абе срцка никој не води беспрекорен живот и на секого ни се има случено да тргаме по нешто друго што во моментот ни фали. не знам што е причината заради тоа што на дечко ти му треба малку време но јас не би барала причина, можеби едноставно не сте истите! ако не ти е криво тогаш дефинитивно многу нешта се измениле помеѓу тебе и дечко ти ... ако не сакаш да го изгубиш дечко ти тогаш потруди се да не дознае затоа што верувај никогаш нема да можеш понатаму да го поправиш нарушениот однос. а доколку не ти е толку важно седни прави муабет се случи што се случи можеби и требало така да биде... со среќа
да ама после година и пол тој бара време.....и како што кажав пред тоа не знам дали прочита, ама премногу му влијаат другарите негови и цело време му зборуваат за мене. и имаш право може вака требало да се случи за да сватам што всушност чустувам и што всушност сакам.....сепак фала на советот
според ова што го кажуваш само ме уверуваш дека више не сте исти и двајцата а и не е нормално во врска тој да дозволува другарите негови да му се мешаат..на крај на краишта он е со тебе а не они.. чим бара време дај му време ништо не кажувај ако дознае само речи му дека едноставно се случило затоа што он барал време и кажи му дека и на тебе ти сметаат многу работи ама тоа е тоа! времето се ке покаже не прави ништо сега засега за што ке се покаеш
јас и тој бевме мн исти само не знам што се случи за тој да се промени......сите негови другари ни викаа дека сме биле ко тенџере и капаче, дека се исто правиме. но сепак нема да му кажам во право сте. може е подобро да почекам да помине време и да видам то и како ке биде. а ако дознае така требало да биде. сепак живот иде даље. човекот учи од сопстевните гршки
Треба да седнете на озбилен муабет зашто личи дека си му станала монотона. зјапа по други пред тебе иако ти смета и за се ти приговара, замисли се дали е тоа ок? Престани да правиш се за да го воодушевиш, има да ти избега со друга додека се свестиш.
до сега милион пати го имаме правено истиот муабет ама ништо само ке ми вети дека нема да се повторе и пак по исто незнам што да му кажам веке и незнам дали да ја прекинам врската заради тоа
ц ц ај прекини ја врската заради тоа па мавај се со глава од зид Ти кажав претходно, нормално е да се врти, јбг рефлекс е......А ти ако продужиш да го гушиш како што си почнала може и ќе ти се исполни желбата т.е. да се прекине врската.... може бев малце дрзок, но за твое добро е....може ќе ти светне неонката дека грешно се поставуваш
искрено и јас би се осеќала мн.не убавоа ајде да се погледне во некоја девојка да го бидва ама во секоја да зјапа па на што личи тоа и јас дечкоми го имам забележано и му имам речено дека нешто најпоќе со мразам е тој што седи до мене да зјапа во други па што да си мислат девојките видија онаа со кого излегува и не сакам да седам до маж кој може секој да го има не ми треба таков дечкоми мн.пати се правда нема везе ова она ама јас си знам и си памтам така да те сваќам потполно како ти е и да не треба да се прават мн.ладила со дечкоми нон стпо сме заедно понекогаш си мислам баш убаво све сакада поделиме све ама на крај ќе видеме колку е убаво не сум загрижена ќе се слуши тоа што треба да се случи
mistery а што велиш ти како треба да се поставиме спрема некој кој зјапа во секоја 2ра да трпиме? рековме умерено нормално е се толерира а не некој седи до мене на маса и му паѓа таму вилицата за некоја па незнам дали знаете ама фкрај непријатно е...
