@poi Ти ги паметам претходните постови. Од толкава пасивност од негова страна, раскинување, па и уште сега ова "поминало вашето" и уште поглупо однесување, седни и преиспитај се добро. Среќна ли си во овој однос и дали и во иднина си океј ова вака да продолжи? Бидејќи лично мислам тој нема намера да се промени.
Здраво девојки. Како ги надминувате кризните во моменти во вашата врска?кога не се гледате толку често како порано?сме зборувале многу пати,ама се е пак исто со некоја минимална промена ептен,како да станува монотоно не знам,можеби и јас преовеличувам,но сепак треба и двете страни да се трудат.
Се мислев дали да пишам, оти малку грубо ќе звучи ама еве сепак. Ова е совет од машко, додека си правевме муабет. Маж/дечко никогаш не раскинува врска, едноставно се повлекува или игнорира. Жените се манипулатори, ама мажите се 100% поголеми манипулатори.
Ау Сењорита тоа нема шансиШтом жените се многу посуптилни сусштества од мажите и очекуваат да ги читаат меѓу редови, а мажите немаат капацитет за тоа или жените можат да сработат многу повеќе работи од еднаш, а мажите само една ама барем добро ќе ја сработат со ретки исклучоци, за што ти говори тоа? какви црни манипулатори...се е ко на послужавник кај нас мажите и оправдувањата, изговорите или лагите одамна ја изгубиле својата мистичност, непредвидиливост и можноста да те збунат и би ме зачудило повеќето да не се прочитани...мора да се смислат покреативни избегнувања на превземање на одговорностите од наша страна инаку мав ни е работата..уште у старт со самото раѓање сте у предностЖените љубат со уши, а мажите со очи за жал иако и тука работите се менуваат ама не толку драстично...ова последново што го пишав мажите да не го протолкуваат како модел дека на тоа треба да се работи како да ве стигнат во манипулативноста...скраја да е...само се зезав...треба да расте свеста и кај едни и кај други ама кај мажите безусловно многу повеќе
Најбитното не го кажав..поентата е дека сте многу поинтелигентни па оттука и фантазијата и изобилството на начини како да не изманипулирате
Тоа го кажав како комплимент.Факт е дека иако го поседувате тој талент, не го злоупотребувате како што би можеле инаку да го правите тоа, би ги вртеле мажите на мал прст и не би им ги простувале глупостите што ги прават ама ја имате моќта...тоа сакам да кажам...не дека мажите се нешто обесправени...напротив...само работава е да не се смени од крајност до крајност..осознавајќи ги своите способности жените да развијат такво мислење дека мажите не им се потребни за ништо ако се такви какви што се освен за приплод ма да и тоа може да си го изреализирате со вештачко оплодување така штоо иднината на мажите е црна ако не преземат нешто
Како да се остане пријател со некој со кој до вчера сте имале надеж сте планирале нешто и денес слика со девојка и порака пријатели да бидеме, што да го прашувам луѓе??? Како си, како ти е девојка ти???? Душата ме боли, би сакала да можев се да избришам од него ама не можам, не знам еве во иднина што би го прашувала? Имав несреќа на работа бев во болница 2 дена не му пишував ниту тој ми пиша и сега ми рече нашол девојка бидејќи јас не сум му се јавила и пишувала
@Stefani95 Ако ти давал лажна надеж и седел на два стола, мој совет е да го избришеш/блокираш. Нема тука простор за другарство и ноншалантен муабет. Едит: Сега го дочитав едитираното. Значи тој сепак седел на 2 стола, само не си била свесна. Не се замарај да продолжувш комуникација, така само потешко ќе ти биде.
