Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.608
    Допаѓања:
    34.372
    Пол:
    Женски
    Браво. Така треба.
    И јас имав друграка 10 г. која почна да ме избегава, но јас приметив и пресечев. Само на здраво сме денеска, не и зборам ништо друго. А бев за неа најдобра другарка, така она зборуваше.
    Да знаеш, без секој во животов можеш. Можеш да живееш и сам :)
     
    На sj *O* и bicycle им се допаѓа ова.
  2. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    1.808
    Пол:
    Женски
    Delusional
     
  3. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Тоа е индвидуално. Постои трајно пријателство, другарство. Али за такво треба и двете страни да вложат не само едната, потребна е максимална искреност, потребно е време( да го видиш човекот, негови реакции и постапки)….онака потребно е да кликнете ..
     
    На *Amethyst* и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  4. Lana-95

    Lana-95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2017
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Очајно ми треба совет ,се гледам со еден дечко 4 месеци.Вака е супер дечко внимателен е со мене но ме мачи многу тоа што претходно имал долга врска 6 години и не е поминато ни година откако се разделиле. Постојано мислам дека уште ја сака па толку долго да си со некој не можеш да го заборавиш. Постојано се нервирам и го прашував за нивната врска и на почетокот ми кажуваше а сега така ми одговара со нервоза и постојано се расправаме во врска со неговата бивша. Јас да бидам искрена сум просечна девојка ништо посебно постојано се споредувам со неговата бивша го натерав да ми ја покаже мислејќи дека ќе ми олесни но откако ми ја покажа не можам да спијам само на тоа размислувам. Девојката е преубава долга црвена коса преубаво тело ,преубаво бело лице плус е модел и тоа ми ствара додатни комплекси ,јас не можам ни да се споредам со неа не сум јас XS со идеално тело. Јас имам вишок килограми и во споредба со неа сум дури подпросечна. Откако ми ја покажа многу ни зачестија караниците како да не беше тоа доволно вчера бевме во кино во ситимол и ја сретнавме неа веднаш ја препознав кога ја виде го приметив како да се сецна она само не погледна се насмевна цинички и го сврте погледот. Во живо дури уште поубава од на сликите беше многу се вознемирив само на тоа мислам не можам да спијам. Биле заедно 6 години он ја побарал за жена дури но она го одбила , му кажав дека сум свесна дека она е многу поубава од мене он не негираше туку ми одговори што е важно тоа кога карактерот и е прелош и дека била манипулативна и нарцистик и дека го третирала прелошо и дека никогаш не би сакал да ја погледне а па не да се смири. Но луѓе он го збори тоа но погледот кога ја погледна кажува друго ,не знам навистина што да правам се опседнав со девојкава на Инстаграм и ги гледам сликите ги зумирам ,отворен и е профилот и постојано се споредувам со неа. Кога и да излеземе се потресувам да не ја сретнеме повторно ,многу ми е тешко навистина немам од кој да побарам совет
    Извинете за долгиот пост.
     
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.132
    Пол:
    Женски
    Сама си правиш. Влакно во јајце бараш таму каде што нема.
    Па мажите не сакаат девојка која не се сака себе, ти изгледа ниту се сакаш ниту се цениш штом се споредуваш со некоја Х фактор.
    Не е секогаш убавината пресудна, карактерот ја има главната улога. Поработи на себе, не се потценувај себе си, сакај сѐ. Не е лошо да поразговараш со психолог затоа што ако вака продолжиш ќе го загубиш за брзо време.
     
    На sunshinebabe, *Amethyst*, _beautyy_ и 6 други им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.176
    Допаѓања:
    186.093
    Пол:
    Женски
    Душа. :D Вака, некогаш срцето си одбира шо сака. Чист пример шо се врти во вакви ситуации ако отвориш редит е дека при Дијана, Чарлс одеше со Камила. :D И шодека е та модел. Та е модел ама тој е со тебе. Самодовербата влијај и на то како те гледат другите, а моментално ти не се гледаш добро.

    Едино шо мене би ме загрижило во ситуацијата е дека нема премногу време поминато од долга врска. Ама па и не знајме кога ментално и емоционално "раскинале" пред вистински да раскинат па не е некое мерило ни то.

    За то дека се сецнал кога ја видел - и после години кога сум видела бивш кој не го гледам често ми било како со мокар чорап да ме манал некој. Не е дека сум осеќала нешто, неочекуваното е.
     