а ако не го гушам ке претера и морам веке во навика му прерасана и ме ужасно нервира едно е да гледа др е да зјапа сите гледаме а он е без осет дури и девојчњата го забележуваат дека зјапа
и ние сме исто нонстоп сме заедно и затоа несакам да ја прекинам врската за глупости,но тие глупости некогас ме ногу нервираат и нескам да се караме за тоа нонстоп бидејки оне не разбира дека ми смета коа е со мене нескам да зјапа по секоја ме понижува на тај начин не се осекам убаво
јас те разбирам дека ти е непријатно, ама сега најискрено ти кажувам дека е рефлексно....Побрзо ни е од мозокот и многу тешко може да го контролираме.....поминува девојка и ние се вртиме да видиме каква е....едноставно така сме поврзани, не е дека сакаме да изневериме или дека ќе ве оставиме....Незнам на кој друг начин да го претставам и објаснам зашто како што кажав - рефлекс е...може помогнав малце да разбереш може и не, јас така го гледам ...ама едно е сигурно, ако не се свртиме после се чувствуваме како да сме пропуштиле кој знае што....зашто нели рефлексно е како што кажав и ако одиме против тоа некако чудно ни е после, не вади од такт на некој начин......спореди го со тоа што вие застанувате до секој излог за штикли што ќе го видите, а ако не застанете чувствувате дека сте пропуштиле нешто хехе
не се сложувам дека е рефлексно бидејки има машки со не погледнуваат на страна а не па во друга девојка ,мене лично ретко имама забележано машко што е со девојката да зјапа по други
Истото и јас го имав. Многу се каравме ние за тоа, дури и на ретровизор гледаше. И ја сменив тактиката. Повеке не се бунев и секогаш кога ке поминеше некој дечко (немора да е убав, може убаво облечен) јас почнав да коментирам ејјј добар дечко, ејјј ама е среден и такви работи, потоа он кога ке коментираше за некоја девојка исто и јас коментирав (добра риба или квалитетна или добри сандали). Потоа он некако закуте бидејки виде дека веке не се нервирам, а јас си продолжив да коментирам и почна он да ми збори ама веке доста коментираш и тн и почна веке да не збори. Пробај вака може ке помогне. Поздравче
Имав другар што имаше стална врска а кога бевме на само нон стоп зјапаше по други и само ми викаше аууу брат како би ја стегнал оваа, па ај види ја онаа, стално му беше мозокот во жени а неговата не ја ни спомнуваше . Е сеа најинтересно е што се земаа, ама колку и е верен не знам . Ама пак ќе ти кажам не му иди стално по ќеиф, лошо го тренираш . Пс. Пробај ја и тактиката на Alondra па види реакција.
Жени бре што ако зјапа, вие да не не зјапате воопшто? Или само вашиот си го гледате? Како не! Јас си зјапам, многу нормално, па и некоја насмевка. Ама се со усул и тој си зјапа. Нит се бунам нит се буни. Тоа е многу нормално, а и не зјапа секогаш од што е некоја убава, знае некогаш да каже-Леле ја виде онаа колку беше грда, или виде како беше облечена? Значи нормално е окото да забега по нешто што е многу убаво, примамливо или по нешто премногу грдо, па да не можеш да се изначудиш како е тоа можно.
Леле проблемов ви е А ти не буљиш ли по машки? Јас искрено си загледувам, ама не коментирам на пример - еј човече види го оној еј како би му го ... Тоа не! Ми текнува еднаш со бившиот, бевме на некој брејкденс battle. Значи јас втурната во толпа на екстремно згодни тела околу мене. Плус танчери Бившиот знам ме погледна мене, ги погледна дечките околу нас, и ми вика - ок, дозволено ти е да гледаш колку што ти душа сака, ама вечер си и онака моја Рефлекс им е на машките што да се прави и можеби не знаат да се толку дискретни како нас, ама ти тоа нема да го смениш. И што ако му кажеш - немој да ги гледаш затоа што ќе ти се скарам? И тој ти рече, ок? После што правиш? Гледа он, гледај си и ти. Се додека на крај колачето го јадете заедно двајцата, ок е. А ако не - одговорот го знаеш. Gangstarr има една одлична песна...тоа е битно кај момакот со кој сте моментално, а за гледање други девојки, мање више. Ако почне да ви кажува - брат, 10 до 2, јао цицка! Е тогаш знаете дека е лошо Yo.. just because I want to it don't mean I will And just because I'm angry it don't mean I'd kill And just because she looks good it don't mean I'd hit it I got discipline baby, and I use it a lot
Леле дај бидете среќни додека ви буљаат во жени, не зборете за непријатно, не сте доживеале да ви зјапа партнерот во мажи. Тоа е причина за жалење, а не ова!