@Lana-95 Прво што паѓа во очи е братучед му. Од најобичен муабет и толку рандом личности, зошто баш морал бившата на дечко ти да ја спомнува? Ехх провокатори Второ дечко ти. Дали знае дека може да одбере и ништо да не коментира? Апсолутно нема потреба да зборува таман па ништо. Најмалку слики да покажува. Трето и не помалку важно, пак ќе повторам. Мораш прво сама да се научиш да се сакаш. Крени си ја самодовербата, поработи и подобри го тоа што ти смета лично кај себе. Биди си задоволна. Тоа ти е обврска. И почни да се цениш, па да видиш како ќе се сменат работитe. И крајно, кога веќе се опседнуваш опседни се со себе и како да бидеш најдобра верзија од себе, а не со нечија бивша
Кога прочитав што пишала и мене истово прашање, последно што си го поставила ми падна на памет Точно е дека двајцата погрешиле. Таа што брзо се залетала по него, очигледно е презаљубена во него и тој што очигледно нема расчистено на емоционално ниво со спомените за бившава. Пиша некоја членка погоре не е стабилен, да така е тоа затоа што нема расчистено со себеси во врска со бившата.
Ама како може дечко да те сака многу кога ти самата себе не си се сакаш? Како очекуваш да прави работи за тебе кога ти самата не си правиш работи за себе? Колку години си ме интересира? И колку ти е најдолгата врска?
Што да цени, тоа што тој и кажал се за бившата и и ја покажал за да има со кого да си ја оговара каква била? Колку е се очигледно што тој прави и што таа прави тука во оваа таканаречена врска нема ни простор и причина понатаму да се муабети.
Па шо да прајме еве ај кажи. Се фати од цел текст за едно глупо зборче, се приспособив на нејзиното размислување. Значи стварно не можам да сфатам како може да го труја со безвеза муабети.... а човекот ниту ја лажи, туку напротив ја третирал добро, но таа сепак се однесува вака нерационално. ЗОШТО?
Ви завидувам на тоа како ги рационализирате работиве и размислувате. Наместо да се фокусира на сегашноста, копа во минатото и тоа на многу лош пристап. И да е ок дечкото под претпоставка, че го натераш да му се снушиш и одмилиш.
@Stark Таа што напнува секако е виновна. Ама да бидеме реални, еве колку од нас вака да не замара партнерот/партнерката, ќе стигнеме и слики да му покажуваме од бившата/бившиот? Еве ја би пресекла уште на почеток со глупите прашања, а не па слики да вртиме заедно Еден мора да пресече и да биде попаметен, ако воопшто планираат врска. Така да, може и тој поинаку да постапи, а не уште толку да ја продлабочува ситуацијата.
Мене ова ми е тотално непочитување од нејзина страна и мислам дека потсвеста ја тера и таа да го гази, ко шо го газела претходнава веројатно, под претпоставка дека тој е ок личност и стварно било така. Мене личност ако ме прашуваш, ако стварно те мислам дека си ок личност стабилна и се гледаме за сериозно, не ми е проблем да зборнам, два три збора околу бивши, сепак во мали градој сме се знајме кој сме шо сме, ама се знае кои се границите и до каде и со однесување и зборување итн!
@Stark Ја повеќе мислам дека од толку што нема самодоверба и има лични комплекси, бара(ла) валидација, ама на погрешен начин. Повеќе ми личи тоа, отколку дека сака да го гази нешто. Доволно самата себе си се гази. Ама нејзините комплекси во една крајност, а тој на друга со тоа што погрешно постапил. Едно е еден-два збора за бивша, а друго е цел расказ негативни изрази + гратис албум Ајде, да се надеваме ќе си се средат.
Па не ја продлабочува тој ситуацијата случајно, исто како братучед му, си провоцираат, едниот од едни потреби другиот поради други. Јас не ја разбирам што си губи време, убаво погоре ја посоветуваа нека си поработи на себеси тој што ја заслужува ќе си го најде, со овој тоа е што е. Си тепа тој време со неа, по долга врска со личност со која емоционално се уште не расчистил, нажалост.
Како што прочитав она го терала да ја покаже и го прашувала за нивната врска. Мислам фер од негова страна што и одговорил.
Мене не ми делува фер, ете и на @Polyincognito како што ја разбрав не и делува ферски. Можел одма да ја пресече, а не да и исполнува безвезални желби и одма ја покажува. Мене ми делува како да чекал да отвори стари рани и да не прекине, па фер ли бил кога таа го прашала ако има за бившава се најлошо да каже зошто барал да се смират, а тој се налутил? Вистината го заболела, фер мажето така? И таа не е фер што го масира вака, ама тој па дупло понеферски се понаша како за некој во нова врска со некоја која нели (треба да) ја сака.
Рано им е за љубов. Најпрво да расчистат со дилемата за бишвата. Ситуацијава е ‘стара љубав још је волим‘
Токму така, ама ете се залетала и сфатила не е тоа тоа. Тој не ја сака неа, туку се уште си нема расчистено со претходната. Поточно меѓу нив се е јасно, ама изгледа тој не ја преболел, барем не се уште.
@Lana-95 не знам што да ти кажам, не го познавам дечково за да ти дадам совет што да правиш со него. Ако мислиш дека вреди дечково дајте си шанса да бидете среќни но најпрвин мора искрен разговор со него кои се неговите намери со тебе, ама смирен разговор, без караници. Не го напнувај за бившата, таа е минато и таму треба да остане. Престани да се споредуваш со нејзе. Ти си ти, таа е таа и толку. Поработи на себе, гледам дека имаш ниска самодоверба, не се сакаш себе, постојано и седиш на профили. Како очекуваш некој друг да те цени и сака кога тоа самата ти не си го даваш себе? Мојов моментален дечко на стартот знаеше да ме праша за бившиот, еднаш го седнав на муабет, му раскажав се, и бев искрена, го замолив повеќе да не зборуваме на таа тема. Ете, веќе некој период не го спомнуваме, и го цени моето барање. Треба да пробаш и ти а и сепак кратко време сте заедно. Дај му време, дајте си време, еве месец два... Доколку почувствуваш дека не е како што треба почни да размислуваш дали би сакала да бидеш со него.
Многу факти вадите од нешто што не го знаете. Не ја сакал, не ја почитувал, уште ја сакал бившата бла бла. Треба да сфатите дека не реагираме за одредени работи исто. Јас сум сигурна дека би реагирала како дечково, отворено би одговорила првично на се ама по упорно навраќање не би се убедувала понатаму, а да не сум направила грешка. Штом е во врска со неа, значи дека го привлекува, реално, кој со кого почнува нешто, а да не му е пред се физички привлечен? Е сега и карактерно, девојкава си има квалитети кој он го почитува. И у глобала, мажи што зборуваат лошо за бившите се утки. Бивша е, било и поминало.