Многу наивно размислуваш девојко ама ај простено ти е бидејки имаш 16 години.Сите ке ти кажеме исто а не ни очекувај поинаков одговор од тоа да се тргнеш настрана од него.Ти барал односи и тоа на трето излегување?па чекај бе малку,чукни се во главчето.Да имал чуства кон тебе ке те почекал.А ако толку сака односи нека отиде позади МТВ тие со задоволство ке му дадат.Па дур се лутел дека имаш добиено.Па нека се лути.Сексот не е едноставна работа и легни така наеднаш па утре мавај си глава ако дојде до нешто несакано.
бидејќи девојките над пред мене кажаа све претходно нема да се пофторувам и јас туку само ќе ти речам имаш 16 години мисли малку по трезвено и спуштисе на земја малку според мене немаш ни години да размислуваш за сексуални односи а и ти самата треба да си знаеш колку си здрела и спремна за тоа посебно со човек кој го знаеш еден месец само
Типот сака секс девојче...дај соземи се нонстоп ти навалува, па и се лутел оти си му рекла дека имаш треба да те почитува ејјј до кај стасала младинава
сега не знам како да почнам...како прво сакам само малку помош...јас си мојот дечко се скаравме и некое време не сме заедно...ама треба да зборуваме и да видиме дали ке можеме да бидем заедно понатаму.се скаравме поради тоа што тој вели дека јас го контролирам,дека му се е смачило веке од постојано да му префрлам зошто не неоѓа време со мене да биде и зошто не ми се јавува,дека мн го нервирам,дека во неговиот живот тој мора и да работи и да учи на факултетот и дека не сум му јас само,значи сите др работи му се пред мене а јас на последно време ако најде слободно време ке биде со мене ако не нема,кога го прашав дали ми верува вели дека не,.. не ми ни верува а 2 год сме заедно,кога го прашав дали сака да е слободен молчеше...веке 2-3 пати раскнуваме и секој пат се покајува и секој пат му простував,но сега сакам да сум силна и да ставам крај засекогаш...сакам некој да ми каже како да се убедам самата и да не попуштам кога ке зборуваме и да не ме залажат тие негови зборови дека се ке се смени...сакам да издржам и да бидам силна...ако некој се нашол во таква ситуација нека пишува што направил и што се случило потоа...и како да го исфрлам бесот во мене и да не паднам во депресија... однапред благодарам!
Ако вратиш назад 2-3 страни ќе видиш мој пост со истиот проблем Верувај и јас уште не сум го решила и овде барав совет едно девојче ми рече да завршам со него( мада мислам дека веќе е и завршено тој не ме побарал веќе неколку дена а јас уште го сакам и после се ) Мислам дека едноставно треба и двете да се откажеме од луѓе кои не се трудат да не задржат во својот живот(зар јас го пишувам ова?) ма колку и да боли не повредиле да сакале да бидат со нас не би ни раскинале би се труделе повеќе.Па ние сме млади имаме време сигурна сум дека ќе се снајдеме! И мене ми е тешко да се откажам ама шо можам? Ај види шо како па ми кажи што си направила позз
и мене не ме побара само кога зборувавме последен пат рековме дека нема да се видуваме 2 недели.па после ако сакам да бидам со него ке бидеме...ама јас се изморив повеке,постојано да се караме и зошто да бидам со некој што не ме поднесува и му се е смачило од мене...не знам јас одноставно сакам да издржам и да ставам крај на врската без да се каам и да не паѓам во депресија...велиш истиот случај јас мислам дека секој треба да си продолжи по својот пат и да заборавиме на нашата болка и на нашите проблеми...млади сме, паметни и ке се забавуваме а не ние плачеме за некој на кој не сме му ни важни и не сме ништо во нивните животи...јас сум мн бесна и полесно можам да ре4ам доста беше! но мислам дека кога ке дојде депресијата тогаш ке сакам да бидам со него ама нема повеке...не може да ме има секогаш кога тој посака па и јас имам достоинствоооо....јас велам да заборавиме дека постојат и да си продолжиме со нашите животи без нив...колку и да е тешкооо мора се! биди поздравена и пиши што ке направиш или што си направила...само мисли на тебе и знај дека само ти си важна ...
Речете крај кога навистина ќе го чувствувате тоа, а не само колку да го речете па после да се каете.Треба да бидете цврсти и да стоите на кажаниот збор,инаку и кога ќе речете нареден пат дека ќе направите нешто нема да ви веруваат.Се додека не бидете подготвени без него,џабе ќе викате ќе му се скарам- по некое време пак ќе му се јавите оти не можете без него.Со разговор и со разбирање се може да се реши.Позз и размислете добро што навистина сакате.
