Ми кажа дека му е другарка, она вика ништо дека немале и затоа останав, ми вика дека сум многу љубоморна, и зашто во лице не ми каже се? Малку време се знаат но грдо ми е
Она ми пиша да не и досаѓам дека ништо нема со него, он цело време и се лепи но не знам што сака со мене ако е затрескан по нејзе
Да те манипулира. А и што има да пишувате вие две. И она треба сама да сфати дека тој е зафатен дечко и културно да го одбие ама не сака. Убаво и е со него.
Нема што грдо да ти е. Кога ги виде во спалната легнати требало да си заминеш. Јас би заминала,нема што повеќе муабет.
Он ми викаше дека никогаш не би имал ништо со нејзе и дека е само културен,а таа знае дека сме во врска но зошто дозволува толку да ја гушка, да ја гали и да ја вика постојано?
Ми пиша од кога се вратив дома, дека не требало да се карам, била кај другар вика му беше тешко и се префрливме во спалната да одмори..
Те сака и тебе но ја сака и другарка му, ако ти одговара да ве сака и двете остани, ако не понастрана од него и фаќај си свој пат.
Девојче сори што ќе бидам груба ама гледам не сфаќаш. Ти набива рогови уште кога ти рекол дека е неодоливо убава и дека ти си љубоморна ти барал причина за кавга. Ти си била љубоморна, ма дај ти се молам што ти свесно гледаш тоа што не треба да го гледаш. 2 години како си ги фрла во вода за некоја што ја знае 2 пати што ја видел. И зошто баш тоа друшство не те прифатиле значи му ја местеле. Ако те сака зошто би и барал фб и број?! Ммм.. нема што да бара едноставно ќе биде само твој. И да и побарал ќе ти кажел сам,а не ти да го распрашуваш. Ни малку ли не се цениш па трчаш по овој?! Тој од што е многу културен носи девојка во спална набивајќи ти рогови а ти сеуште бараш утеха овде да му се смириш. Човекот со кој си била две години за една прелепотица те фрли во сенка. Раскини му ти верувај ми услуга ќе си направиш сама на себе.
Женска, на дело си ги фатила, уште прашуваш тука дали си љубоморна. Што знам барем јас со другар или друго машко освен брза гушка при поздрав друго не ми е ок. Кога спомна пречки не очекував трета особа да сретнам у причава. Ама чим ја има и тоа на велико ја има...бежи сестро.
Душо моја..зошто да ти каже кога може да си игра и со двете? Зар будала е. Па и у скут му седела... Мислам хелоу Шо треба качена врз него да го фатиш ,па да признае.
Седи на две столчиња, пошо очигледно не сака да биде сам у случај да го откачите двете. И да ти набива рогови, манипулација, gaslighting, наречи го како сакаш. Не барај објаснување зошто би го правел сето ова, само замини си. Доволно е што рекол дека е неодоливо убава, ама не би имал нешто, број, ФБ, галење у кревет и тоа си ги видела. Дај цени се малку.
Истото сакав да го додадам Не барај причина да го правдаш. Тој си праи кејфои..а ти? Сама себе се казнуваш за неговите постапки.
