@Anamaria1 имам другарка муслиманка и јас бев зачудена кога ми имаше кажано дека кај нив женска на брат и ќе дојде само кога ќе дават заклетва, а брат и имаше девојка и таа никогаш немаше дојдено кај нив, иако беше муслиманка. А јас како христијанка бев кај нив се дружев и со брат и немаше никаков проблем. Имаат некои верувања што можеби за нас е чудно за нив е нормално. Мислам дека не е дека не те прифаќаат туку едноставно мислат дека е тоа правилно. Чим дечкото ти предложил да живеете прво заедно значи сепак е сериозен со тебе. Секако дека има разлика и меѓу нас христијаните и меѓу нив муслиманите. Ако сметаат дека не треба да одиш пред брак почитувај им ја одлуката.
Смешни сте ми со "што мајка бараш кај нив" Абе ваљда ги интересира која сум што сум, не мора потпис да дојде да ме сметаат за "нивна" Вие 5 минути пред брак демек се запознавте со свекрвата сите ај ај. И не, не може да ја прифаќаат ама не иди дома јер комшиите. Или ме прифаќаш и ќеф ти е да ме поканиш дома, или не. Што рече некој може не ја сакаат ама ради мир у кучи бараат вакви изговори. Јас вака утре и да им бидам снаа нема да им отидам, ни па ќе стапнат кај мене они. Оти тоа лизи мази 1 минута после потпис не е прифаќање и почит, да се разбереме. А лично нешто што ептен мразам е она формално понашање меѓу фамилии. Не ни можам да идам тогаш кај некого ако ради реда идеме.
Абе види, јас тоа "шо мајка бараш таму" го пишав од аспект дека чим не ме примаш дома не ни сакам да ти дојдам повеќе и нема ни да ми дојдете. Тоа е кај нас христијаните. Ама во овој случај, они се муслимани ( фамилијата на дечкото на членката) и таква им е културата , тоа е нормално за нив, тоа е чест за нив, додека за нас тоа е непочитување. И јас стварно незнам шо да мислам, нека објасни членката повеќе околу неговото семејство.
Никаде не видов отворено изразување на омраза туку споделување мислење, за тоа како тие се убедени дека се одвиваат работите кај муслиманските семејства без разлика на која националност тоа тие припаѓаат, Јас ќе ти дадам пример мој од секојдневието, додека учев средно каде што 60% беа албанци а може и повеќе (иако порано не беа толку застапени во тоа средно, никогаш ништо не останува исто се се менува) се дружев и стоев и со Македонци и Албанци, Турци, Роми, иако повеќе Албанците се дружеа со мене од сите други националности па и Македонците, и така зближувајќи се со Албанците почнаа и Албанките да ми прават муабет да се здружуваат со мене здраво како си, што правиш, си одиме заедно до автобуска и една ден ме застана едно 20 албанци да ме тепаат но имаше и неколку со кои се познавав само затоа што јас сум им викал здраво на албанките и сум се дружел (иако тие први почнаа со мене да се дружат) и да не беа тие двајца тројца кои ме познаваат да ја смират тензијата не знам што ќе се случеше тогаш со мене. Дури и им мавнаа по еден шамар на тие што ме бранат затоа што ме бранат и си отидоа но пред да си отидат ми рекоа да не сум ни погледнал уште еднаш албанка, а камо ли да им кажам здраво. Дали јас ги послушав или не е приказна за друг ден. Тоа со роми не ми се случило, со бошњаци нешто слично но не до тој интезитет, а со турци демек пријателско потсетување дека ние нема да си одговараме пошто сме различни вери, иако да ви кажам дека ни со една од тие не сум мислел нешто да имам туку секојдневно здраво нешто муабет за школо и сл. Поздрав и се најубаво.
Ќе бидам најискрена, ти ја прочитав само и само првата реченица. Тоа што не гледаш проблем е проблем. Но, сепак, тоа покажува какви луѓе сте реално, а не има секакви. Тоа е.
Што се однесува до тоа што девојката што ја интересира скоро никој не и кажа нешто корисно туку како обично се однесуваат муслиманите, деугите грешка не се однесуваат така, но сите луѓе се различни, најдобро за однесувањето на другите треба директно да се праша некој близок до тие што не се однесуваат според твојата логика или самите нив. Затоа најдобро дечкото директно и отворено прашај го зошто е тоа така. Дали ја одобруваат врската или не, дали им смета нешто околу тебе. Пошто вака со претпоставки никогаш нема да дознаеш. Ова важи за сите без разлика од која религија припаѓаат. Јас излегував со една каде што од авион се приметуваше дека ме крие, не беше мажена и сл. Но нејзините не и дозволувале да излегува со сиромашни, само со богати, христијани беа, и беа прилично имателни. И ја откачив, затоа се согласувала со нејзините родители не гледала иднина во нашата врска едноставно и се допаѓало се околу нашата врска и и било убаво но ете не и за остатокот од животот.
