Хмм не е очигледно дека не те сака, ама е навреден од твојата постапка и побарал од тебе да не го правиш веќе тоа. Секој би бил налутен, и ти би била нели? Воопшто не значи дека не те сака. Ако те изневерува секако нема да ти дозволи да го откриеш туку така. Малку седни и размисли реалистично, дали имаш вистинска основа за сомнеж или го гледаш тоа што сакаш да го видиш?
Девојки,како се справувате во периоди кога немате време да си посветите доволно еден на друг и осекате огромна празнина што не сте се виделе цела недела па и две?а знаете дека со секое не гледање се оддалечувате малку по малку еден од друг.Како се справувате со тие мали кризи во врските?Некој совет
Сте пробале со компромис? Да најдете некоја златна средина? Да најдете барем малку слободно време да бидете заедно?
Се трудиме,ни треба само време да зборуваме тоа е се,ни фали многу комуникација,ни треба повеќе време заедно поминато,овие две недели ептен се запоставивме,таков период ни се погоди,а имаме многу разбирање и до сега сме се решавале заедно,а знам дека можеме уште многу,не знам дали да оставам на времето само да си покаже или не..
Јас би ти кажала да оставиш на времето, онолку колку што мислиш дека треба и можеш да чекаш. Бев во слична ситуација, јас обично не сум трпелива личност и се убедив да оставам на времето, на крајот работите се средија, засега. Ако мислиш дека вреди, почекај. Ако и после тоа време што си го имаш поставено не се промени, мислам дека го знаеш решението. Слободно пишај ми ако ти треба муабет.
Види, не мора да значи дека ја сака уште, може едноставно е љубопитен. Пример јас, од време на време знам да побарам профили на бивши дечковци и другарки, чисто ме интересира до кај се со животот, што има ново кај нив, и така натаму... Curiosity killed the cat
Здраво девојки Ве молам за совет таман мислев да му дадам уште една шанса дознавам дека за него глупости ги криел од мене не морало се да знаам..повторно се каравме за другарка на сестра му оди со богаташ за да живее надвор при што е женет и има деца не им се мешам, не дека го сака ама постојано прави закачки тој ја брани не сфаќа дека се женски закачки демек немало да биде со неа сум љубоморела не љубоморам ама така се почнува со другарки да го запознавала папучар и што не..реков дај намали контакт или тргни ја не сакам во иднина не можело јас да командам не е команда само ја чувам врската идам кај неговите од култура ме викнаа поклони и се фина и мајка му за се закача како јас морало да бидам дебела тешко на синот а баба му беше пофина и со неа зборев и почна да ме вреѓа. На крај ми вика зарем не цениш што сум добар и јас бев добра ама сериозна врска е компрпмис кога и да има проблем се за него се глупости не се родила да хо команда да не ми текнало на мајка му да кажам нешто тешко мене ми користи манипулација како нема пороци му реков под ќиријада видиме дали ќе успееме кај при куќа да идел под ќирија на крај отиде да раб на 3 месеци во Белгија и ми пукна филмот му прекинав, ако сум му пререкла нешто ќе ме блокнел која сум јас и демек не ми бил кукла ајас тоа не го правам нешто да преќутам да ама треба да се разговара за проблеми и вика јас сум добар викам да за другар само ме знам самодоверба намалив се осеќам потрошено и на крај не сум го сакала сум тррбало да го чекам како другар му со 3 деца жена му го чекала реков не е така извинете и фала ви
Очите ме заболеа читајќи, ни точка, ни запирка. Како и да е, раскини. Флертува со другарката, а и да не флертува некој што те сака и почитува нема туку така да прима коментари “папучар” и да ти местам другарки од другарка. Коментарите од типот дебела, глумењето жртва исто така се знак дека до тука било.
Прво: интерпункциски знаци користи, барем точки на крај на некоја мисла. Второ: многу токсична врска од повеќе аспекти. Прекини
Турска серија Шо те кочи да го остаиш човеков? Храброста или кешот? И кога се пишува се користи . , !? Итн Дај жити бога прибери се и бегај навреме. Заслужуваш подобар третман верувај ми. Ке ме блокирал....аууу сеа ке фатам вени ке сечам Абе будала жено,ако не е он ке дојде друг трет ке си најдеш многу подобар од гадов шо не те есапи.
Ништо не разбрав.. Што има да се карате за некоја другарка на сестра му и нејзината врска, па и да и го оправате животот? Па, потоа одиш на мајка му и баба му, па на крај заминал 3 месеци во Белгија??? Лонг стори шорт, ако не бива, не бива, си прекинала, здрава и жива и со подобар во иднина. За блокирањето, нека те блокира, за кој клин ти треба на социјални мрежи? Пух.
@little123 другиот пат точка, запирка, нова реченица стави, тешко се разбира што имаш напишано Не ми е јасно зошто се карате за другарка на сестра му што одела со женет? После мајка му смета дека си дебела или си слаба, а она сака подебели? Не те разбрав тој беше на работа на 3 месеци? Ако не те почитува раскини ја врската
Не знам ни како се најдов тука на темава не битно, прво ставај точки и запирки почна да ми се врти.Второ не знам што те врзува за човеков и за семејствово негово, очигледно не се баш со сите.Второ другарка му, мене ми изгледа игра, да ми извиниш на речник курташак со него, а и со тебе преку него.Мене он ми изгледа на тип без самодоверба, тип со самодоверба не се осеќа ко папучар и не се замара со другарки на сестра му, тука со девојка му (тебе).Нема командување во врска, давате 100% и едниот и другиот, секако ќе си го изнесуваш своето мислење, ако некоја од неговото опкружување ти пречи, имаш право да си кажеш, исто и обратно.Трето мајка ми и баба ми да и кажуваат на девојка ми дека треба да е дебела или не знам што да ја вреѓаат, прво со мене ќе си имаат работа, втора мајка ми не би помислила да каже такво нешто на девојка ми, значи уште од старт, се е таму забегано.По ова што го напиша ако е се така како што кажуваш и како што јас разбрав, бидејќи има милион теми нигде точки и запирки, дечково е суртук и си го губиш времето.Позззззззззз
Ќе се мажиш за Белгија ти. Гледам јас на куглава како тргнало. Немој ти мене “гатај ми, гатај циганко” описмени сѐ. Вчера не за џабе беше празник бе. Ништо не разбрав иако обично ги разбирам овие постови твоето е на ти го,дај ми го.
Како би се чувствувале доколку партнерот ви рече дека сака повеќе да се дотерувате и шминкате и дека идеално би било да намалите килажа. Имено бевме искочени со друштво и јас си бев најнормално облечена и кога си одевме накај дома ми го почна муабетот во смисла зошто не сум се средувала и дали размислувам да намалам на килажа и ми рече идеално би било да намалиш килажа. Не разбирам од каде доаѓа ова на почетокот не му сметаше мојата килажа сега одеднаш преку ноќ не се шминкаш не се дотеруваш имаш вишок килограми. Му реков епа извини јас не сум модел како твојата бивша девојка и он се навреди ми рече дека немало никаква врска со неа и дека сум опседната со неа на тоа јас многу се изнервирав и му го побарав телефонот да му го проверам и одби да ми го даде.
Брат, дај сериозно...не се мачете. Имам уште шо да кажам ама ќе си поќутам (ќе го кажат други членки во мое име).