Сериозно ова? Сите ти пишаа. Те мотка, не си го троши времето. Очигледно е дека и да немаат ништо тој тоа го посакува а ти си златната резерва.... Никогаш нема да ја дознаеш вистината, и немој да се преоптеретуваш со што како и зошто, едноставно завршете и гледај напред
После многу време си го најдов пасвордот и влегов, инаку сите ме знаете по темите со психопатот со кој што едвај се спасив додека бев во средно. Лошите времиња се зад мене, го нема лудакот, ја нема братучедка му,ги има само вистинските пријатели, и по некое другарче.Јас сум во Германија и иако малку ни е свежичко ви праќам еден најтопло поздрав до сите! Е сега, подучена и изгорена, овде за инат на сите сум нова личност.Студирам,си живеам со моите успеавме ете, но истовремено одам на работа како студент и речиси 99% од времето сум постојано со луѓе.Прво јас немам колеги, јас имам фамилија, ни сама не знам како успеав да се вклопам и да бидам прифатена од сите.Ајде да не должам многу. Со колешкиве си збориме често која каде била, за мода за врски, и баш ме зезаа дека ќе најдам со сигурност некој фин, бидејќи пукнаа од смеа кога им кажував како бившиот се фалеше дека ме легнал, и колку бил простак,колку сум била во депресии без да има потреба.Ми викаа готова си да најдеш некој. И дојде тој ден. Едно есенско утро на работата се појави нов колега, со сите на дистанца, срамежлив,работлив,со сите квалитети. Јас првите денови имав здраво со него, меѓутоа освен едно здраво, само мене ме прашуваше како сум, и се насмевнуваше кога ќе ме видеше.Ова беше во почетокот. Неколку дена потоа, јас бев втора смена и бидејќи затварав дојде да ми помогне, почнавме да разговараме,бидејќи бевме брзи со задачите ми викаше ова е тимска работа,ова е супер,ми даваше бокс со раката,и случајно додека бев завртена ја стави раката на моето рамо додека се запознававме.Убаво се осеќав, на одење му се заблагодарив за помошта, ми посака да имам пријатни соништа.Почнав едвај да чекам да одам на работа, секогаш кога ќе пристигнев ми викаше ејјјј ми стигна теди! Цело време кога ќе ме видеше ми се приближуваше, ме третираше прекрасно,разговаравме, споделивме премногу детали, приватни работи,семејни,едноставно кога и да се погледневме имавме муабет,тука има едно диско и ме прашува кога ќе одам, ќе се видиме.Инаку не даваше да имам со никого проблем,цело време ме гледаше,беше секогаш присутен,секогаш заштитнички настроен.Ми помагаше на максимум на работа, Ми викаше дека би бил најсреќен денот кога ќе имма работа со факултетот, дека му е чест што ме знае и се тоа.Меѓутоа колешкиве почнаа да ми викаат дека се приметуваат искри,(реално јас се заљубив) станавме многу блиски,иако ми кажа дека е срамежлив,ми вика обожавам да разговарам со тебе,си кажувавме како ни поминуваат деновите,тајни еден куп,и колешкиве цело време ми викаат до кај е работава, да не се правам мутава дека од авион се гледало дека има хемија.За католичкиот божиќ сите си честитавме, но само со мене освен што ми честиташе се гушнавме, исто и во неколку други прилики.Околу велигденот беше малку тажен, имаше период каде што сакаше да направи измени во изгледот,има некој работи што не ги сака кај себе,и имавме ситуација каде што му требаше поддршка.Собрав храброст и излегов на пауза, но не јадев бидејќи на транслатор сакав убаво да му напишам точен реферат со работи што ги ценам кај него,и да ги прочита за да не биде уз муабет, за да знае дека вреди.Го прашав дали има време, ми кажа секако дека секогаш имам, му го дадов телефонот, и со подзината уста и треперење читаше и ме праша дали навистина го мислам ова, како никогаш не го стоплил ваков текст,ми кажа теди јас сум само обичен работник, како волку ме цениш,беше збунет како да не очекуваше да добие љубов,поддршка,иако во најтешкото беше и остана до мене.Ми ја даде најтоплата прегратка, толку силно го стегнав,му кажав дека е премалку што и да направам и дека само јас ја имам среќата и честа да го знам.После таа случка ми кажа дека во секое време ме чека во неговото местенце (живее на излез од мало местенце) ми кажа дека имаат вкусен сладолед,убава природа,но сега сме на одмор и двајцата и кога ќе се вратам се мислам да договорам да се видиме.Дали мислите дека имам шанси? Колешкиве ми викаат да пробам но не знам дали ме бендисува,ми дава комплименти, но срамежлив е,ама па убаво ни иде муабетот.Им кажував на другариве (машки совет) и ми рекоа дека мириса на тежок сингл што се срами да пријде и дека не губам ништо ако излеземендури ми викаа дека флертува со мене,дека другар вака не се однесува, но не знам да познаам.Совет?
Малку опширно, ама штом ви иде муабетот океј, излезете па ќе видиш што како. Е сега да личи како да немал внимание предходно од девојка (барем според тоа со телефонот). Ама па океј за се има прв пат