Приоритет му е друштвото и искачања. Јас бев во многу слична ситуација, далечина на 1 час, никогаш време за мене. Јас се обидував да бидам разбирлива, пошто као да не испадне не сакам да излегувa, aма не заборавај на себе, вие сте во врска, треба да скока од среќа кога има прилика да се видите како што ти едвај чекаш да поминете време заедно. Заслужуваш некој на кого си му приоритет.
@Lady17 Види, во врска на далечина сум и на старт беше вака, но тој и саботите и неделите беше на работа и имав разбирање, а на тоа да додадам и некои здравствени проблеми. Проблемот настана кога шефот од работа му даде други задачи, проблемите се средија и викендот му беше слободен. Викендите поминуваа еден по еден и јас почнав да се фрустирам се додека не собрав сила за да му кажам што ме мачи. Толку му беше криво што некој период беше лут на себе зошто дозволил да се чувствувам така. Сега се гледаме преку еден викенд, сепак трошок е, правеме баланс дружба со пријатели и роднини и ден кога ќе бидеме заедно. Туку доста за мене, сакав да доловам ситуација. Нема да ти кажам сега да преќинеш туку да пробаш да најдеш компромис, да направете некој баланс, да најдете некоја златна средина. Доколку и по тоа нема промена мислсм дека не тррба да го губиш времето со него. Комплетно те разбирам дека тоа те фрустрира, знам како ти е, но не избрзувај со заклучоци пред да зборуваш со него, види ја неговата реакција на сето тоа. Верувам дека доколку сака и тој да најде начин, ќе најдете.
Еве го одговорот на твојата реакција, пак ќе ти кажам не претеруваш ама тој не се грижи за твоите чувства а не пак дали си му приоритет. И да му раскинеш ќе ти фала ми направи услуга. Така да, run.
Душо јас не знам со каков ајван си си фатила работа,ама едно ке ти кажам. Не го моли само му го билдаш егото така. Како шо читам ти ја држиш врскава...да е до него свеједно.
@Lady17 Дали сте во официјална врска, т.е имате заеднички фотографии, знаат луѓето околу вас дека сте заедно и слично или? Инаку, не, не претеруваш. Сосема си во право. Природно е да сакаш да си го видиш партнерот, особено ако е подалеку.
Од мое искуство жените обично држат врска, брак и слично. Во голем број случаи (не сите) тие почнуваат и тие завршуваат. А за членкава: dump him.
Mlad e sigurno vo tie godini mu se seta, a ako nesaka so tebe da vrvi vreme i site mu se povazni od tebe... Go!
Со дечко ми сум во врска веќе 2 години. Е сега можам да кажам дека за тие две години еднаш ме има изневерено, но во период кога се знаевме можеби 3 месеци јас за тоа дознав после 9 месеци од кога веќе врската беше многу сериозна, неговата самоодбрана беше дека не знаел на што сме а "врската" вo тие три месеци не беше нешто сериозна но односот беше јасен дека е врска од прв момент беше јасно дека не сме пријатели, така што.. бидна како бидна јас му простив секој заслужува втора шанса итн. Потоа во телефонот видов пораки како се допишувал со други никогаш муабетот не бил на пуштање од негова страна колку што успеав д прочитам од тоа кратко време (Патем така дознав и за изневерувањето). Секогаш имав недоверба и проверив и секогаш кога имам прилика го правам Тоа. Тој е секогаш по зафатен од мене и доаѓа до конфликт секој пат за тоа секогаш до следниот конфликт се е супер. Тој вели дека јас му забранувам да излегува да се дружи.. А ние ако не би се виделе тие денови не би имале кога а тој сака во еден ден се на секој да удоволи. Многу пати се размислував да го оставам едноставно поради недовербата и неговото немање на време. 2 год сме заедно а само одам кај него кога неговите не се дома или кога се дома ама има пригода овај пат дефинитивно според мене ја прели чашата имаше дипломска тој и уште неколку пријатели што завршија во тој рок (слично како мала прослава) не слашеве со друштво меѓутоа најблиските му беа тука а тој мене не ме викна. Искрено не знам што да правам веќе па затоа ме интересира што би направиле вие?
И зошто се измачуваш толку години ко не му веруваш? Што има вредно човеков толку па го занемаруваш овој факт и се мачиш сама себе?
Сите околу мене го сакаат мислат дека е тој правиот најверојатно.. Се плашам да сум сама а со него веќе сум навикната.
@Indigo Candy Да имаш некој кој те изневерил, те лажел, на кој не му веруваш и кој при важна лична пригода не те ни кани, е исто како да немаш никој.
Не канел никој и ме викнал сум можела да дојдам сама и без да ме покани он(така се вади најверојатно) а кажав какви се неговите, сигурно нема да отидам без саглам покана без разлика што ми е дечко.
@Indigo Candy Јас добивам впечаток дека и двајцата сте во врска од навика. Немате основна меѓусебна комуникација, цело време некое недоразбирање, вадење и згора на се, не му веруваш. Точно како да сте сега на почеток, а не веќе 2 години заедно. Би ти рекла, седни, запрашај се, среќна ли си со него, исполнета ли си? Се гледаш ли и во иднина со него? Одговори си и постапи како што мислиш дека е најдобро за себе.
Нема далеку да стигниш ако мислиш дека другите арно ти мисла, а ти за себе не знајш баш.. повежбај на то. Или па помири се со судбинава и не се замарај дали те изневерил или не, терај си, чим си навикната.
Раскини му, не вреди воопшто на ваков човек да му прогледуваш низ прсти. А и не знам зошто си дозволувате некој вака да ве уништува. Изговорот класичен пази ,,не знаел на што сте", како тоа?? Знае дека е во врска и во таа врска е три месеци, а не знае на што сте, види ти тоа..па и ти си била во истата таа врска, запрашај се малку зошто и ти него не си го изневерила (сепак и ти не си знаела на што сте)... И тоа што те вика кај него дома кога има некоја пригода, сигурно не те вика од многу што те сака или пак од ќејф, те вика поради тоа што неговите му викаат..