Ко ќе ја шутнат од друштвото и ко ќе остани сама без ниту една другарка тогаш ќе и текни. Имав иста случка со другарки со кој сме 17 години заедно и ко си фатија дечковци скроз се тргнаја. Еве се скраја и сега останаја сами. И сега ај заедно на одмор да одиме пошто лани демек сме биле секој посебно. Сега нема со кој ајде назад. Многу се гнасни денешниве луѓе. Поминиси заминиси исто како да не постој воопшто. Ако сте газди на бутикот,шутниа од работа.
Немало потреба зошто да се објаснуваш, сечеш од животот и толку. Нам ни плаќаат кирија ама не се спуштам на нејзино ниво да ја избркаат од работа поради мене. Госпожата сака молење, кај мене нема да го види тоа повеќе.
Секој со секого неможи да се дружи. Тие друштва од по 5 6 души нагоре не се вистински, не се стремете кон тоа да имате еден куп пријатели, доволни ви се 1-2ца ама вистински.
Епа види, јас не сум секого. Не може да зборува против нив а утре у кафеана со нив а мене која и е речиси цел живот другарка да ја отфрли. Возрасна личност у брак е, треба зрело да постапува и да размислува а не зад грб да прави работи и да глуми жртва, увредена и не знам што.
Точаче ќе бидам отворена, немој да ми се налутиш. Тие што биле во кафана со нејзе со месеци ти правеле лице позади грб. И тоа е сигурно план не на оваа него на некоја трета личност. Ти баш испадна фер и си кажа што ти лежи, на неа сега и е криво што ти знаеш и имаш поинакво мислење за неа. Верувај ми само ти направи услуга. И не би требало повеќе да имаш контакт со нив. Ако ти си го држела врвчето со целото друшство, сега пушти го и продолжи си понатаму.
Ооо сигурна сум дека е нејзин, другите се секогаш за излегување а таа е таа секогаш шо мора да прави план и да заебе ситуација у последен момент. Не се лутам, некои работи ми се веќе појасни.
Тие не ти се другарки,ти глумеле дека ти биле.Не вреди ни муабет да ги правиш.Ќе си најдеш нови другарки.Секако еден ден тие пак тебе ќе те бараат.Во право е дечко ти.Среќа имаш што си се спасила од вакви лицимери.
Твој е бутикот? Бутикот се наоѓа во твојата куќа односно друг газда ама ти е кираџија на тебе? Избрзав и пишав пред да прочитам до крај. Го добив одговорот откако прочитав. Инаку, таа ти е љубоморна, гледам некои користат некои странски поими кои немаат врска со тоа што се случува, (искрено не ни знам што значат) но ова е многу едноставно таа работи во бутик каде што нејзиниот газда тебе ти плаќа за кирија, значи ти си и над нејзиниот газда, тоа е обична љубомора и завист, ти си успеала според неа а таа не. И така сигурно и на другите "другарки" таа направила да ти свртат грб зад грб да ти работат а тие толку им требало и така си таа демек ги убедила и ете продолжиле тоа да го прават се зад грб. Јас би ја избркал и од таа работата пошто буквално ти е дома не за друго ќе те оговара ќе ти измислува муабети само за да се чуствува надмено а ти понижена демек ќе бидеш. Сите твои тајни ќе ги кажува и на нејзин газда или газдарица и на муштерии што те знаат лично. Ни една од тие другарки не само таа не ти се другарки и би ти предложил да прекинеш контакт со сите пошто тие да ти биле другарки ќе се спротиставеле на ваквиот однос или барем некоја од таа ќе ти кажела дека се случува нешто... Откачи ги сите и најди си други интереси и активности а преку тоа и ќе се запознаеш со други и подобри друштва.
Па ретко има женски пријателства, повеќето се дружат од интерес. Она што неа и се случило, ни се случило на сите барем еднаш во животот. Само под различни околности и други биле причините.
Ахам ,интересно. Не знам што значат ама немаат врска со тоа. Епа изгугај едуцирај се малце не е лошо да научиш некој нов збор.
Јас повеќе не се замарам, искрено и сеедно ми е веќе. Секој ден ја гледам и исто ко да не ја познавам, таа е таа шо бега. Ама кој си ја има мувата на главата сам си ја брка. Мене ми е одлично, имам подршка од домашните и дм така да.. Она е мање више битна.
Точаче сите сме доживеале вакви нешта. И тоа од личности кои сме ги сметале за блиски, кога си фатиле дечко па нигде со месеци ги немало, а од друга страна со некои што ги запознале пред 3, 4 години излезени сликани, а со тебе се дружат уште од 1во одделение. Сите на ваков или таков начин сме си ја научиле лекцијата. Лицемерни се луѓето, дволични, себични. И не, не е до тебе проблемот туку е до нив.
Другарите не се вечни се менуваат. Нема трајно другарство тоа е лекција. Треба да го напуштиме романтизмот не постои чиста љубов и вечно другарство. Бонус родителите не даваат најдобри совети.
Не фала, Македонскиот јазик е богат така да немам потреба од англицизми за нешто што веќе постои збор и објаснување во Македонскиот
Тоа можат да го кажат само оние што не го познаваат Македонскиот јазик, и оние што секаков друг јазик им е подобар од Македонскиот.