другите мислам и јас дека нема врска тоа што не те држи за рака штом те сака и си сигурна во неговите чуства.
Ние дете имаме па не се држиме за рака, освен кога бев во поодмината бременост па ми требаше помош по угорници. Можеби не е таков, не е тоа показател и доказ на љубов. Ако те мачи прашај меѓутоа би ти рекла да не го земаш тоа како знак за нешто.
Бара внимание од тебе и да бидете постојано во контакт. Макар и глупост ќе праша, само колку да има нешто. Ми личи на опсесивна личност.
Добро вечер членови. Ме интересира вашето мислење во врска со наредново: Во врска сум со муслиман, но има еден проблем. Не можам да отидам кај него бидејќи неговите не дозволуваат, освен ако не сум невеста. Тој кај мене бил на гости веќе неколку пати, но јас не можам да отидам кај него! Тој беше кај мене за велигден и други празници претходно. Само да напоменам неговите немаат ништо против мене, сме се запознале!!! Не се старомодни луѓе. Ама ова некоја стара традиција ли тераат не ми е јасно стварно или што ќе кажат комшиите ако не дај боже пример останам трудна додека сум била кај него и сме имале односи па да не пукне брука. Тој не може ништо да направи во врска со оваа ситуација колку што можам да заклучам. Како да се реши ситуацијава има ли некакво чаре луѓе? Живееме во 21 век побогу, а не можам да отидам кај саканиот на гости или на по едно кафе просто речено. Многу пати кога сум била во негова близина ми идело да му се јавам и кажам вари едно кафе да поминам ама не е возможно! Пример за нивните празници да ме покани и почасти нема шанси. Многу глупаво се осеќам, не знам што да мислам. Се нашол ли некој во ваква ситуација? Што ако сме различна вера, врската ни функционира супер, само ова е проблемот што го напишав погоре.
Ако е Албанец не очекувај да те прифатат искрено, затоа не те викаат дома. А ако е друга националност можеби, сега веќе се повеќе и повеќе се мешаните врски и бракови. Само албанците сеуште не прифаќаат такви мешани врски
Очигледно ќе треба да се ориентираш според нивните адети и да ја почитуваш нивната традиција. Ваљда си требала да бидеш спремна на почеток за вакво нешто, со оглед на тоа дека муслиманите се прво свртени кон Бога. Колку и да звучи грубо.. Не знам дали ако изнајмите стан заедно да живеете, ќе се промени нешто? Дали би прифатиле така неговите, со оглед на тоа што не би бил тоа нивен дом, туку ваш (или негов) и би можела да тркнеш на кафе до кај него... не знам, факд ап е ситуацијава искрено.
Тој мене ми спомна 2-3 пати да живееме заедно и да сме земеле некое станче. Треба сериозно да седнеме и направиме муабет во врска со ова очигледно
@Anamaria1 А да, извини, сега подобро прочитав. Убаво ти предложил дечко ти. Со тоа валјда покажува дека е сериозен за тебе. Па најдобро е да си го направите тој разговор. Секако некогаш ќе мора да дојдете до таа тема, па убаво е навреме да си видите.
Aко ти е убаво со него, нема да згрешиш со одлуката да живеете заедно. И онака сте возрасни.. Патем, ќе видиш како ќе биде да функционирате заедно пред брак (доколку планирате).
Ќе седнам и ќе направам муабет во врска со тоа да живееме заедно. Со оглед на тоа што и тој сам ми предложи неколку пати да сме живееле заедно, веројатно ќе прифати, што знам...
@Anamaria1 Ако и не сте долго во врска, не брзај. Не мора одма да скокнеш во брачните води, доколку не си сигурна. Или само поради одењето на гости.