Па додека бевме во врска, обавезно се слушавме секој ден, пред се да видиме како сме, дали е се во ред, како било на факс/ работа...барем 2-3 пати најнормален муабет и успат некое оираче по потреба. Е сега кога ќе излезевме посебно, не се баравме многу, не е поентата сега да седиме на телефон, само по потреба ако треба да си кажеме нешто и на крај дека сме стогнати безбедно дома.
Дали си враќате постојано на пораки?нормално нели ќе кажеш каде си,и кога си одиш дома,кога излегуваш,основни работи,ама вака нешто плус премногу на чат?
@Candy.D Нема прирачник и посебно упатство. Едноставно комуникацијата со партнерот треба да ти е најспонтана. Кога и да посакаш, без размислување да пишеш и да комуницираш.
Мислам дека ако се видувате толку често ова е доволно. И ние кои се видуваме поретко, не водиме некои длабоки муабети преку инстаграм туку најосновни секојдневни ствари. Ако се е океј кога сте во живо, не се секирај. Но, ако ти недостасува пажња преку пораки можеш тоа и да му го кажеш. Само немој да преразмислуваш за џабе, ако ни ти немаш премногу што да кажеш во порака, тогаш прифати дека така функционирате и тоа е.
Па си враќаме кога ќе имаме време освен ако не е нешто итно. Ама секако, комуникација од пар до пар е различна, зошто сите сме различни. Јас на пример се сменив доста, на телефон само најосновни работи кажувам, за бош муабет не.
А што ако пред некое време е била друга,а сега намалена комуникација?повеќе сме се слушале,а сега поретко.
Па, искрено не би можела да ти кажам што би можело кај вас да биде, но со тек на време не е необично да се намали, особено ако се имаат повеќе обврски. Моментот на запознавање каде имаш многу нови работи за учење кај партнерот со тек на време поминува, се стекнува навика. Не мора да значи ништо. Комуникацијата и односот кога сте заедно е побитен, ако тогаш се заладени работите, би седнала да разговарам.
Од 24часа во денот, можам да кажам дека добри 15часа сме во контакт, дека имаме и врска на далечина највеќе поради тоа, а и ни оди муабетот па тоа е башка. Или збориме со саати н тел или на кам се гледаме или ке се допишуваме повремено...
Комуникација е многу индивидуална. Треба да ви иди спонтано и природно. Лично, кога партнер инсистирал чак и еднаш на ден да се чуеме - мене ми е то притисок оти ич неќам зборање на телефон. Последниов кога ми ѕвонеше почнав да не му кревам оти јасно му кажав лимит на колку можам да зборам како компромис, иако и то ми беше напорно. Тој инсистираше за поќе и се "фатив" како не му кревам и то беше многу јасен сигнал за мене. За краток договор - шр. Ама да седам да кажам дено како ми бил и кај бев - не. Од друга страна пишана комуникација можам и цел ден со еден чоек да ја поминам било то интимен разговор, секстинг или едноставно праќање мимс и смеење. Така да видете ги вашите индивидуални потреби. И практикувајте ги.
Иста сум и јас, не ја гледам поентата јавување на секој пола час или два, кај си, со кого си, што правиш. Со партнерот сме исти, комуникација на чет, слушање само кога има потреба за договор и слично. И убаво ни е така.
Девојки,се скаравме со дечко ми,некако се струпаа многу проблеми еден врз друг и така испадна,му немам вратено повеќе дена,ми пиша повеќе пати јас пак не му вратив,дали е океј од моја страна вакво однесување?сакам да го оставам сам да размисли за некои постапки и да си дадеме малку време за размислување кој каде згрешил,од една страна сакам да му вратам за да зборуваме ама од друга инаетот не ми дава бидејќи сакам сам да се свести за некои свои грешки.Не знам до кога вака да терам
Извини, ама ова е малце токсично, колку години имате? Ако мислиш дека треба да има малку простор за сам да размисли, па да разговарате, кажи му отворено, а вака со игнорирање само ќе предизвикаш фрустрација и уште повеќе наредни караници.
Проблемот е во тоа што зборував многу пати,што ми смета,што е во ред,му кажав и како се чувствувам,во моментот ќе ме ислуша ќе каже ќе сменам се и после 2 дена е пак по старо.Пробав на најкултурен и човечки начин да разговарам како зрела личност.Ни фали многу комуникација за да се вратиме во нормала,ама не бива само од едната страна да е секогаш.
Ако само едната страна дава влог,а другата не се труди да го поправи своето понашање тогаш одговорот сама си го даде.