Здраво членки Се соочувам со голем проблем Имено ние живееме и работиме во странство Сопругот сака да се врати назад во Македонија а јас не сакам ич. Знам што ме чека назад а тука имам стабилна работа и се ми е на место фала му на бога Е сега Ми даде ,,услов” јас да си останам тука а тој Македонија Хммм и сето би било ОК ако немаме дете ама имаме едно . Како би било со детето како би живееле така Друга алтернатива е да се вратиме заедно назад Искрено еве и да се вратам ќе ми фалат моите бидејќи тие остануваат тука . Не сум МАМА И ТАТО ДЕТЕ ама па толку се труделе за се до сега и тие за некоја ,,свекрва” бидејќи не ме гледала бремена и не може да се навикни дела детето и е внуче да се прави ШЕФ ? епа не фала Искрено секој совет е добре дојден
Прво зошто мт сака да се врати во Мк? А потоа морате да си се договорите меѓусебе, еден мора да попушти ако сакате да продолжите да бидеете заедно, или пак ако мислите дека би функционирале и така ти таму тој тука правете така. А тоа со свекрва шеф и слично е веројатно плус приказна за која ништо не знаеме и неможеме да дадеме совет
Најбитното не го објасни, зошто сопругот сака да се врати, каква врска има свекрвата? На кантар морате да измерите каде вие како семејство поубаво живеете, бидејќи родителите се родители и не може секогаш според нив да се ориентирате. Можеби и маж ти сака да биде блиску до своите како што сакаш ти? И неговите се бројат колку и твоите, ако е околу тоа муката, ама баш и не си најјасна, ова ШЕФ ептен ти вришти.
Toa sto ne si "opkruzena" so lugje kako nas se lazis, lugjeto pravat lice pred mene pred tebe bez razlika na nacionalnost. Tuka samo kje procitas realno mislenje.
А маж ти сака за мајка му да се врати?Ова не го објасни убаво.Од сигурна работа и добро платена ќе се враќа во Македонија каде што ќе нема ни за основни трошоци да ги поктие со платата.Многу тешко би функционирале така едниот Мк другиот таму па и плус дете имате. Тоа дете ќе бара и татко му да е со него.Разговарајте и прашај го која е причината што сака да се врати Мк.
Свекрвата е болна или? Се зависи од причините ради кои дака да се врати. Може не е среќен таму едноставно. Треба да извагаш што губите, а што добивате ти и детето ако дојдете. @Youknow Nopе. Ти само не копчаш дека не се сите лицемери. И ок е, не е лесно да се сфати дека не се сите како тебе.
Не се сите лицемери да, но не се сите добри како тебе, без разлика на религија или националност, постојат лоши и многу лоши луѓе што се би направиле само за да ди ја достигнат целта без разлика тоа што им е таа цел. Но постојат и добри луѓе како тебе. Добрите никогаш не можат да ги спознаат вистински лошите луѓе, очекуваат сите да се однесуваат добро како нив кон нив и кон другите.
Епа вака да се објаснам Свекрвата не е болна ама си прима терапија има проблем со менталното здравје Син и има починато а пред некое време и свекор ми Си бевме Македонија маж ми остана месец ипол Е сега маж ми сака да се врати назад има викендица сака да ја среди и таму да седиме Хахахах Свекрва ми со мозоко не е добра Никогаш нисто не е погодено Јас со сопругот се запознав тука и јас дојдов со план тука да седам а не да се враќам назад
Еден треба да попушти да Ама па дали се вика ти таму јас Македонија ами детето? Еве и така да биди што живот ќе има тоа дете Значи стварно мозоко не знам каде ми е На 2 ума сум и вака и така нема да чини … решение никакво
Мене ми изгледа дека маж ти не би прифатил компромис. Со тоа што ти рекол ти седи си во странство, а јас во Македонија индиректно ти вели да се разделите т.с разведете.
Здраво во врска сум година и пол. На моите родители им немам кажано дека имам дечко поради тоа што не сум блиска со нив и многу се конзервативни. Имам 28 години. После се што поминав со овој дечко секакви караници и навреди, лајковања на други девојќи од негова страна јас скоро половина година и повеќе не сакам да сум со него. Сакам да раскинам , но тој не сака и секогаш кога ќе му го кажам тоа и дека повеќе не го сакам ме навредува и ми се заканува дека ќе ми дојди дома и ќе ми направи скандал со моите родители, ќе им кажел за мене дека сум била к...а и се лошо за мене. Јас многу се плашам од тоа,моите родители не знаат ни дека дечко имам.. Затоа и се влечам со него уште оти се плашам да не го направи тоа и ми наштети. Сеуште живеам со моите родители. Неколку пати и навечер ми има доаѓано пред куќата со колата и сум го молела да се смири да не ми направи скандал пред моите родители. Ми се закануваа постојано со тоа бидејќи знае дека ми е слаба точка тоа. Се плашам да го блокирам насекаде, дури тогаш може да дојде кај мене да тропни и да им кажи секакви лоши работи за мене на моите конзервативни родители, а подршка и разбирање од нив сум немала никогаш ниту ќе имам. Ве молам за помош и совет што да правам како да излезам од оваа токсична врска без да се случи нешто лошо