Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Candy.D

    Candy.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2022
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Знам,ни се погоди таков период,не е било вака,дури можам да кажам дека тој многу повеќе вложуваше труд за нас одколку јас,тоа ме мачи,овие 2 недели сме катастрофа,не знам дали може да се реши и да се збори за да се стабилизираат некои работи меѓу нас.
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.132
    Пол:
    Женски
    Па ако тој сака,а гледам по твојот опис кажуваш те бара не го игнорирај затоа што после ќе ти е криво кога ќе престане да те бара. И да сфати сам тоа не значи дека ќе ти се врати и ќе биде по старо.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda и Billy Idol им се допаѓа ова.
  3. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.678
    Допаѓања:
    13.437
    @Candy.D Не сакам да звучам грубо, но веќе 2-3 месеци претходно често бараш совет т.е дека ви е лош период и проблемот е комуникацијата.

    Затоа мислам дека сега ви е идеално време, да седнете со смирена ладна глава да си направите подлабок искрен муабет. А не да не комуницирате.

    Односно, отидете некаде на кафе на убаво приватно местенце, поразговарајте, кажете кои ви се очекувањата понатаму и видете дали сте на иста бранова должина.
     
    На sj *O* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. Candy.D

    Candy.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2022
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Фала женски,ќе зборуваме па ќе видеме до каде сме и двајцата:l:
     
    На cresa-jagoda, sunshinebabe и Polyincognito им се допаѓа ова.
  5. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.814
    Допаѓања:
    24.413
    Пол:
    Машки
    А шо ако тој не се согласува со твоето, ако не е тајна шо ти прај? Да не испадни ти си егоцентричен нарцис бла бла и се прајш victim?
     
    На Waverly Raven и Angie1432 им се допаѓа ова.
  6. Candy.D

    Candy.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2022
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Еве гледам дека си машко,ќе ти кажам па ти види дали според тебе со ова може да функционира една врска.Прво ни фали комуникација,после блискост,не само површински муабети од типот како си,кога легна,што правиш и слично,поминување време заедно,зарем ќе функционира нешто ако се влечеме за да се видеме едвај два пати?грижа и посветеност?бива без тоа?внимание?па не сме другари за да имаме ладен однос ради реда.Не барам ништо ниту пак сум нарцис,тоа се основни потребни работи за да функционира нешто нормално и зрело.Мислам дека воопшто немаше потреба вака да го поставиш прашањето на мојот проблем,али океј те разбирам,се случува да имаш напнат ден.
    Убав ден и повеќе позитива:hug:
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.814
    Допаѓања:
    24.413
    Пол:
    Машки
    Ни те знам ни познавам, не сум напнат, само сум отворен и директен оти сметам секоја страна си има своја вистина.
    Колку време сте во врска и дали бил поинаков на почетокот?
     
    На Dudo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Candy.D

    Candy.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2022
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Јас те разбирам,ни јас не те познавам ама пишав за совет,еве и машко мислење ќе ми дојде добро,немаше потреба од такво напнување али океј.
    Скоро 5 месеци,тоа се случува овие 2/3 недели да кажам,пред тоа беше друг човек,толку внимание и толку љубов немам осетено во ниедна претходна врска а се ми биле и по 2 години долги.Се случи период се оддалечивме малку и ова си дојде само по себе некако не знам.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.814
    Допаѓања:
    24.413
    Пол:
    Машки

    Ama oti mislis deka sum napnat :(.
     
  10. Dudo

    Dudo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    383
    Пол:
    Машки
    Колку време сте заедно?
    И што точно се случува?
    Не наоѓа доволно време за тебе?
    Не излегувате како порано?
    Нема секс ко порано?
    Што точно ти смета кај него кое однесување?

    И под хитно дигни слушалка ако ти значи и сакаш да бидеш со него.
    Не дигање слушалка е многу слично како откачување или раскинување.
    Ако сакаш тоа да го постигнеш си на прав пат.
    Јас да сум 3 дена ако не ми дигнеш слушалка а знам дека си во можност ќе го сватам како чао пријатно.

    Е сега моментот дека прашуваш тука личи ко да ти значи.

    Види може нешто му се случува а не собрал храброст да ти го каже.
    Не дека го бранам.
    Може едноставно конечно ја запознаваш неговата вистинска личност затоа и прашав погоре колку време сте заедно.

    Седнете видете се па ќе ти се разјасни.
    Однесувај се нормално дај му простор да си каже што има и зошто.
    А ти ќе си кажеш зошто не си дигала слушалка.
    Само искрено и ќе видиш на што си.

    Одлуката е твоја а и негова.
    Треба да сте среќни заедно а не да се јадете емоционално секој ден.
     
  11. Candy.D

    Candy.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2022
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Заедно сме скоро 5 месеци,не можам да кажам дека сме многу долго заедно,ни па многу кратко,првите 2/3 месеца беа прекрасни,добивав огромно внимание,грижа,се гледавме постојано,ќе ми ѕвонеше секој ден да ме слушне па макар и на 5мин да ме види,сексот ни е ист ни намален ни зголемен,нормално кога имаме простор и шанса се случува постојано,ама почна да се однесува чудно,ретко ми ѕвони,таа желба да ја искористиме секоја слободна минутка да се видиме веќе ја нема,комуникација ни фали ептен многу,некако осеќам многу помалку посветено внимание од порано,многу затворен тип,многу тешко да каже ако нешто го мачи,пробував да зборам да му објаснам дека може и да ми верува ако му се случува нешто дека може да ми каже прво како на другарка,а и да има многу тешко се отвара,а се тоа си носи проблеми и во нашиот однос.Не може врска без блискост и зборење,не е се само до страста и сексот за жал.Огромен труд и посветеност треба за да опстои нешто здраво и зрело барем според мене.Му дадов и простор и време да размисли тие неколку дена,пак ми пиша,гледам желба и од негова страна ама не можам секогаш јас се да решавам и да зборам,ќе го почекам сам да изрази желба да излеземе и да зборуваме за некои работи,ако не,јас вака повеќе не можам.
     