Не можам, луѓето што ќе кажат он знаеше мајка му за мене а денес слика со друга девојка знаеше и сестра ми од кај мене, не знам седам и плачам мислам светот ми се сруши никогаш нема да најдам некој имам 28 год и темите во фамилија се дека на овие години деца имаат не знам ќе полудам
@Stefani95 А колку далеку мислиш ќе си стасала со таков човек? Утре да те остави преку ноќ со дете? Тој веќе бил со таа втората, не е тоа од вчера, само вчера ти си дознала. Разбирам дека ти е тешко, но не е крај на светот. Фокусирај се на себе и не ги слушај другите. Непотребно си правиш самата на себе притисок. Што е твое, ќе дојде.
Уште ли со кој што ќе каже? Јас сфаќам дека треба да се намалат тие коментари за мажење женење едноставно ако треба да се случи ќе се случи, аман и околинава што толку напнува, некој ете како членкава си сфатила лично и си го врежала тоа во глава и сега овој ја оставил кога највеќе требало да биде тука и толку, па и едни бракови денес... Човек да позавиди, што треба да биде ќе биде и тоа е, животот е еден.
Не знам од кога било, само знам дека ми е многу тешко, за мене е крај јас повеќе никој нема да имам, он беше искрен еве порано зборувавме по цели ноќи, пораки, а сега ништо, он не ја изневерува оваа девојка затоа што оваа вечер не ми се јави како што обично зборевме а како да му се јавев не бев добра имав здравствени проблеми и ова уште ми фалеше а не смеам да трпам стресови, рефератите кои ги пишувавме се претворија во кратки и јасни пораки денес му заѕвонев еднаш не крена никогаш не се случило да не крене, обично јас бев таа што некогаш ќе имаше пропуштен повик но во ред пријатели ќе останеме, само не знам како да се однесувам, пријателски може утре ден покана за свадба ќе добијам
@Stefani95 Зошто се понижуваш самата себе? Какви пријатели, како ѕвонење. Многу добро ти ја сфаќам моменталната ситуација, но топла препорака е да го блокираш од сите страни. Не се навраќај на разговорите, не фантазирај за убавото, бидејќи тој не бил искрен. Мораш да научиш да се сакаш себеси, да се цениш. Дај му време на времето ова да го пребродиш. А во меѓувреме дај си самата на себе љубов и изгради здрава самодоверба, а потоа се ќе дојде на свое место
Само еднаш му заѕвонев и ова е првиот пат како што не ми крена, не планирам да го замарам воопшто, не сум таква, само ми е многу криво што го изгубив, не можам да го блокирам, ќе останеме пријатели, секако ќе го прашам доколку не му смета на девојка му ако не ќе се повлечам и тоа ли е понижувачки?
@Stefani95 Моментално си истрауматизирана, во главата ти е хаос и затоа ти се уште мислиш дека тој е "златото" што си го изгубила. Да, понижувачки е, но ќе сфатиш со текот на времето. Да изгубиш некој кој те заменил со друга додека си била во болница е всушност добивка. Кога ќе помине време, ќе сфатиш дека само си се спасила. Нема што да го прашуваш за пријателство или дали да се повлечеш. А бре девојче, цени си се повеќе! Никаков контакт е најдоброто нешто што можеш да го направиш и главата горе
@Stefani95 драга деца имаат и на 18 години, без драматизирање околу таа тема. Мерило за деца нема, не ди назад у општестовово… Луѓето допрв ќе те изненадуваат и разочаруваат. Може грубо звучи пишаното ама верувам сите не заебал некој така и глеј не живи здрави сме. Реалноста е дека бил ропак кој не знаел што со себе, сакал да ти раскине ама не знаел како па еве му се наместиле коцките. Тоа не е љубов ако некој те сака или се грижи ќе пише еј кај си денес те нема.. така фа боље сега него 10 години врска . Иначе been there, пријател да останеш ако имаш дете да,вака што мајка бараш? Процесирај и продолжи
То да останите пријатели при раскин, ретко кој мисли да имаш почест контакт. Поќе е формалност. Нема шо да зборате, нема шо да го прашваш. Башка шо ако тебе не ти ни одговара да го чуваш на социјални мрежи ради то шо те повреди - имаш апсолутно право да го избришиш, блокираш и шо било.