Верувај и јас сакам да кажам крај на сето тоа.Знам дека не ме цени како што заслужувам но сепак се плашам да не подлегнам повторно а мн веројатно е тоа и да се случи бидејќи сеуште ми значи за жал.. Се чувствувам осамено без него и сакам да го видам а не треба да е така.Ќе видам се што знам сега е дека сакам добро да се забавувам ова лето!Се надевам дека нема толку да мислам на него.Позз
Девојки гледам сте се обиделе да ми дадете совет за мојата ситуација, ви балгодарам многу. Инаку јас знам дека тоа што нема работа моментално го убива, а и за мене, морам да си признаам дека не е лесно со мене во врска, си имам и јас свои маани ама разговаравме отворено, мислам дека е решено барем за сега, продолжуваме заедно пак. поздрав
се надевам дека за тука е ова моето незнаев кај да го сместам Одам со мојот дечко скоро 2 години.. имавме шо имавме секс и имаме сеуште значи од пред некој месец сум активна сексуално.Имавме еден договор се што ќе бииде меѓу нас останува меѓу нас.Но пред некој ден почна да ми кажва како демек зошто другарите да не знаеле не било тоа срамота ништо не било страшно..ми смета многу да збора со другарите за нашиот однос..незнам како да му го објаснам тоа не ме разбира ич..(и сега нејкам одговори како демек ако те сака ќе сфати и дрн дрн) го знам јас се то! незнам што мислите вие дали сите машки потајно или не кажват на другарите и водат разговор за то ..дали ви смета тоа вас.. и како се справувате со тоа?
вајлд кет колку години си? Види сосема е нормалено со другарите он да расправа за вакви работи, според пишувањево мислам дека немаш повеќе од 18 години па уште ти е на еден начин табу тема, ама со тек на време не само он и ти ќе збориш со другарките и ќе кажуваш .... така да верувај - нормално е...дечко и девојка сте, сигурно нема да се држите само за рака
Дали да му пишам ? Па вакаа..ми се свиѓа еден дечко ..ама тој сега е 18год а јас сум 13 Па сега сакам да му пишам .. Иста музика слушаме (metal/rock) и до некаде мислам можеме да се разбереме,иако ми кажаа дека имал детинест карактер..Некако е хардкор,див,бунтовник ..Има пирс на устата И сега не знам дали ќе сака да се дружи со некоја што е 5 години помала од него.Иако другарка ми му има пишано но тој профил како да не е нејзин..Нема информации нити ѕид..само една слика и на сликата една 15-6годишна девојка на којашто фацата не и се гледаше многу ..Дали ќе ме отфрли ? Само сакам да се здружам со него..има време понатакај
Спојлер Не ја праќај таму Ако отиде во тој крш , толку многу ќе научи што за скоро време ќе треба да и реплицираш во темата - дали сум бремена. Абеее би ви забранила и ФБ и лајкнувања и лажни профили. Лажни профили, бреееј. Тие уште не се осознале кои се , па стигнале и лажни профили да прават. Уживајте деца во детството, зошто брзате, каде трчате????
здраво имам еден мал проблем, со дечко ми одеме 2 год и ни е многу убаво коа сум со него се гушкаме нон стоп ми кажува дека ме сака заедно сме секој ден но,кога сме излезени во град нонстпо гледа по др девојчиња (ЗЈАПА ВО НИВ СЕ ВРТИ ) и порано се секој ден расправаме за тоа, сега не се рсаправаме за да не си ја рсатурам врската а он пак си продолжува по старо и ми смета многу и кога е излезен со другарите како да е друга личност дури и има бес да знам има излегува со нив.се му имама простено бидејки коа сме сами имаме незаборавни моменти незнам што да правам како да му објаснам дека тоа ми смета коа не ме слуша
Па гледај и ти де. Загледувај се по згодни момци. Ќе ти се слоши? - Не Очи се за гледање. Среќа што со нив само тоа и можеме.
да,но ми смета многу го осекам како да траже некој се загледува во секоја ,јас се чувствувам непријатно понижено тоа му го кажзав ама он пак по старо
ако поминува згодна девојка и ако не се свртиме да видиме се осеќаме како да сме пропуштиле кој знае што !!!!!! Незнам на кој начин да ти објаснам дека е безопасно и дека е едноставно рефлекс.....Неможеме да го контролираме......а за излегувањето сакаш да го загушиш? мора да ти кажува што праи во секој даден момент.....дај не зезај, дај му малце простор, нека излезе со другари.....лично на мене тоа би ми Спојлер скурчило и одамна би било крај ако треба да се објаснувам за секој момент што праам и кога сум излегол......може дечко ти е друг, ама како и да е, со гушење не се стига никаде освен до крај на нешто...па сега ти размисли дали ќе продолжиш со тоа кај ќе идеш, зашто не ми кажа дека си излегол и тако даље или ќе искулураш малце
по згодна девојка се вртам и јас , но он с е врти по секоја а со тоа ме понижува се осекам глупо затоа што по мене не се врти така а кај мене има се што може да посака едно машко,бес ласкање ама така е и за се ми наога мани дека сум се здебелила,зошто сум била нонстоп во штикли бла бла а јас се правамз а да го воодушевам а он ретко го тоа забележува
здраво! пак јас ама овој пат мислам дека направив голема грешка. како што кажав пред тоа скарана сум со дечкото, и прегеска се слушнавме и дефинитивно не видов никаква надеж дека сака да се смириме, т.е ми даде до знаење дека му е потребно време. бидејќи сум на работа трета смена, по некоја случајност ми пиша предходниот бивши што одев 3 години дека бил дојден во мојот град(бидејќи бевме од различни градови) и му кажав дека сум на работа да помини......тој дојде и се случи тоа што не требаше да се случи. не знам што да кажам бидејќи самата сум си крива, ама не знам зошто ама не ми е криво. можеби оти сум многу повредена од бившиот па за тоа бев со другиот.....и ссега не знам што да правам. дали да му кажам или не. а знам дека ке научи од други особи. ми треба совет