Имаш ќе си го израснеш детето кај мајка ти и тоа е што е. Со таков деген не си ни требала да се враќаш и шанси да даваш, он битно кејфот си го истерал со вас две.
Тргнав да коментирам, ама прашање немаш самопочит? И функционален вид? 10 години у врска ама несакајќи ја забременил? Ама не ја сака секако. Му имаш кажано дека си бремена? Можеби он ќе смета дека и твоево е несакајќи.
А ти??Верувам си знаела што треба да направиш.Како бе тајна врска со оженет??Плус ултиматум ќе бидам со тебе ако се разведеш.. Дечково е некој неизживеан што сака да седи на две столчиња ама нема врска верувам дека во иднина неговата сегашна или бивша сопруга свеќа за здравје ќе ти запали што си ја спасила од одвратен брак.
Таа три месеци криела од него дека е бремена, за да не ја тера тој да абортира, не знам колку ке биде благодарна кога беше свесна за се
Треба ли повеќе да коментираме на темава? Или ќе чекаме некоја трета како се жали од типов дека две други случајно останале бремени?
Човек имал девојка што мајка бараш со него. При толку слободни мажи, како си можела да дозволиш така да те вози. Како може да не се знае дали свршил? Аман, имај самопочит
Не оди тоа преку општ матичен доктор, прво МОРАШ да одиш на гинеколог за да ја "потврди" бременоста. Е сега абортус можеш да извршиш и понатаму. Тоа значи дали ќе биде медикаментозен или не, прво мора да те прегледа гинеколог. Медикаментозен абортус се извршува во универзитетската клиника за гинекологија. Хируршки абортус може во Скопје претпоставувам дека и во помалите градови може хируршки, зависи од каде си.
За да не ја ТЕРА да абортира, дали си сериозна дека со ваков човек сакаш да бидеш во врска? Ни ти не си во брак со него, а пред околината ни во врска.
И мене ова ми е најјака реченица од нејзиниов пост. Јас гледам вина и во тебе.Не си требала да одиш со него кога си знаела дека има женска,па и како ти рекол несакајќи ја забременив верувај си ти.Тогаш не сфати дека те лажи дека те вози,па и 4 годишна врска раскина за некој што има друга,а ти си му резерва.Уште тогаш си требала да прекинеш со него.Сега веќе е сторено назад нема.Плус на дечково во тек му е разводов,знаеш колку има такви бил во тек разводот ама поради детето или друга причина не се развеле.За детето треба да разговараш со него дали ќе го прифати детето а потоа зависно како ќе се одвива сируацијата и со твоите.Ама мора со него да разговараш сама не си го направила детето па само ти да му ја мислиш.Многу си погрешила.