    На Waverly Raven, sunshinebabe, butterfly6223 и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Lana-95

    Lana-95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2017
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Он ми кажа дека она му раскинала како гром од ведро небо било тоа за него,само еден ден му се јавила и му рекла не сме среќни оваа врска не може да продолжи.И он бил скршен и ослабнал 15 кг од што немал апетит. Значи за него тоа било преболно и не верувам дека ја има заборавено затоа што погледот не можам да го опишам ама како по погледот да познавам дека уште ја сака.Плус да напоменам нешто друго бевме на роденден кај негов братучед и баба му и тетка му беа као каде ти е лепотичката зошто не ја зема... Тоа уште толку ме столчи.... Он зборува дека многу лоша девојка била дека единствено нешто што може да понуди е изглед с дека карактерот и бил нула... Но сепак мислам дека да го побара утре утре ќе ме остави за неа,зошто за неа зборува се најлошо а и понудил брак? Навистина ми е тешка целата ситуација. Плус знам дека после раскинувањето пробувал пак да се смират ја викал да разговараат ама она не сакала.
     
  8. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.506
    Допаѓања:
    4.689
    Пол:
    Женски
    Два пати го прочитав, и пак сум на иста мисла. ТИ ќе го изгубиш него не оти не те сака или оти она е поубава од тебе. Ти ќе го изгубиш него оти го преоптеретуваш со нејзе. Дали ти би сакала постојано да слушаш за бившите твои и да те распрашуваат за нив? Па уште велиш постојано се карате. Па нормално кога го напна човекот.
    Што било поминало речи си, убаво ти кажал дека не е е битна убавината и карактерот е битен.
    И да ти речам не се оптеретувај знам дека ти тоа не го можеш, ти се веќе оптеретена со неа.
    Ако не сакаш да го изгубиш , ако ти е убаво со него, те почитува и те сака мораш да се промениш.
    Каква врска е тоа ако го гњавиш нон стоп.
     
    На Waverly Raven, sunshinebabe, IRBBB и 6 други им се допаѓа ова.
  9. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    31.567
    Бил во долга врска и чим нема година од кога се скарани, значи по кратко време сте почнале. Зошто ако си знаела си започнала тогаш кога не си еве мирна?

    Човекот го напнуваш, јас не можам да разберам прашување за бивши, нон стоп зборување, па уште си барала да ти ја покажи, зошто такви работи. Извини ама е многу детски.
    Ако продолжиш вака само ќе ја трујеш врската и ништо арно нема да направиш.
    Убавината нема врска, кога ќе го запознаеш човек го гледаш карактерот.
    Земи поработи на себе лично за себе и олабај го човекот.
     
    На sunshinebabe, butterfly6223, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.176
    Допаѓања:
    186.093
    Пол:
    Женски
    Колку поќе се опседнуваш со неа - нема да е добро ни за тебе, ни за него, ни за вас. Ако сега почнам врска најмалку шо сакам е некој да постојано збора за некој бивш мој и да се споредва со него. Ќе ме оддалечи тој муабет од тој партнер.

    Сакам да кажам, се саботираш.

    Кога влезе во врска со него знаеше дека е брзо после раскин и можеше да почекаш. Ама не ти беше проблем тогаш. Ти стана проблем кога ја виде неа. Шо значи проблемот останва дека та е уба, а ти не си сигурна во себе. Шо е тажно пошто јас вервам дека и покрај сите наши несовршености, ти си уба. И имаш шо да понудиш. Очигледно. Па ако некој свесно е со мене а претходно бил со модел, човече моето его до плафон ќе е. :D На крај на ден, се е перспектива.
     
    На Waverly Raven, sunshinebabe, butterfly6223 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.581
    Допаѓања:
    46.426
    Пол:
    Женски
    Оф топик ама морам. Баш дека не го познаваш мислиш дека е пребогат. :D Знаеш колку сиромашен вокабулар имаме во споредба со англиски и некои други јазици? Некогаш мора да се користат странски зборови, немаме соодветен превод.
     
    На sj *O* и Medea. им се допаѓа ова.
  12. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.746
    Допаѓања:
    6.858
    Пол:
    Женски
    Не се понижувај девојко. Зошто самата се ставаш во ситуација да се споредуваш со друга личност, кога е јасно дека не може да сте исти? Самодовербата и твојот став кон ситуацијата единствено можат да ти го решат проблемот или да го продлабочат. Мислам дека тебе повеќе ти смета неговата претходна врска отколку нему. Може на почетокот не си била свесна во што се пушташ и дали твојот карактер може да се носи со тоа, може проблемот станал поголем од твојата разнишана самодоверба. Причини може да има многу. За да го решиш, мораш да расчистиш со себе. Ќе останеш со него и ќе си работиш на себе и самодовербата или ќе го оставиш и ќе работиш на себе и самодовербата. Мораш да се цениш повеќе самата. Денес е некоја бивша, утре ќе биде некоја колешка... Секој е во нешто подобар од другиот. И ти си. Најди си ги добрите страни и негувај ги. Лошите пробај да ги смениш. Ама се тоа со една цел - биди подобра за себе. Така ќе си и за другите.
     
    На *Amethyst*, sj *O*, Lavender4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Искрено за глупости де нервираш, никој не тера со никој да биде.

