Не знам што е со нападиве ако некој има поразлично гледиште или искуство од твоето… значи има и муслимани затуцани и христијани затуцани, се дружам со такви. Имам муслиманка другарка што татко и не и дава да работи… а камоли дечко да фати… имам другарка друга исто муслиманка што се заљуби во христијан па цела фамилија доаѓаше нејзина да го тепа да се заканува на дечкото кој денес и е сопруг и има дете со него. Имам прва братучедка која е мажена за муслиман, Арап, па се ултра модерни и воопшто немаат никакви заостанати сфаќања… мајката негова е забулена исто и сестра му а братучедка ми уште гола што нема излезено па е прифатена како нивна ќерка и воопшто не им смета тоа, исто имам христијани пријатели што не смеат ништо да прават без дозвола на татко им и сл… така да некои имаат и поразлично мислење од вашето, не значи дека ако сте муслимани или православни и ако некој имал различни ситуации со тие вери дека нема такво нешто во тие вери. И нормално е да си ја браните верата… ама не набедувајте дека некој лаже.
Bubace te znajme kakva si ko ke te fatat zoltite minuti... a deka sfakanjata ne ni se isti ne se i nema da bidat pa ti kako sakas
Тебе те имаат фатено веќе и те држат долго време, постојано си дрска и безобразна со членки не би било лошо да си го побараш тригерот и да си поразговараш со психолог. И да, секој размислува различно ама тоа ни најмалку не ги прави дотични.
Кој мене не ме прима дома, не го примам ни јас дома. И да имате свој дом, нека не се добредојдени тие кај тебе. Јас на твое место така би постапила
Штом не сте ме цитирале, нема ни јас поединечно, туку генерално ќе зборам. Не знам дали селективно слепи се правите сите, најсериозно. Мислам, стварно ми е мило што немам бар у моја околина македонци од ваш калибар, полни со предрасуди, отров и омраза. Што знам, може и како зрачиш тако привлачиш. И ја не би примила у куќа токсична особа, ниту би одела кај таква. Ама пак не би препишувала на религија, националност или временска прогноза, туку на карактер. И да, секогаш ќе се бранам кога некој јаде...ај ќе кажам трици без никаков основ.
За да опстани таја врска или брак,само надвор од мк оти овде стариве се многу заостанати и тие ги прават проблемите. На никој немуе гајле за верата дали бил албанец,македонец или калбоец ама нашиве "роднини" и пријатели носопикачи во приватност уништуват се.
Па ако немаат ништо против тебе и ако те прифатиле.Зошто да им е проблем да дојдеш ако сакаш да ги испочитуваш за празник да им честиташ.Ако врската ви е веќе толку сериозна.Можат да те претстават како идна снаа, невеста.Што мајката он тогаш иде кај тебе така слободно, ако држат така до адетите и верата и он не смее кај тебе да оди.Немој да ме разбереш лошо ова што ќе ти пишам.Има родители што притајно може да се против не му одат директно со муабетот на синот за да не расипуваат однос да не се караат ќе викаат "Ајде бе што ќе ја шета, ќе му здосади и ќе ја остави после наша ќе си земе."И тоа он што ти вика да живеете заедно да земете стан или му идат одоколу со муабет неговите.Да не испадне ти со него во стан, а он после кај неговите да има невеста друга да му најдат.Ти земи со твојот дечко сериозен муабет да си направиш што и како понатака, дали ќе бараат име да менуваш, вера.Ти речи му па ако сакаш да живееме сами во стан нели треба да дојдете да ме барате кај родителите, така е адетот и да се запознаат.Како ќе се договориме за веридба за венчавка, за свадба речи.Каква невеста јас ќе сум, јас со тебе во стан а не знаат дека си се оженил, дека имаш жена ?Не после да си кршиш глава да се чудиш што те снајде не биди наивна.Извини можеби грубо ти доаѓаат моите зборови.Не може тоа така и ти си нечие дете.Неговите кога те запознале што ти кажале?
Бев атеиста, одев со една фундаментална христијанка. Постев, немавме секс за време на пости, 3 пати неделно во црква од 8.00 молитви духовен отец. Читање библија нон стоп. Пак не поверував длабоко дека има Бог. Никад немавме проблеми со верата јас се правев по христијанството. Сега сум со атеистка а решив да станам будиста. Медитирам по 2 часа дневно. Неа не ја замарам со медитација.
Абе да ама родители се родители и на крај свет да отидеш. Што знам, уште е рано да се рече дека не ја прифаќаат и дека нема да ја прифатат, само треба време и секако да не бидат баш во заедница во иднина.