    На Dudo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dudo

    Dudo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    383
    Пол:
    Машки
    Ти веќе си одлучила.

    Стој си позади тоа и свиркај си.
     
    На Candy.D му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mateica

    Mateica Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    2.009
    Пол:
    Женски
    Душо неможиш некој за врат да го фатиш да те смета за човек.
    Очигледно дечково има други приоритети,пред тебе.
     
    На Medea., Dudo, Snowflake92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Candy.D

    Candy.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2022
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    @Dudo @Mateica и да знаете,ќе си стојам зад своето цврсто8)
     
    На Dudo и Mateica им се допаѓа ова.
  15. Mateica

    Mateica Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    2.009
    Пол:
    Женски
    Мило ми е,искрено.
     
    На Candy.D му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Alexbroken

    Alexbroken Нов член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2023
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Девојки ми треба совет бидејќи не знам како да си ја спасам врската ;(
    Во врска сум скоро две години, и за овој период ми беше многу убаво,меѓутоа дечко ми во последно време ме избегнува а штотуку решивме да живееме заедно и да планираме иднина, но повеќе фактори се.Студира во Скопје,а сакавме заедно да живееме но ќе ви раскажам што се пречките.
    Во Скопје при крај со испитите се здружи со ново друштво кое што не ме прифати.Не ми беше гајле,но кога одев кај него во станот секогаш беа собрани и кога ќе пристигнев излегуваа со него а јас седев во станот сама.
    Ајде издржав но она од кое што се плашам (он ми вика дека сум љубоморна) е што една вечер биле излезени каде што го запознаа со една девојка,јас од скоро ја запознав,и не знам дали нешто имаат,го прашав зошто толку наеднаш со нејзе се зближи,но ми кажа-
    Наводно излезени,дечко ми (ова он ми го кажа) ја запознал од друштвото, и ми кажа-Ја запознав вечерта кога бевме излезени,и побарав број,фб,инста бидејќи не само што е неодоливо убава,паметна,туку за испитиве се наоѓаме, имаме многу заедничи работи, не биди љубоморна, другарка ми е,Ми дојде грдо и сакав да си одам, она седеше со другарки нејзини, јас со дм се налутив и ми кажа дека ништо немал со неа, ајде му простив,и ми кажа да се поздравам со нив и ќе одиме кај другар,но дм наместо поздрав ја гушна од позади,и искрено ме фати љубомора, но по неколку дена преспав во стан кај него, он излезе со другарите, намерно не излегов со нив бидејќи му беше компјутерот оставен за да симне некој фајлови за факс.
    Влегов во фб кај него и тука ме удри нервен слом,на девојкава што ја вика другарка и се имаше пуштано,(он вика другарски) секое сабајле и пишувал пораки,пред спиење, и во неколку пораки ја викал да се видат кај него во стан,он вика ја викав за да учиме.Јас бев гневна и му кажав дека ми пречи односот,чудно ми беше, но стана полошо.Он се олади од мене, ми вика дека сум љубоморна, но грдо ми е.Сакав да му дадам шанса,мислев дека сум кривата јас,инаку на фб секоја втора слика веќе му е со нејзе.Викендов отидов во Скопје му реков не знам дали ќе се видиме и отидов изненадно кај него во стан,и наидов на најлошото,имам клучеви од станот, влегов неосетно и наидов на гледка што не може да ми излезе од главата.Другаркава беше кај него (наводно да учат) но наместо да учат,беа во неговата соба, она седеше на кревет,а дм беше легнат ,а главата му беше кај нејзе во скут,се смееја, оваа го галеше по косата,овој ја галеше по лицето, и даваше комплименти и се смееа. Им реков дека дојдов, дм стана на брзо ја испрати и кажа дека ќе се видат вечерта, ми кажа зошто доаѓам толку нервозна,тука се каравме, го прашав за муабетите, ми рече фб не е исто со реалноста, јас другарски ја почитувам, му реков што бара кај него во спална,и ми кажа ме болеше главата,и ми понуди да ме измасира.
    Е сега после ова девојкава ми пиша дека ништо немала со него, но зошто вака се зближија? Вика дека му е другарка, знае дека постојам, но начинот на кој што дм се однесува со нејзе ме иритира, искрено го сакам он вика дека му е другарка,не знам дали ја има бакнато или нешто повеќе,или сум навистина љубоморна? Совет и се извинувам за долгиот пост
     
  17. Alexbroken

    Alexbroken Нов член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2023
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Можеш ли да ми помогнеш, те читам и многу членки гледам дека убаво ги советуваш
     
  18. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.488
    Допаѓања:
    4.625
    Пол:
    Женски
    Леле девојче аман, ај раскинете и ние раат и вие.
    Ко отепа човекот со бившата.
     
    На sj *O*, Just.do.it, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Mateica

    Mateica Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    2.009
    Пол:
    Женски
    Душо,непоканет гост зад вратата стои.
    Да те прашам ,шо уше бараш со него?
    До толку не се сакаш и не се почитуваш?
    Не биди глупа ,дечково те мота околу малиот нокт.
    Удри му ја клоцата...заслужуваш подобар третман...верувај
    Уклучи самодоверба на најјако :l:
     
    На mssuniquee, sj *O*, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.488
    Допаѓања:
    4.625
    Пол:
    Женски
    Тој ја сака , ама ваа го отепа со бившата негова.
    Прочитај наназад.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.