    Ако е со тебе значи си му привлечна и убава, ни еден од бившите не си личат еден со друг а сепак ми биле згодни. Кај некој тело кај некој очи кај некој уста, став, карактер, секој си е убав на свој начин и тоа е ФАКТ!
    Очајно звучи она што го напиша и што го мислиш и што си му кажала .

    Мајндсетот кој треба да го имаш е дека ти СИ најдоброто нешто што он некад би го имал, крената глава горе, и да ја сретнеш она е таа што губи човек ко него, ти НЕ ! океј е муабет да имате за бившата, верувам го истрауматизирало , но (ова е големо НО), ако он не расчистил со тоа се , немаш што мајката ти да си со него. Да му се правдаш/докажуваш и покажуваш.

    Минато е минато што ме боли мене стојанка каква му е бившата, и зошо би се споредувала? одлучи се или сакаш да си со него или .
     
    На sj *O*, penelope10 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    9.878
    Пол:
    Женски
    Значи лош карактер, манипулативна, нарцисоидна, ама лепотица, па на дечко ти му било гром од ведро небо што ОНА му раскинала? И уште ја сакал да се смират и сакал да ја жени? Дечко ти не ми изгледа баш на стабилен човек.
     
    На Akapulka, kolovoz, Polyincognito и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Cycloastra

    Cycloastra Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2023
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    442
    Пол:
    Машки
    Јас не сум имал близок пријател подолго од 7-8 години. Обично се појавуваат различни интереси и потреби и комуникацијата се намалува. Може па да се обнови но не е исто. Се се менува. Јас немам такво искуство.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nela678

    Nela678 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2022
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Дечкото очигледно сеуште ја сака неговата бивша, па дека не може да ја има сега во моментот, затоа глупости зборува за неа, ја вреѓа. Искрено и сама си свесна дека ако одлучи утре да му се јави, овој ќе те остави, така да најди си друг што ќе те цени многу повеќе и нема да те прави да се чуствуваш вака несигурно. Некој што нема да ти даде причина да размислуваш како неговата бивша девојка изгледала и дали сеуште ја сака. Ти не си очајна девојка па да одиш со некој што сеуште мисли и ти зборува за некоја си бивша таму. Поработи на себе, остави го и во потрага по друг дечко, очигледно е дека овој нема план да те засака, само си го трошиш времето. И верувај секогаш на инстинктот!
     
    На sj *O*, Bratot, kolovoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    13.708
    @Lana-95 Грешката лежи во двајцата.

    Прво, зошто побогу се споредуваш? Сериозно мора да се посветиш да си ја зголемиш самодовербата. Тоа е прво и основно. Тоа мора да го направиш била во врска или не. Не си ти ништо помалку жити се.

    Второ, вината е и кај него. Разбирам си го напнувала за прашања околу неа, ама зошто воопшто тргнал слики да ти покажува од неа? Ај таму (facepalm)
    Можел да одбие да го стори тоа.
    Згора коментарите на неговите - раја!

    Крајно, вреди ли да бидеш во врска и да не можеш да спиеш навечер? Не.

    Јас не би си го трошела времето за некој ако не умее да види што има до него. И ако сега особено на почеток не ми е убаво, што да очекувам понатаму :drunk:

    4 месеци заедно, вие освен муабет освен за бившата и времето, за друго разговарате ли?
     
    На *Amethyst*, sj *O* и Akapulka им се допаѓа ова.
  18. LittleZuzu

    LittleZuzu Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2022
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    Другарка ми веќе подолг период ми се жали дека сака да му раскине на дечкото но не знаела како бидејќи не сакала да го повреди и како што кажува таа во врската се им е добро и не може да најде причина а кога ке му каже дека сака да раскинат тој не го прифаќа тоа. Има пробувано неколку пати и веќе не знае што да направи за тој да сфати, некои предлози?
     
  19. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    13.708
    На LittleZuzu му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    1.808
    Пол:
    Женски
    Види јас те сфаќам зошто така се чувствуваш но мора да разбереш дека нивната врска завршила он е со тебе не со неа. Со тоа што постојано се расправате за неа само проектираш несигурност и правиш тензија и правиш да ви е неубаво а јас сум сигурна дека и двајцата може да направите да ви е многу убаво.
    Тоа што ја гледаш на инста и се опседнубжвсш со неа само полошо си правиш на себе си. Земи почни да работиш на својата самодоверба инстед, земи вежбај посвети си време на себе си гледај серија филм ,наполни си када релаксирај се. .
    Навистина не е во ред да се опседнувсш толку со бивша. Он можел тие работи да не ти ги каже но одбрал да ти ги каже отворено ,така да цени го тоа. Ако секој ден се карате за тоа само ќе си уништиш врска. Реално кој и да е на крај ќе му дое преку глава.
     
    На *Amethyst*, sj *O* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.