Како и да е. Крај на свет е? Нема појке мажи??? Типов баш го заболе за неа,и друга си има,а она ко слеп за стап се фатила за него. Ако го сакаш некој пушти го да оди,ако е судено колку сакаш оди против тоа,пак ке е твој.
Па глеаш оти сака. Мажачката е едиствената цел која треба да ја исполниш од кога ке завршиш средно??? Еххх сеа да сум 20 години
Девојки тоа е моја претпоставка по мислењата + лани има пишувано дека не работи и има фирма тој… да не должам прочепкајте и ги мислењата. Навистина мислам дека некои не си го ценат животот, тој ќе си ужива,шета и живее со полни гради додека таа ќе се убива. Не вреди!!! Ценете се и сакајте се себе си,не дозволувајте да ве манипулираат, да прават слабаци од вас.
Како тоа наеднаш со девојка, сте се гледале вие ? Заедно бевте? Значи те изневеруваше ако сте биле долго во врска неможе преку ноќ слика со друга многу чудно ? Ете викаш вашите знаеле, ти не примети дека има друга девојка не се посомнева коа се гледавте ? Богдачува што е со маживе...
Јас дури мислам дека е помала од 20. Денешните 20 годишни не сечат вени по дечковци, поќе се во стил на "he's for the streets". Се кладам дечково е мувач или некој неофицијален и додека таа се зацапа до уши, него мува не го лази. А можи и да трола. И зошто па да трча таа по мажи кога може тие да трчаат по неа, ама ете не размислува секој така
Здраво пак јас.Ќе ве замолам без осуди. Му чепкав на дечкото во хистори и ја имаше пребарувано бившата а ми имаше речено дека се имаат блокнато. Многу сум вознемирена се тресам целата он отиде до продавница и јас искористив шанса нешто ме натера да проверам. Сакам да се соочам со него да го прашам зошто ја барал бившата ама така ќе мора да признаам дека хистори сум отворила. Исто мислам дека ги чува сликите со неа но проверив во компјутерот не можев да најдам но нешто. Многу ми е тешко се убив од плачење
Зошто се тресиш и плачеш???? Оти тој ја нема преболено неа.??? Немој сама себе да се казнуваш за тугите постапки. Не е за џабе кажано бивша..крај се завршила представата се спуштиле завесите. Нема шо 100 пати да гледаме иста претстава. Ако тој еднаш го направил тоа ,пак ке го прави. А од кај знаеш дека останало само на пребарување? Душо еден совет ке ти дадам. Факај си патот на време.
Господе Боже сами си правите. Големата работа - ја пребарувал. Ти ниту не послуша овде, ниту се потруди да смениш нешто. Не барај совет кога си лупаш глава сама.
@Lana-95 Лана, зошто не се сакаш самата себе? Седни, размисли и почни постепено да го искоренуваш овој проблем.
Биг вуп. Од мравка слон работава. Па уште и да се убиеш од плачење. Ако ја гледал на соц мрежи не значи дека не ја преболел, ние луѓето сме радознали суштества.
@Lana-95 фино лепо ќе го прашаш отворено, не знам што толку им се плашите на дечковците, наместо да се тресиш и да плачиш ќе се соочиш отворено, и што ако си гледала history ништо толку страшно, со некој ако си треба да се осеќаш сигурно и да можиш се што те мачи да си споделиш, да прашаш...
@Lana-95 па можеш и да му кажеш дека сис акала да провериш од кај него некој профил како изглеа (може и твојот) и ти се појавило дека ја пребарувал во последните кога си отишла на срч... Зависи колку во историјата си чепкала
Разговаравме му признав дека му проверував и ми се налути рече што направил за да имам недоверба кон него и јас му реков да ми даде да му го проверам телефонот прво не сакаше потоа ми даде и проверив да не имаат зборено со бившата и многу се напна ми рече ова да ми е последен пат што му правам така и сега ми е лут ми рече дека му треба време да олади ОЧИГЛЕДНО Е ДЕКА НЕ МЕ САКА
Не можеш да го контролираш кога ќе јаде кога ќе сере и што ќе гледа. Жената треба да биде интересна за мажот , а не да дави и да тупи за лајкови и хистори. Сите помислуваат на бившите и ги спомнуваат, но тоа не значи дека ќе се вратат кај нив. Дајте малку приватност во врските и во браковите. Не може секоја отсутност да биде неверство. Ако не те сакал, нема да биде во врска со тебе. Ако пробаш да го ограничуваш, ќе го изгубиш. Не само ти, сите други. Ова важи и за мажи и за жени. Замисли доаѓа ден да идеш на 15 години од матура , во брак си, и маШ ти вика ааа не, нема одење таму може да имаш симпатија од средно. Така и ти сеа
@marlonbrando69 вака сеа зошто некој би помислувал на бивши кога имаш сегашна, кога сега си во врска, треба да гледаш на сегашноста. Не сите помислуваме на бившите ниту пак ги бараме по фб или инста, не е нормално за мене барем, тоа што е минато е минато. Жената требало да биде интересна за мажот? Што да не не смее да праша нешто? Малку мешаш работи што има врска примерот со 15 години матура и со симпатиите, па сите сме имале симпатии во средно гледање на симпатија од средно на годишнина од матура и пребарување по социјални мрежи на бивши не е исто. Тука станува збор за барање на бивша, што и јас да сум би се повредила, и би прашала која е причината за тоа.
@FridaodaMk Се согласувам со напишаното, плус членката и претходно пишуваше за проблем на таа тема. Односно, нели го напнувала, па стасал и слики од бившата да и покажува