Се сложувам… Полесно ќе е преболувањето, ценете се себе си овој не е толку вреден. Не му пишувала два дена оп девојка фатил. Можел да се јави,да праша.. Свашта не вреди типов.
Искрено да ти одговорам, понижувачки е. Што кога ќе каже девојката, да ми смета? Уште еднаш ќе бидеш отфрлена. Се држиш за сламка. Може ќе бидеш пријателка со него ама кога ќе помине време, сега не, само ќе бидеш уште повеќе повредена и имаш повеќе простор сама себе да се понижуваш. Дечкото едноставно продолжил, така сакал, му се отворила шанса со таа девојка, он без да мисли на тебе ја прифатил шансата. Животот продолжува, ќе боли некое време, па ќе помине. Никој не е вреден толку драга моја.
Какво останување пријатели, па и покани за свадби Остави си време да се собереш, да ги надминеш тажните емоции и продолжи понатаму. Него заборави го.
Никаде немаш напишано дали ти бил дечко или само сте се допишувале, ако е првово, дечково не вреди да се збори, ако е второво ми делува како рамна линија еднаш пишал и готово па ти не си се јавувала два дена хаха а он дали ти пишал пак повторно? Како што сфатив не? Значи, недај боже да ти треба нешто од него утре ден, јас ако сакам и планирам со некој нешто и имам искрени намери, не наоѓам друг за неколку дена, еве колку дена треба да познаваш некој за да ти е дечко девојка? Два, сигурно не.. Дечково повеќе бил кај упали упали, тоа што сте кажувале на мајка татко сестра, не го правете повеќе затоа што еве како некој ќе смени нешто и после ќе ти рече некој, а каде е....? И уште полошо, јас еднаш имав кажано за еден дечко и кога прекинавме, ме прашуваа, ми беше уште потешко ама на крај мајка ми кога ме праша и реков вака... Знаеш што, јас бев таа со искрени намери, добра и фина со него, не ме интересираа други, не изневерував, не се допишував, не давав лажна надеж, а на него сето тоа не му се свиѓаше, па отиде со друга, доста кажа каков е...
Фала ви дечки ама јас повеќе немам надеж и желба за ништо сакам само да ме нема да умрам, никогаш повеќе нема да најдам некој како него
Извини вака ама ти сигурно имаш 28 години? За маж ќе умрела...ни тинејџерките не умираат по дечковци денес.
Ти скоро си била на преглед.!!!! Саркастична си...поентата е да не најдеш како него,туку подобар од него. И едно да ти кажам ..,за маж не се умира.
@Stefani95 девојче, извини што ќе бидам дрска и груба но се однесуваш како дете. Ало, прибери се и крени главата високо. Не знаеш што ќе ти донесе животот. Можеби тој ќе се покае, можеби таа ќе го остави и можеби ти ќе најдеш подобар, а тоа е и поентата, да не најдеш ист како него, туку далеку подобар. Не му го давај тој ќеиф да те гледа во ваква состојба. Па тој не те ни прашал како си додека си била во болница а ти го бараш, го молиш, пријатели ќе бидете, вени сечеш за него. Какви бре пријатели, сместа тоа бриши, направи си услуга себе. И да, не ги слушај останатите од околината за мажачка и деца, заостанат менталитет имаме дека ако не си во брак до 30 нешто ти фали. Не дозволувај типот да те манипулира и да те има на лагер, за да кога ќе му биде здодевно, тебе да те бара и со 2-3 слатки зборови да те има кога ќе посака. Не се понижувај.
@bicycle Ама нема друг како него,оти не разбериш. Да го знам кое е девојчево,ке одам ке и го удрам ќотекот и нема да и кажам зошто.
Реално, нас младите повеќе не погаѓа кога ќе не остави некој партнер наместо смрт на некој, тоа е затоа што не се почитуваме себе си како членкава, он треба да жали а не она, абе ајде и да ме нема една недела ќе прашаш што правиш како си зашто те нема, жив ли си што ли си, овој абер немал што ќе и таков... Абе мислиш по некоја програма живееме па 30 год дошле мажи се ајде релах луѓе иде летооо
Мислењата ти се многу детски. Нема што да го прашуваш дали и смета на девојката. Имаш некоја друга цел во животот освен мажење? Мое мислење е дека премногу рано си мислела за мажење со овој, а вие уште не се знаете како што треба.
Девојче де жити се дај прибери се. Он не те е*е 2%, ти ко си запнала ко магаре на мост за него. Пстави..ке дојде ден тој ке те бара,е тогаш ако си малце паметна ке знаеш што да направиш.