Нека гледа колку сака се додека го прави тоа дискретно, онака ноншалантно...Но да зјапа или да врти глава ко запален тинејџер дур сум јас во негово присуство-нееее, не би дозволила... Јас лично сум се нашла во таква ситуација порано со бившиот но ја решив на малку подраматичен начин-станав од маса и без збор си заминав (ми пукна филмот) После тоа и те како се контролираше...
ни јас не му дозволувам ама го прави тоа и ме нервира и ја с се мислев да му направам нешо такво( да не му се јавам 2-3 дена или да станам да си одам ,незнам
смешен или не смешен проблемот јас на твое место не би му се јавила па нека си осети и кажиму која е причината што не го бараш Па на некој можи смешен му е проблемот ама факт е дека сите девојки сме разчлични и на одредени ситуации различно реагираме и различно се чуствуваме. И јас кога седам со дечко ми поминуваат мажи средени набилдани паѓаат во очи све ама го почитувам не се вртам или пак недај боже да да зјапам па на некој начин да го страмам се имам свртено и ми го има речено значи му жежи е и кај нас е тоа е рефлексно така?значи јас од тогаш рефлексот можам да го контролирам а тој со мене не е така не можи
фала ви феминки ке го ставам на тест не му се јавувам ако нарден пат ( а сиг ке има нардене пат) зјапне во некоа или ке му се издерам убаво и ке си одам па што биде нека биде
Епа морам да си кажам дека мојов не зјапа, бар кога е со мене а вака кога е сам кој знае кога сме заедно ни се има случено заедно да погледнеме во некој/а и да прокоментираме ау види го/ја каков/каква е како паднат/а од Марс Мое мислење е дека не е се рефлексивно, повеќе пати е свесно, може да е во рефлекс онака одиш, поминува згодна девојка и се вртиш, ама да седиш некаде и машкото да се врти наоколу ааа
за било каков проблем дури не покажеш заби факт е дека секој си тера по своето за све има лек,а на тие што не му е незгодно партнерот да му подзјапнува па ок ајс несакам со таков да седам искрено понижење ми е а и нема да ќутам...
анастасијаки Па кога се сами што да правиме девојко неможеме да го контролираме секој момент или да бидеме залепени до нив,ако немат памет што сакаат нека прават ама да не останат со прстот во уста,кога е сам со другари сам е го бидва да се погледни да искоментирааат сваќам такви работи нормално е ама кога си со девојка почитуваја понашајсе како човек па не ми е мило искрено да седам покрај таков веднаш одбивен ми станва а некои кога немаат осет па нека си ги трпат последиците....
Де бре луѓе па ако не погледнува згодна женска ќе се запрашам дали е се’ во ред со него. Мислам не е во ред да зјапа, ама нормално е да разгледа. Што треба, да го закова погледот за својата девојка и да се гледаат до бесвест? Купете му ако не едни Спојлер вакви, и завршена работа.
Има разлика од погледнува чат-пат некоја и постојано зјапање на се женско што ќе помине. Твое е да си го познаеш тоа, сепак си знаеш што мостра имаш покрај себе и многу добро знаеш како било претходно и како е сега во вашата врска. Особено има разлика ако претходно во врската ваша го немале сето тоа и одеднаш дечкото се врти, врат ќе шине да ја избуља секоја девојка што ќе помине. Ако е вака новина во вашава врска си е де сигнал дека нешто не иде во насока во која одело претходно... ко што рече Х-ман, можно е да му станало монотоно и ова му е знак да си потврди дека е тука, жив и буден. Не мора да значи ќе те изневери, не мора да значи те изневерува, ама не значи и дека треба да го угушиш постојано со едни исти муабети. Ако се до сега што си направила не го променило неговото поведение, значи дека стратегијата не ти е добра. Смени ја. Дека дечковците со кои сум била погледнувале, да. Исто ко и јас што сум погледнувала лево-десно. Ама, кога некој почнал да зјапа како невиден на сите страни и кога истото продолжило подолго време... сори али, пре би во тој случај излегла со некој друг. Не ми било ни малку пријатно. Сепак другарка не сум му де. Имам другари за да си зборуваме за сите секси луѓе околу. едит: се си мислам девојката си знае што и како, непотребно да дрдориме се уште за ова. Кажаа неколку девојки совети како тие постапиле нек си проба
душо само се вртиме во круг со муабетот се разбравме дека во ред е со исав да се погледни ама да зјапа понижење е факт е тоа...
Епа женски вака...Веќе 2 месеци се мувам со едно дете ама не го сакам. А не ме сака ни тој мене. И двајцата знаеме дека нема љубов меѓу нас, цело време се караме а и двајцата не сакаме да прекиниме. Стварно ни е убаво кога сме заедно ама сепак нема ништо повеќе...Што да правам? Да ставам крај или...?
Велиш не го сакам не ме сака неможе да ти биде убаво со некој што не го сакаш можеби се залажуваш себеси дека не го сакаш можеби се плашиш да не бидеш повердена ке ти дадам совет од лично искуство јас со мојот сегашен дечко кога се фатив не го сакав ни он мене а сега сме 2 години во врска и неможам да го замислам мојот живот без него што ако баш тоа момче ти е судено ако не ти значи ништо верувај оддамна ке сте прекинале да се мувате.Ова ти е мој совет пиши што ке одлучиш
Јас и он се поврзаме како другари...Школски ми е и секој ден беме заедно и прекрасно ни беше а сега затоа што е од друг град и не го гледам толку често не сме веќе толку блиски ама контактираме секој ден...А сигурна сум дека не го сакам затоа што пред него имав врска од година и пол и а осеќам разликата затоа што претходниот стварно го сакав....
Сум била во ваква ситуација одамна..Сум била со некој со кој постојано сме имале кавги а ни било убаво заедно,сепак.Кај мене,проблемот се реши сам од себе поради тоа што,и покрај сите расправии,имаше убави моменти меѓу нас.Вредеше да се издржи секоја кавга,за на крај да одлучиме што е тоа што сакаме.Еве сега,сме година дена заедно и не можеме еден без друг Мој совет-одлучи што сакаш.Тоа ќе ти помогне ,да сфтаиш дали вреди да се потрудиш да успее работата,или сепак нема да излезе ништо добро од ситуацијава.
Женкариште просто ! Јас со таков не би издржала ни минутка, ако тоа го прави секој пат кога искачате па на што личи тоа???? Тие па од страна што ке си помислат?? Навистина е глупаво чувството кога дечкото ти зјапа по други и тоа толку очигледно што сите го приметуваат тоа боже господе од таков !!!
плавуша па цело време ова ми беше и мене муабетот штета што некои не ме сватија,ние не живееме за луѓето мене тоа јасно ми е ама зошто да му давам причина да ми се смеат заради некој што не ме заслужва а, неможе некој да ми рече дека му е сеедно дечкото или женската кога ќе зјапа во некој па и да не си ставаме све на срце ама сепак тоа е момент и ако не престане или помине ќе има сериозни расправии нормално