@Anamaria1 имам другарка муслиманка и јас бев зачудена кога ми имаше кажано дека кај нив женска на брат и ќе дојде само кога ќе дават заклетва, а брат и имаше девојка и таа никогаш немаше дојдено кај нив, иако беше муслиманка. А јас како христијанка бев кај нив се дружев и со брат и немаше никаков проблем. Имаат некои верувања што можеби за нас е чудно за нив е нормално. Мислам дека не е дека не те прифаќаат туку едноставно мислат дека е тоа правилно. Чим дечкото ти предложил да живеете прво заедно значи сепак е сериозен со тебе. Секако дека има разлика и меѓу нас христијаните и меѓу нив муслиманите. Ако сметаат дека не треба да одиш пред брак почитувај им ја одлуката.
Смешни сте ми со "што мајка бараш кај нив" Абе ваљда ги интересира која сум што сум, не мора потпис да дојде да ме сметаат за "нивна" Вие 5 минути пред брак демек се запознавте со свекрвата сите ај ај. И не, не може да ја прифаќаат ама не иди дома јер комшиите. Или ме прифаќаш и ќеф ти е да ме поканиш дома, или не. Што рече некој може не ја сакаат ама ради мир у кучи бараат вакви изговори. Јас вака утре и да им бидам снаа нема да им отидам, ни па ќе стапнат кај мене они. Оти тоа лизи мази 1 минута после потпис не е прифаќање и почит, да се разбереме. А лично нешто што ептен мразам е она формално понашање меѓу фамилии. Не ни можам да идам тогаш кај некого ако ради реда идеме.
Абе види, јас тоа "шо мајка бараш таму" го пишав од аспект дека чим не ме примаш дома не ни сакам да ти дојдам повеќе и нема ни да ми дојдете. Тоа е кај нас христијаните. Ама во овој случај, они се муслимани ( фамилијата на дечкото на членката) и таква им е културата , тоа е нормално за нив, тоа е чест за нив, додека за нас тоа е непочитување. И јас стварно незнам шо да мислам, нека објасни членката повеќе околу неговото семејство.
Никаде не видов отворено изразување на омраза туку споделување мислење, за тоа како тие се убедени дека се одвиваат работите кај муслиманските семејства без разлика на која националност тоа тие припаѓаат, Јас ќе ти дадам пример мој од секојдневието, додека учев средно каде што 60% беа албанци а може и повеќе (иако порано не беа толку застапени во тоа средно, никогаш ништо не останува исто се се менува) се дружев и стоев и со Македонци и Албанци, Турци, Роми, иако повеќе Албанците се дружеа со мене од сите други националности па и Македонците, и така зближувајќи се со Албанците почнаа и Албанките да ми прават муабет да се здружуваат со мене здраво како си, што правиш, си одиме заедно до автобуска и една ден ме застана едно 20 албанци да ме тепаат но имаше и неколку со кои се познавав само затоа што јас сум им викал здраво на албанките и сум се дружел (иако тие први почнаа со мене да се дружат) и да не беа тие двајца тројца кои ме познаваат да ја смират тензијата не знам што ќе се случеше тогаш со мене. Дури и им мавнаа по еден шамар на тие што ме бранат затоа што ме бранат и си отидоа но пред да си отидат ми рекоа да не сум ни погледнал уште еднаш албанка, а камо ли да им кажам здраво. Дали јас ги послушав или не е приказна за друг ден. Тоа со роми не ми се случило, со бошњаци нешто слично но не до тој интезитет, а со турци демек пријателско потсетување дека ние нема да си одговараме пошто сме различни вери, иако да ви кажам дека ни со една од тие не сум мислел нешто да имам туку секојдневно здраво нешто муабет за школо и сл. Поздрав и се најубаво.
Ќе бидам најискрена, ти ја прочитав само и само првата реченица. Тоа што не гледаш проблем е проблем. Но, сепак, тоа покажува какви луѓе сте реално, а не има секакви. Тоа е.
Што се однесува до тоа што девојката што ја интересира скоро никој не и кажа нешто корисно туку како обично се однесуваат муслиманите, деугите грешка не се однесуваат така, но сите луѓе се различни, најдобро за однесувањето на другите треба директно да се праша некој близок до тие што не се однесуваат според твојата логика или самите нив. Затоа најдобро дечкото директно и отворено прашај го зошто е тоа така. Дали ја одобруваат врската или не, дали им смета нешто околу тебе. Пошто вака со претпоставки никогаш нема да дознаеш. Ова важи за сите без разлика од која религија припаѓаат. Јас излегував со една каде што од авион се приметуваше дека ме крие, не беше мажена и сл. Но нејзините не и дозволувале да излегува со сиромашни, само со богати, христијани беа, и беа прилично имателни. И ја откачив, затоа се согласувала со нејзините родители не гледала иднина во нашата врска едноставно и се допаѓало се околу нашата врска и и било убаво но ете не и за остатокот од животот.